ЕДИНСТВЕНО ПАТУВАЊЕ НА КОЕ МОЖЕШ ДА ЗАЧЕКОРИШ ВО СЕВЕРНА КОРЕА!

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА – САМО СО РОАМ АРОУНД МК

Поаѓање

07.03.2026

Враќање:

16.03.2026

Број на денови:

10

Цена од

Сега од

1899.00 EUR

1499 EUR

EARLY BIRD ПРОМОЦИЈА – ЛИМИТИРАНИ МЕСТА ПО ОВАА ЦЕНА!

Спремен за патување кое нема да го заборавиш? Добредојде во Јужна Кореа! 🌸 Овој март, ќе имаш шанса да ги видиш раните цветови на cherry blossom, кога градот се претвора во бајка од розеви и бели нијанси.

Овој 8-ми март патувај со нас во земјата од иднината, каде ќе ја почувствуваш посебната магија на Јужна Кореа и ќе доживееш нешто навистина посебно – 10 дена низ земјата на контрасти и хармонија, каде секое ќоше изгледа како вистинска магија. Пролет е едно од најубавите временски периоди за посета на Јужна Кореа – ве очекува магично доживување низ улиците со расцутани дрва, пролетна топлина и уникатни локални традиции.

Замисли ги модерните светла на Сеул, древни храмови, зелени шуми, романтични острови, и вкусна улична храна што ќе го разбуди секое сетило. Јужна Кореа не е само дестинација тоа е искуство, магија и возбуда што ќе те остави без здив.

Со Roam Around секое патување е доживување, посветено на запознавање на локалната култура – ќе ја откриеш земјата како вистински локалец, а не како обичен турист!

Програма

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

Поаѓаме од аеродромот во Скопје. Преседнување во Истанбул и лет до Сеул. Летаме со Turkish Airlines.

Ден 2: Пристигнување во Сеул

Во попладневните часови пристигнуваме во Сеул. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел. Слободно време за одмор.

Ден 3: Факултативен Излет - Прошетка низ Сеул

Замисли го тоа чувство — да шеташ низ Сеул, град што пулсира со енергија и шарм. Почни ја авантурата во кралската палата Gyeongbokgung и нурни во историјата во Folk Museum. Во храмот Jogyesa ќе го почувствуваш спокојот меѓу мирисот на темјан и звуците на градот, а потоа запознај ја тајната на прочуениот корејски женшен во Ginseng Center. Инсадонг (Insadong) ќе те маѓепса со своите уметнички улички и традиционални чајни куќи, додека селото Hanok ќе те врати во старата Кореа. Ја посетуваме и познатата N Tower во Сеул.

Ден 4: Слободен Ден

Веќе го знаеш Сеул – сега време е да одмориш или повторно да ги истражуваш шармантните улички на овој град. Ден посветен за пиење на кафе, топол чај и уживање низ магичниот Сеул.

Ден 5: Факултативен Излет - Посета на DMZ - Границата со Северна Кореа

Подготви се за авантура што ќе ја раскажуваш со години! Патување до границата каде историјата дише на секој чекор. Со Roam Around MK единствено имаш шанса да ја видиш Северна Кореа, барем од далеку! 🇰🇵 Посетата на DMZ (Demilitarized Zone) е вистинско патување низ времето и реалноста  место каде Југот и Северот се гледаат лице в лице, а тишината зборува погласно од зборови. Ќе прошеташ низ тајните тунели под земја, ќе погледнеш кон другата страна од набљудувачката точка, и ќе ја почувствуваш историјата што сè уште се пишува. А потоа, време е за нова доза адреналин — прошетка по Suspension Bridge, високо над долините и шумите на северот од Сеул.

Ден 6: Факултативен Излет - Посета на ноќни пазари - Night Markets

Подготви се за ноќ кога Сеул блеска во полн сјај!  Заедно ќе го почувствуваме вистинскиот пулс на градот низ неговите најпознати ноќни пазари и улици полни со живот. Започнуваме со пазарот Dongdaemun, каде светлата никогаш не се гасат и секој штанд крие нешто интересно – од мода до вкусни улични закуски. Продолжуваме кон легендарниот Gwangjang Market, каде мирисот на tteokbokki, bindaetteok и свежо подготвена улична храна те повикува да пробаш сè 🍜. А потоа, шетаме по енергичната улица Myeongdong, центарот на младиот дух на Сеул полна со музика, неонски светла и безброј продавници. Ова не е само ноќен шопинг, туку вистинска сензуална авантура што ќе те натера да се заљубиш во Сеул повторно и повторно.

