⚠️ EARLY BIRD ПОНУДА – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА ⚠️
МАРОКО – ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО ПУСТИНАТА РАСКАЖУВА ПРИКАЗНИ!
Нашата тура е создадена за патници кои сакаат да ги видат најубавите делови на Мароко, да ја почувствуваат локалната култура и да го доживеат најдоброто од историјата, урбаниот дух и традицијата.Ова патување е создадено за луѓе што сакаат да видат повеќе, да почувствуваат подлабоко и да се вратат дома побогати со искуства што остануваат засекогаш.
Првите чекори во Маракеш се како влез во друга димензија – град на традиција, мистичност и архитектура што плени. Секоја улица носи нова приказна, секоја боја нова енергија. Ова е град што пулсира со боја, енергија и традиција, а мирисите на зачини, шарените базари и ориенталната архитектура создаваат атмосфера каква што нема на друго место.
Нашата авантура продолжува кон Казабланка – место кое живее помеѓу океанот и модерниот ритам на Мароко. Овде доживуваме спој на традиција и современост што ја прави Казабланка незаборавна. На пат кон Фес, правиме незаборавна пауза во Рабат, мирната претстолнина на Мароко. Рабат е град полн со историја и елеганција, каде кралските палати и тивките булевари создаваат смирена, но живописна атмосфера.
Фес е сосема нов свет, град што го оживува минатото: древни улици, автентични занаети и богата култура. Медината на Фес е вистински лавиринт на историја и традиција, каде секој чекор ве води низ времето и ја открива вистинската душа на Мароко.
А врвот? Шефшауен Синиот Град, место што изгледа како да е создадено за соништата. Улици обоени во сино, мирна атмосфера и моменти што ќе ги памтиш цел живот. По оваа магична рута се враќаме во Маракеш, совршен крај на авантура што ги спојува традицијата и културата на Мароко.
Ова не е само патување.
Ова е доживување што секој патник треба да го искуси!
Поаѓање од Скопје, кратко преседнување и пристигнување во Маракеш. Се сместуваме во хотел и одмараме од патот.
Нашата авантура во Маракеш започнува со прошетка низ Медината на Маракеш, лавиринт од тесни улици полни со живот и историја, каде локалните мајстори создаваат кожни производи и уникатни ракотворби. Потоа ја посетуваме раскошната палата Bahia Palace, со извонредни мозаични детали, дрвени резби и мирни градини, а потоа се восхитуваме на гробниците Saadi, некропола од 16 век каде секој камен раскажува приказна од минатото. Следува El Badi Palace, некогаш сјаен дворец кој и денес плени со својата величина и историја.
Се восхитуваме на импресивната џамија Koutoubia Mosque, чиј минарет доминира над градскиот хоризонт, а турата завршува на легендарниот Jemaa el-Fnaa, плоштад полн со улични уметници, ароми на зачини и енергија што го прави Маракеш незаборавен. Во Маракеш не се шетате само низ град – го доживувате со сите сетила, чувствувате пулс на традицијата и модерното, и секој чекор ве носи подлабоко во душата на Мароко.
Нашата авантура нè води кон Ouzoud Waterfalls, спектакуларен водопад висок 110 метри, кој се спушта низ зелени маслинови градини и создава магична атмосфера. Каскадите се обвиени во сјајни виножита, а мирот и свежината на природата ве повикуваат да уживате во секој момент. Овој природен бисер нуди совршена комбинација на убавина и спокој, идеален за фотографирање и доживување на вистинската душа на мароканската природа.
Нашата авантура продолжува кон Казабланка – место кое живее помеѓу океанот и модерниот ритам на Мароко. Овде доживуваме спој на традиција и современост што ја прави Казабланка незаборавна. Сместување во хотел и слободно време.
Нашата авантура продолжува во Казабланка, град што живее помеѓу Атлантскиот Океан и модерниот ритам на Мароко. Почнуваме со импресивната џамија на Хасан II, величествена џамија што се издига над океанот, со архитектонски детали што одземаат здив. Турата нè носи и до Square of Mohammed V, историски плоштад со колонијална архитектура, а потоа уживаме низ уличките на локалниот пазар каде може да го почувствуваме пулсот на секојдневниот живот, да ги видиме традиционалните производи и да го доживееме локалниот дух. Враќање во хотел и слободно време.
Се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Фес, градот на историјата! По пат застануваме во Рабат, главниот град на Мароко, каде што следува БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ – Прошетка низ Рабат. Ги посетуваме најубавите знаменитости на овој град Hassan Tower, импресивен минарет и симбол на градот, Mausoleum of Mohammed V, кралска гробница со прекрасна архитектура, правиме прошетка низ медината на Рабат, каде локалните занаетчии создаваат уникатни ракотворби, и се восхитуваме на величествената Royal Palace, официјална резиденција на кралот. По завршување на турата, трансфер до Фес и сместување во хотел.
