СПРЕМНИ ЗА ПРОЛЕТ ВО ЗЕМЈАТА НА ОГНОТ И МРАЗОТ?

ПАТУВАЊЕТО КОЕ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИШ ЦЕЛ ЖИВОТ!

Авантура со кампер возила

Сте сонувале за хотел со милион ѕвезди? Роам Ароунд МК нуди хотел со аурори на небото!

35+ излети вклучени во цената

ЕДИНСТВЕНА ПОНУДА НА ЦЕЛ БАЛКАН!

ПАТУВАЈ СО ВИСТИНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ИСЛАНД!

Нашите водичи имаат водено повеќе од 100 тури на Исланд и тоа не прави најискусна агенција за Исланд во Македонија!

Поаѓање

09.04.2026

Враќање:

17.04.2026

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

1499.00 EUR

1249 EUR

EARLY BIRD ПРОМОЦИЈА – ЛИМИТИРАНИ МЕСТА ПО ОВАА ЦЕНА!

ИСЛАНД АВАНТУРА – ТУРАТА ШТО ГО МЕНУВА ЖИВОТОТ

Замисли го ова: 9 дена низ најубавата природа на планетата. Земја каде огнот и мразот се среќаваат, а секоја вечер на небото се разиграни магичните Аурора Бореалис.

Патуваме 2400 километри низ целиот остров, со камперска колона го посетуваме секое ќоше на островот – возиме низ магични пејсажи, вулкански кратери, црни плажи, водопади, глечери, кањони и уживаме во едни од најубавите термални бањи во светот!

Спиеш под ѕвездено небо, во најудобни кампери опремени за вистински авантуристи.
Секој ден – нова авантура, секоја вечер – нова приказна.
Ова не е само патување – ова е приказна што ќе ја раскажуваш и памтиш цел живот.

Ако отсекогаш си сонувал да го почувствуваш крајот на светот – ова е твојот момент.
Пријави се. Стани дел од нешто што ќе го раскажуваш цел живот!

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје и пристигнување во Исланд

Поаѓање од Скопје , преседнување во Виена и лет до Исланд.
Сместување во камп во Рејкјавик.

Ден 2: Посета на Golden Circle

Вториот ден од нашата авантура започнува со посета на најпознатиот Golden Circle – уживаме во Националниот Парк Тингвелир, се восхитуваме на уникатниот гејзер и термалните полиња, уживаме покрај водопадот Гулфос, посетуваме импресивен вулкански кратер и правиме прошетка низ градчето Селфос. Сместување во камп.

Ден 3: Јужен Брег

Третиот ден е резервиран за најубавиот дел од Исланд – Јужниот Брег! Се движиме по магичниот Ring Road, следејќи го јужниот брег каде океанот и драматичните пејсажи се преплетуваат во неверојатна симфонија. Ги посетуваме најубавите водопади, црните вулкански плажи, магичните глечери, возиме покрај лава полиња и го истражуваме најјужното градче – Вик. Го посетуваме Националниот Парк Skaftafell, каде што се наоѓаат најголемите глечери и се сместуваме во камп.

* Посета на Паднатиот Авион (факултативен излет)

Ден 4: Езерото на Глечерите и Diamond Beach

Четвртиот ден ни е со пократка програма и е наменет за одмор и релаксирање. Го посетуваме најимпресивното Езеро на Глечерите (Jökulsárlón), кое дефинитивно ќе ве остави без здив. Секако дека ќе ја посетиме и црната плажа на дијамантите (Diamond Beach), по што се упатуваме до градчето Хофн, каде што се сместуваме во камп и имаме слободно време за одмор остатокот од денот. Секако дека ќе се собереме за пиво и дружба!! 🙂

Ден 5: Источен Брег

Петтиот ден го посетуваме пределот каде што се наоѓа најпознатата планина Vestrahorn – место кое плени со својата природна убавина и магични пејсажи. Во овој предел се наоѓа и рефлексивната плажа Stokksness на која ќе ги имате најубавите фотки! Го посетуваме Викиншкото Село, каде што се снимени некои од вашите омилени серии – Game of Thrones, The Witcher, Vikings… Правиме кратка пауза за да пробаме од најубавите Исландски вафли, а потоа продолжуваме кон источниот град Егилштадир. Сместување во камп.