Ден 7: Факултативен Излет - Посета на Островот Нами, Petit France и градината на утринскиот мир

Подготви се за ден исполнет со бајковски пејзажи и магија од природата и уметноста! Со најкул екипата на светот, ќе започнеме со Nami Island, остров што изгледа како од соништата – идеален за шетање низ сенките на дрвјата, романтични шуми  и слики што ќе ти останат засекогаш. Потоа, нурни во шармот на Petit France, малото француско село во срцето на Кореа, полно со бои, уметност и приказни што оживуваат насекаде. Денот го завршуваме во Garden of Morning Calm, оаза на мир и хармонија, каде секоја цветна долина и скриен агол изгледа како вистинска бајка. Ова е ден за уживање, фотографирање и апсолутно ‘губење’ во магијата на Кореа со најкул екипата на светот! ✨

Ден 8: Слободен Ден

Слободен ден за уживање, купување на сувенири и впивање на цветниот мирис низ уличките на Сеул. Кафе во најуникатната библиотека? Или бараме вкусна улична храна низ неонските улици на Сеул? Изборот е бесконечен!

Ден 9: Одјава од Хотел - Поздравување со Јужна Кореа

Наутро правиме check-out од нашиот хотел, а пред нас буквално го имаме цел ден слободен. Купуваме сувенири и се поздравуваме со Јужна Кореа. Околу 21:00 часот со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот.

Ден 10: Поаѓање и пристигнување во Скопје

Полетуваме во 00:10, а во Скопје пристигнуваме во 08:55. Лет од Сеул до Истанбул. Преседнување во Истанбул и лет до Скопје со Тurkish Airlines.

Следни поаѓања

Што е вклучено во цената?

 

    • Авионски Карти на релација Скопје-Истанбул-Сеул и назад
    • Вклучен 23кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж / по лице
    • Трансфер од аеродром во Сеул до хотел
    • Трансфер од хотел во Сеул до аеродром
    • Хотел во центарот на Сеул со вклучен појадок
    • Водич што ја знае Јужна Кореа на памет
    • Лиценциран претставник на дестинација од нашата агенција

Што не вклучено во цената?

 

    • Патничко Осигурување
    • ВИЗА ЗА ЈУЖНА КОРЕА
    • Факултативни Излети
    • 24 евра / лице Хотелска Такса
    • Доплата за еднокреветна соба доколку сте соло патник ( 250 евра )
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Факултативни излети

Пакет Факултативни Излети - СЕ ШТО ТРЕБА ДА ВИДИШ ВО ЈУЖНА КОРЕА

Цена: 349 евра / по лице

Истражи ги најубавите делови од Јужна Кореа заедно со нас! Пакетот на излети е креиран за да ја искусите оваа земја на вистински начин, без да пропуштите ништо.

Пакетот вклучува:

  1. Прошетка низ Сеул
  2. DMZ – Посета на границата со Северна Кореа
  3. Посета на Ноќни Пазари
  4. Посета на Нами Островот, Petit France и градината на утринскиот мир

Корисни информации

Сместување

ХОТЕЛ ВО СЕУЛ

Хотел во Сеул со 3 ѕвезди по локална категоризација. Сместувањето е базирано на услуга ноќевање со појадок во двокреветна соба. Сликите подолу служат за пример хотел.

Важнa напоменa

За резервација се прави уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите најдоцна 15 дена пред поаѓање на турата. Доколку патувате сами и сакате да бидете сами во соба, следува доплата за еднокреветна соба. Доколку сте соло патник имате опција да делите соба со друг соло патник, со што не би имале никаква дополнителна доплата. Доколку патувате со друг соло патник со кој би делеле соба Роам Ароунд МК не одговара за потешкотии во текот на патувањето. ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОТРЕБНА Е ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО ЈУЖНА КОРЕА! Нашата агенција има посредувачка улога во процесот на вадење виза доколку не сакате или не можете да извадите сами. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. За повеќе информации исконтактирајте не.