СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
Мадеира – „Бисерот на Атлантикот“, е тропски рај што наликува на Хаваи – остров на драматични карпи, егзотични растенија и вкусни локални банани. Островот на вечна пролет кој може да се посети во било кој период од годината, а во Мај ќе ве освои со фестивалската енергија на Фестивалот на Цвеќињата – глетка која што не се опишува со зборови! Тука ќе најдете тропски градини полни со боја, водопади скриени меѓу зеленилото, тропски црни плажи, неверојатни патеки низ природата и магични погледи кон океанот. Со живописна култура, перфектна температура и автентична атмосфера, Мадеира ќе ви го разубави секој ден уште пред да слетате! Доколку сакате тропски одмор кој ќе ве воодушеви и ќе го паметите цел живот, ова патување е за вас!
Со Роам Ароунд МК на најубавиот остров на Атлантикот – посета на буквално секое ќоше од островот! Заедно ги посетуваме најубавите тропски градини, видиковци, црни плажи, планински врвови, природни базени.. Се запознаваме со локалната култура, дегустираме од најубавото вино на светот и секако – традиционалната понча! Деновите ни се исполнети со многу дружење, максимално уживање и полнење батерии.
А потоа, заминуваме во Порто, еден од најромантичните и најавтентични градови во светот. Градот нежно се протега покрај реката Дуро, со шарени куќи кои се спуштаат кон водата, тесни улички и погледи што изгледаат како од разгледница. Атмосферата е тивка, топла и автентична – совршена за прошетки на зајдисонце или уживање со чаша португалско вино. Порто е град што се доживува со срце, а не само со очи.
Нашата авантура започнува со поаѓање од аеродромот во Скопје. Преседнување во Цирих и лет до Мадеира.
Пристигнуваме на Мадеира во утринските часови, со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот преубав хотел и се сместуваме. Денот го поминуваме на плажа или на базен и уживаме во тропската клима.
Денот ни започнува со пешачка прошетка низ главниот град на Мадеира – Фунчал. Се шетаме низ шарените улички и уживаме во магичниот поглед кон океанот. Го посетуваме центарот на градот, најшарениот пазар со тропско овошје и се движиме кон стариот дел на градот. Нашата следна точка – возење со најпознатата жичара на Мадеира! Авантуристичко искуство од 20 минути што нè носи над зелените ритчиња до една од највпечатливите тропски градини на островот. Уживаме во највпечатливата тропска градина на Мадеира – Monte Palace, опкружени со егзотична природа и ретки растенија што ќе ви ги разбудат сите сетила. А потоа, како совршен завршеток – дегустација на прочуеното мадеиранско вино. Искуство што се памети!По завршување на факултативниот излет, следува слободно време во Фунчал – идеална можност за вкусен ручек, кафе со поглед или индивидуална прошетка низ градот.
Третиот ден е резервиран за нови авантури, односно го посетуваме цел западен дел на Мадеира. Денот започнува со посета на еден од најпознатите барови за понча на цел остров каде што заедно ќе научиме како се прави традиционалниот пијалок и ќе дегустираме. Следна точка се природните вулкански базени во Porto Moniz, каде што ќе имаме пауза од неколку часа за ручек, пливање и релаксација. Ја посетуваме најпознатата црна плажа на Мадеира – Seixal Beach. Потоа се упатуваме кон волшебната шума Fanal – заштитена од UNESCO и позната по своите искривени дрвја и мистична магла. Сместена на 1300 метри надморска височина, оваа шума изгледа како сцена од филм и нуди незаборавно доживување во срцето на природата.
Враќање во хотел и слободно време за одмор.
Четвртиот ден е резервиран за нови авантури, односно го посетуваме цел западен дел на Мадеира. Денот започнува со посета на малото рибарско селце Camara de Lobos, омиленото место на познатиот Черчил. Ја посетуваме најпрестижната винарија на Мадеира каде што ќе имаме прилика да дегустираме од најубавото Мадеирско вино. Потоа се упатуваме кон највисокиот sea cliff (морска карпа) во Европа – Cabo Girão, каде што ќе уживаме во магичните погледи кон океанот. Следно уживаме на најубавата портокалова плажа во Calheta! Правиме подолга пауза од неколку часа за ручек, плажирање, пливање во океан и дружење.