* Посета на Викиншкото Село (факултативен излет)
* Посета на рефлексивната плажа Stokksness (факултативен излет)
* Посета на Планината Vestrahorn (факултативен излет)

Ден 6: Исландски Highlands и Фјордови

Шестиот ден нашата авантура продолжува низ Исландските Високорамнини (Highlands), каде што драматичните карпи и вулкански терени креираат магични пејсажи, а фјордовите дефинитивно ќе ве остават без зборови. Возиме низ мали рибарски селца, драматични фјордови и погледи кон океанот. Овој предел буквално изгледа како да се наоѓате во филм! Следно на нашата рута ги посетуваме термалните полиња во Myvatn, а потоа секако дека ќе уживаме во млечно сината боја на термалната бања која го носи истото име. Го посетуваме најмоќниот водопад во Европа – Detifoss и магичниот водопад Godafoss. За крај возиме кон ‘главниот град на сверот’ – Акурејри каде што се сместуваме во камп. После краток одмор сите заедно одиме на дегустација на викиншко пиво 😉

* Посета нa Термалната Бања Myvatan (факултативен излет)

Ден 7: Северен Исланд

Седмиот ден е наменет за истражување на градот Акурејри, купување на сувенири и подготовка за поаѓање назад кон главниот град Рејкјавик. По пат правиме пауза во малото градче Боргарнес, каде што ќе го гледаме заливот на Атлантскиот Океан, потоа возиме низ најпознатиот мост – Sword Bridge кој од далеку изгледа на голема сабја. Пристигнување во Рејкјавик, сместување во камп и слободно време за прошетка/одмор.

Ден 8: Рејкјавик / Најсеверниот главен град во Светот!

Осмиот ден е воедно и последниот ден од нашата авантура. Се одјавуваме од камп и правиме прошетка низ главниот град Рејкјавик заедно со нашите водичи. Потоа имаме слободно време за купување на сувенири, уживање во Исландско кафе и најубавите cinnamon rolls покрај океан.. Најголемите авантуристи ќе имаат шанса последниот ден да уживаат на егзотична тура со хеликоптер, на која ќе имаат шанса да видат како изгледаат драматичните пејсажи на Исланд од птичја перспектива!

За крај се упатуваме кон најпознатата термална бања Blue Lagoon, каде што ќе имаме време да уживаме во топлата млечно сина вода, да ги испробаме маските за лице направени од природната билка silica (која што ја прави сината боја на водата) и да се релаксираме во целиот комплекс на лагуната.

*Посета на градот Рејкјавик (факултативен излет)
* Тура со Хеликоптер (факултативен излет)
* Посета на термална бања Blue Lagoon (факултативен излет)

Ден 9: Поаѓање од Исланд и пристигнување во Скопје

Деветтиот ден – Поаѓаме од Исланд во 00:10ч. , преседнување во Виена и пристигнување во Скопје во текот на претпладневните часеви.

Следни поаѓања

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје-Виена-Исланд и назад со вклучен 23кг чекиран багаж и 8КГ рачен багаж
  • Трансфер од Аеродром до база (каде што ги подигнуваме камперите) и обратно
  • Kaмпер Возило со целосна опрема (Fiat Doblo Maxi 2024)
  • Премиум Осигурување за кампер возилото
  • 35+ излети вклучени во цената
  • Влезници со вклучена ел. енергија за сите кампови
  • Претставник на дестинација

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (тие што на програмата се означени со ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ)
  • Паркинг на одредени места (вкупно од 30-40евра)
  • Тунелски трошоци (19 евра по кампер)
  • Гориво за кампер возилото (околу 130 евра по лице)
  • Храна и Пијалоци
  • Патничко Осигурување
  • Доплата доколку патувате соло во кампер (400 евра)
    БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Факултативни излети

ТЕРМАЛНА БАЊА - BLUE LAGOON

Цена: 149 евра

Blue Lagoon е најуникатната термална бања во светот! 

Директно од срцето на Исланд, природна термална вода која е позната по својата млечно сина вода! Посетата на оваа бања е дефинитивно искуство кое не смеете да го пропуштите додека сте во Исланд. Уживајте во топлите, минерални води додека пред вас се простираат магичните полиња од лава.

Комплексот на лагуната располага со најсовремено модерно опремени тушеви, тоалети, соблекувални, 3 неверојатни ресторани кои служат исландска храна, 3 кафичи каде што може да уживате во кафе додека имате поглед кон сината лагуна и секако продавница за сувенири и производи за нега на кожа, лице и тело од брендот на Blue Lagoon.

*дефинитивно го издвојуваме LAVA Ресторанот како најуникатен – ситуиран во стара вулканска пештера!

*Во склоп на факултативниот излет е вклучена влезница за бањата, пешкир, 1 пијалок по избор и 1 маска за лице по избор.

ПАДНАТИОТ АВИОН - SÓLHEIMASANDUR

Цена: 50 евра

Сигурно си го видел авионот на едни од најпознатите музички видеа во светот!

Во 1973 година американскиот US NAVY DC-3 авион снемал гориво и паднал на јужниот брег на Исланд. Сите патници на авионот се преживеани, а откако се срушил, станал туристичка атракција поради својот изглед на црните вулкански полиња во Исланд.

Познати артисти како Justin Bieber и MEDUZA имаат снимено музички видеа токму на ова место, со што тоа станува уште поголема туристичка атракција.

