ЛУКСУЗ КОЈ НЕ СЕ ОПИШУВА - МАЛДИВИ ПОКАЖАНИ ВО НАЈДОБРО СВЕТЛО - ПРИВАТЕН ОСТРОВ САМО ЗА ТЕБЕ!

ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА САМО СО РОАМ АРОУНД МК! Приватен остров наменет за максимално да уживаш! Далеку од гужва, бучава и стрес. Луксуз кој не се опишува со зборови!

Поаѓање

05.07.2026

Враќање:

13.07.2026

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

2299 EUR

1899 EUR

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ НИКАКВИ ТРОШОЦИ!

Малдиви – луксузен All Inclusive одмор на приватен остров, резорт кој ќе ти го земе здивот!

Доживејте вистинска луксузна уживанција на Малдивите – дестинација каде времето застанува, а секој ден е посветен на релаксација, комфор и задоволство. Престојуваме во еден од најпознатите островски ресорти и го уживаме луксузот на одморот на Малдиви!

Ресортот се наоѓа на приватен остров со бели песочни плажи и тиркизно море, а ние уживаме во неограничена храна и алкохолни пијалоци, внимателно подготвени оброци, барови покрај плажа и опуштена, елегантна атмосфера.

Овој резорт нуди совршени услови за одмор без грижи – лежалки на плажа, снорклинг на корални гребени и моменти на целосен мир со поглед кон Индискиот Океан.

Бараш вистински луксуз каде немора да се замараш за ништо освен за каква пијачка ќе си нарачаш?

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје

По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул. Потоа по кратко преседнување летаме од Истанбул до Мале, главниот град на Малдивите! Летаме со Turkish Airlines.

Ден 2: Пристигнување на Малдиви

Пристигнуваме на Малдиви околу 14:35ч. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот ПРИВАТЕН ОСТРОВ и се сместуваме во резорт. Денешниот ден е за релаксација, плажирање и впивање на островската енергија!

 

Ден 3: Слободен Ден

Слободен ден за одмор.

Ден 4: Island Hopping - Посета на неколку острови (факултативен излет)

Малдиви се состојат од 1192 острови. Овој ден ќе ги посетиме магичните острови Maafushi и Gulhi. Цел ден ќе уживаме на бели песочни плажи кои буквално ќе ви го земат здивот. Ќе нуркаме во тиркизниот океан и ќе направиме мемории на кои ќе се сеќаваме цел живот!

Ден 5: Пливање со ајкули,делфини,ражи + Посета на песочен насип (факултативен излет)

Каде ако не на Малдиви? Лебдиме во океанот полн со ајкули, ражи, желки и делфини – вистинско уникатно доживување!! Ова необично искуство е MUST TRY за на Малдиви. Плус ќе имате многу кул фотки и ви ветуваме дека ќе си поминете најинтересно! Посетуваме песочен насип на кој ќе плажираме и ќе си правиме најдобри фотки.

ВКЛУЧЕН РУЧЕК ВО ЦЕНАТА!

Ден 6: Слободен Ден

Слободен Ден за одмор

Ден 7: Слободен ден + Бесплатен излет

Слободен Ден

 

Ден 8: Check Out од Хотел и одмарање на плажа!

Се одјавуваме од Хотел и денот го поминуваме на плажа. Поаѓаме од Малдиви кон Скопје во 22:10. Летаме Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines.

Ден 9: Пристигнување во Скопје

Пристигнување во Скопје околу 08:00 наутро. Крај на патувањето! 🙁

Следни поаѓања

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Карти: Скопје – Истабул – Мале
  • Авионски Карти: Мале – Истанбул – Скопје
  • Вклучен чекиран багаж од 23кг по лице + 8кг рачен багаж по лице
  • Трансфер со speedboat од Аеродром до Хотел
  • Трансфер со speedboat од Хотел до Аеродром
  • 6 ноќевања во Резорт на Приватен Остров
  • Претставник на дестинација
  • Водич на македонски јазик
  • ALL INCLUSIVE + НЕОГРАНИЧЕНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
  • БЕСПЛАТНИ СЛИКИ + ВИДЕА од факултативните излети!
  • Специјален РОАМ АРОУНД МК пакет!

Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни Излети
  • Патничко Осигурување
  • Зелена Такса 12$ по лице по ноќ
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ - СЕ ШТО ТРЕБА ДА ВИДИШ НА МАЛДИВИ

Цена: 290 евра

Овој пакет на факултативни излети е буквално се што ти треба да видиш и вкусиш на Малдиви!

Во овој пакет се вклучени:

  • Island Hopping – Посета на неколку острови, Нуркање во Coral Garden
  • Пливање со Ајкули, Делфини, Желки, Ражи, посета на песочен насип.

 

Корисни информации

Сместување

Приватен Остров - Резорт

Сместени сме на приватен остров, буквално рајот на земјата. Се сместуваме на сама плажа, искачаш од соба и единственото нешто до водата те делат палмите кои ти држат сенка на твојата лежалка. Во цената е вклучен All – Inclusive пакет, со неограничен алкохол, пијачки и храна во текот на целиот ден. Ова се Малдиви како што ги замислуваш и гледаш на сликите!

Важнa напоменa

  • Сума за резервација на место е 300 евра / по лице, остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • Доколку сте соло патник имате опција да бидете сместени во еднокреветна соба со доплата. Доколку не сакате да доплатите, тогаш има опција да делите соба со друг соло патник. За повеќе информации исконтактирајте не.