За крај, го посетуваме водопадот Cascata dos Anjos кој паѓа директно на патот. Правиме незаборавни фотки и потоа се враќаме во хотел.
Петтиот ден е резервиран за најубавите планински врвови, природа и видиковци!Утрото го започнуваме со возење до еден од највисоките врвови на Мадеира – Pico do Arieiro (1800м), каде ќе уживаме во спектакуларни панорамски погледи, ќе прошетаме по планинските патеки и ќе го испиеме кафето со најубавата глетка што можете да си ја замислите. Ја посетуваме последната фабрика за рум од шеќерна репка во Европа, дегустираме од румот и уживаме на спектакуларна сурферска плажа. Потоа го посетуваме малото гратче Сантана, кое ќе ве освои со своите шарени куќички и неповторливи, шармантни глетки. Правиме подолга пауза за ручек. Следно посетуваме два неверојатни видиковци, со поглед кој изгледа како да е од филм – Miradouro do Guindaste и Ponta do Rosto São Lourenço.За крај, денот го завршуваме со плажирање на портокаловата плажа во Machico, која има прекрасни пејзажи кои наликуваат како да се наоѓате на Хаваи. Враќање во хотел.
Доручкуваме и се одјавуваме од нашиот хотел на Мадеира. Се упатуваме кон аеродромот кој е еден од најубавите аеродроми на светот, уживаме во погледот и се поздравуваме со овој остров кој со причина го нарекуваат Хаваите на Атлантикот. Со директен лет, пристигнуваме во Порто, се сместуваме во нашиот хотел во центарот на градот и уживаме. Имаме слободно време за истражување на Порто и пробување на познатото Порто Вино!
Заедно ќе прошетаме низ шармантните улички на Порто, ќе уживаме во атмосферата на Praça da Ribeira покрај реката Дуро, ќе се восхитуваме на São Bento – една од најубавите железнички станици во светот, и ќе се искачиме на Torre dos Clérigos за неверојатен поглед над градот. Погледи, фотографии и незаборавни моменти.
Поаѓање од Порто кон Скопје. Со преседнување во Франкфурт, пристигнуваме во Скопје во попладневните часови. Крај на патувањето.
| Поаѓање | Враќање | Денови | Место | Цена |
|---|---|---|---|---|
| 18.05 | 26.06 | 9 | Слободно | 1199 € |
Ви препорачуваме да го изберете пакетот факултативни излети, со кој ќе го откриете буквално секое ќоше на Мадеира. Секој дел од островот носи своја уникатна приказна, различна природа, плажи и култура. Пакетот е внимателно креиран за да ви понуди совршен баланс меѓу релакс на плажа, уживање во природа и возбудливи авантури. Секој ден ве очекува ново доживување – заедно го истражуваме целиот остров! По пристигнување во Порто, имаме прошетка низ градот и уживање низ најпознатите улички.
Корисни информации за турата
Се сместуваме на Мадеира, на само неколку километри од главниот град Фунчал. Хотелот има 3 сопствени базени, поглед на океанот, ресторан и целиот комплекс изгледа како да се наоѓате во една голема тропска градина! Хотелот е со вклучен појадок. Локацијата на овој хотел е на едно од најубавите места на Мадеира – предел со најубавите видиковци, во непосредна близина на еден од најпознатите видиковци, каде што имате шанса да го гледате најубавото изгрејсонце/зајдисонце и да се возите со жичара до плажа!
*Фотографиите служат само како пример за сместување.
Сумата за резервација на место е 300 евра / по лице. Остатокот од сумата можете да го доплатите најдоцна 15 дена пред поаѓање, како вас ви одговара. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете сместени во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 350 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг/a соло патник/патничка, по случаен избор од групата. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Патничко Осигурување не е вклучено во цената. Турата е наменета за сите возрасти и е погодна за деца.
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!