ВИКИНШКО СЕЛО + VESTRAHORN + STOKKSNESS

Цена: 35 евра

Три факултативни излети во едно!
Го посетуваме импресивното Викиншко Село кое што се наоѓа во падините на најубавата планина во Исланд – Вестрахорн и во близина на рефлексивната плажа Stokksness.

Викиншкото село e изградено за филмски потреби и оваа локација е користена за снимање на вашите омилени викиншки серии и филмови – Game of Thrones, Vikings, The Witcher, The Northman..

Овој идиличен предел на Исланд дефинитивно ќе ве импресионира, а после прошетката и убавите фотки – ве носиме да ја пробате најдобрата Исландска вафла! 🙂

ТУРА СО ХЕЛИКОПТЕР

Цена: 499 евра

Само за најголемите авантуристи!

Хеликоптерските тури секогаш се едни од најимпресивните искуства во животот. Доколку сакате вистински да го почуствувате адреналинот и да ги видите убавините на Исланд од една поразлична перспектива тогаш овој факултативен излет дефинитивно е најинтересниот начин за тоа како да си го пополните времето во Рејкјавик.

Доколку во моментот на турата има активен вулкан, тогаш ја имате најлудата прилика во животот – да се возите со хеликоптер над вулкан кој еруптира!!

ТЕРМАЛНА БАЊА MYVATN

Цена: 90 евра

Уникатни термални бањи со најубавиот поглед!
Слични на Blue Lagoon, но со многу поинтимна атмосфера – овие геотермални бањи се скриени бисери на северот на Исланд, совршени за мир, природа и автентично искуство далеку од гужвите. Голем број од туристите никогаш не стигнуваат до овој дел на Исланд, па затоа оваа бања е и голем ‘hidden gem’ кој дефинитивно мора да го посетиме! 🙂

ГЛЕДАЊЕ НА КИТОВИ - WHALE WATCHING

Цена: 159 евра

Незаборавно искуство на вода!

Имате шанса за луда авантура – Whale Watching или Гледање на Китови од Рејкјавик!Излет наменет за вистински авантуристи – 3 часа поминати на мал брод, ловејќи китови низ фјордовите на Северниот Атлантски Океан. Шансата да видите китови е голема, а доколку сте вистински среќници – ќе имате шанса да видите и делфини.

REYKJAVIK CITY TOUR - ПРОШЕТКА НИЗ РЕЈКЈАВИК

40 евра

Прошетка низ најуникатниот град во светот!

Рејкјавик е еден од најуникатните градови на светот. Препознатлив по шарените куќички, шармантните улички обоени во сите бои на виножитото и мирисот на познатите cinnamon rolls кој може да го помирисате од било кое ќоше на градот!

Заедно со нашите водичи правиме прошетка низ главниот град, се движиме низ шарените улички во центарот и обалата на океанот – ја посетуваме уникатната црква Hallgrimskirkja, познатата концертна хала Harpa и правиме пауза за ручек за да дегустираме од најпознатата ‘soup in a bowl’, односно исландска супа во леб.

Ова е излет кој не смеете да го пропуштите!

Корисни информации

Сместување

Се сместуваме во хотел со милион ѕвезди и аурори на небото! Кампер возилото ќе биде вашата куќичка на тркала во текот на целото патување (Fiat Doblo Maxi 2024).

Камперот е опремен со се што ви е потребно – простор за спиење, перници, вреќи, прибор за готвење, масички и столици на расклопување, мини фрижидер, простор за складирање на куфери, систем за греење…

*Кампер возилото дадено во понудата е наменето за двајца патници, а на барање достапни се и поголеми возила со капацитет за повеќе патници.

Важнa напоменa

За резервација се прави уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите најдоцна 15 дена пред поаѓање на турата. Доколку патувате сами и сакате да бидете сами во кампер, следува доплата. Доколку сте соло патник имате опција да делите кампер со друг соло патник, со што не би имале никаква дополнителна доплата. Доколку патувате со друг соло патник со кој би делеле кампер Роам Ароунд МК не одговара за потешкотии во текот на патувањето. За повеќе информации исконтактирајте не. За државјани на Македонија, не е потребна виза за Исланд. Камперите дадени во понудата се наменети за две лица, а кампер возилото го вози еден од вас. Потребна ви е обична возачка дозвола од Б категорија. Достапни се и поголеми кампери за две лица или поголеми кампери наменети за повеќе лица за кои следува доплата, исконтактирајте не за повеќе информации.

Авантура со кампер возила

Сте сонувале за хотел со милион ѕвезди? Роам Ароунд МК нуди хотел со аурори на небото!

35+ излети вклучени во цената

ЕДИНСТВЕНА ПОНУДА НА ЦЕЛ БАЛКАН!

ПАТУВАЈ СО ВИСТИНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ИСЛАНД!

Нашите водичи имаат водено повеќе од 100 тури на Исланд и тоа не прави најискусна агенција за Исланд во Македонија!