Денот ни започнува со истражување на уште еден магичен град – Фес е сосема нов свет, град што го оживува минатото: древни улици, автентични занаети и богата култура. Медината на Фес е вистински лавиринт на историја и традиција, каде секој чекор ве води низ времето и ја открива вистинската душа на Мароко.
Нашата авантура продолжува кон Шефшауен, магичен град сместен во планините Риф. Познат како „Синиот град“, неговите улички се обоени во нијанси на сина и бела боја, создавајќи атмосфера како од соништата. Правиме прошетка низ тесните улички, помеѓу локалните продавници и мирисите на свежи зачини – тура која ве носи низ вистинскиот дух на традиционален Мароко. Шефшауен плени со својата тивка убавина, мирни плоштади и панорамски погледи кон околните планини, нудејќи совршен спој на култура, природа и релаксација. Шефшауен е магија што се доживува, не се раскажува. Сместување во хотел и слободно време.
Се одјавуваме од нашиот хотел и се упатуваме кон Маракеш. Се сместуваме во хотел во Маракеш и се поздравуваме со оваа прекрасна дестинација. Слободно време за купување на сувенири, уживање во кафе и прошетка низ Маракеш.
Поаѓаме од Маракеш и пристигнуваме во Скопје.
Пакетот факултативни излети го препорачуваме на сите патници кои сакаат максимално да ја истражат оваа дестинација. Се што треба да видите од Мароко на едно место. Прошетајте низ шарените улички на градот Фес, истражи го динамичниот Маракеш, направи ги најдобрите фотки во Шефшауен, посети ги водопадите Ouzoud и уживај во Казабланка!
Што е вклучено:
Нашата авантура во Маракеш започнува со прошетка низ Медината на Маракеш, лавиринт од тесни улици полни со живот и историја, каде локалните мајстори создаваат кожни производи и уникатни ракотворби. Потоа ја посетуваме раскошната палата Bahia Palace, со извонредни мозаични детали, дрвени резби и мирни градини, а потоа се восхитуваме на гробниците Saadi, некропола од 16 век каде секој камен раскажува приказна од минатото. Следува El Badi Palace, некогаш сјаен дворец кој и денес плени со својата величина и историја.
Се восхитуваме на импресивната џамија Koutoubia Mosque, чиј минарет доминира над градскиот хоризонт, а турата завршува на легендарниот Jemaa el-Fnaa, плоштад полн со улични уметници, ароми на зачини и енергија што го прави Маракеш незаборавен.
Во Маракеш не се шетате само низ град – го доживувате со сите сетила, чувствувате пулс на традицијата и модерното, и секој чекор ве носи подлабоко во душата на Мароко.
Нашата авантура продолжува во Казабланка, град што живее помеѓу Атлантскиот Океан и модерниот ритам на Мароко. Почнуваме со импресивната џамија на Хасан II, величествена џамија што се издига над океанот, со архитектонски детали што одземаат здив. Турата нè носи и до Square of Mohammed V, историски плоштад со колонијална архитектура, а потоа уживаме низ уличките на локалниот пазар каде може да го почувствуваме пулсот на секојдневниот живот, да ги видиме традиционалните производи и да го доживееме локалниот дух. Враќање во хотел и слободно време.
Денот ни започнува со истражување на уште еден магичен град – Фес е сосема нов свет, град што го оживува минатото: древни улици, автентични занаети и богата култура. Медината на Фес е вистински лавиринт на историја и традиција, каде секој чекор ве води низ времето и ја открива вистинската душа на Мароко.
Нашата авантура продолжува кон Шефшауен, магичен град сместен во планините Риф. Познат како „Синиот град“, неговите улички се обоени во нијанси на сина и бела боја, создавајќи атмосфера како од соништата. Правиме прошетка низ тесните улички, помеѓу локалните продавници и мирисите на свежи зачини – тура која ве носи низ вистинскиот дух на традиционален Мароко. Шефшауен плени со својата тивка убавина, мирни плоштади и панорамски погледи кон околните планини, нудејќи совршен спој на култура, природа и релаксација. Шефшауен е магија што се доживува, не се раскажува. Сместување во хотел и слободно време.
Нашата авантура нè води кон Ouzoud Waterfalls, спектакуларен водопад висок 110 метри, кој се спушта низ зелени маслинови градини и создава магична атмосфера. Каскадите се обвиени во сјајни виножита, а мирот и свежината на природата ве повикуваат да уживате во секој момент. Овој природен бисер нуди совршена комбинација на убавина и спокој, идеален за фотографирање и доживување на вистинската душа на мароканската природа.
ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОТРЕБНА Е ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО МАРОКО! Нашата агенција има посредувачка улога во процесот на визирање, по резервација ќе бидете известени за процесот на визирање. За резрвација е потребна уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 299 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Оваа тура е наменета за сите патници, без разлика на возраста. Во текот на турата нема дополнителна физичка активност или многу пешачење.