Најегзотичниот Афрички остров чека на тебе!

Егзотика без крај! Бели песочни плажи и сафари experience на едно место!

Поаѓање

26.01.2027

Враќање:

04.02.2027

Број на денови:

10

Цена од

Сега од

1799 EUR

1599 EUR

Можност за плаќање на рати!

Замисли патување каде што денес си на САФАРИ меѓу диви животни, а утре пливаш во тиркизните води на Индискиот Океан🦁🌴

Замисли остров каде што во едно патување добиваш сафари, рајски плажи, водопади, тропска природа и пејзажи што изгледаат нереално.

Маурициус не е само тропска дестинација – тој е цел еден свет собран на еден остров.

Од плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница и спектакуларни водопади, до диви планини, тропски шуми и култура во која се испреплетуваат Африка, Азија и Европа.

Ќе видиш жирафи и лавови, ќе го видиш легендарниот underwater waterfall, ќе откриваш скриени заливи, ќе пливаш во топлите води на Индискиот Океан и ќе гледаш зајдисонца поради кои ќе заборавиш да го погледнеш телефонот.

Овде, природата е главната атракција. Секој пат води кон нова глетка, секоја плажа изгледа поубаво од претходната, а секој ден носи нова причина зошто Маурициус е многу повеќе од класичен одмор на море.

Не доаѓаш само за плажите. Доаѓаш за авантурата и за чувството дека некаде, илјадници километри од дома, си пронашол мало парче рај.

Маурициус те чека. Подготвен ли си да видиш како изгледа рајот во живо? 🌴

Програма

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Маурициус.

Ден 2: Пристигнување на Маурициус

Во утринските часови пристигнуваме на Маурициус. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел. Цел ден одмараме и плажираме!

Ден 3: Факултативен Излет: Плажата Le Morne и Flic en Flac

Ова се две од најубавите лица на Маурициус. 🌴 Од спектакуларниот Ле Морн, каде планината се издигнува над тиркизните лагуни и познатиот underwater waterfall, до долгите бели плажи и неверојатните зајдисонца на Флик ен Флак,  ова е Маурициус каков што го замислуваш. 🌊☀️

Ден 4: Факултативен Излет: Островот Île aux Cerfs

Ден резервиран за едно од најпознатите места на Маурициус, рајскиот остров Ил о Серф. Пловиме низ тиркизните води на Индискиот Океан кон островот, познат по белите песочни плажи, палмите и кристално чистите лагуни. Ќе имаме слободно време за пливање, сончање, водени активности и целосно уживање во тропската атмосфера. Ова е оној Маурициус што го гледате на разгледниците, само што овојпат ќе бидете таму. 🌴🌊

Ден 5: Факултативен Излет: Сафари во Casela Nature Park

Маурициус не е само плажи, време е за вистинска сафари авантура! Во Casela Nature Park ќе влеземе во сосема поинаков свет, опкружени со жирафи, зебри, носорози и бројни други животни. Ќе уживаме во сафари атмосфера и неверојатни пејзажи, ова е искуството што ЌЕ ГО ПАМЕТИШ ЦЕЛ ЖИВОТ!  Африка и тропски остров во едно патување, токму тоа го прави Маурициус посебен. 🦓🌴

Ден 6: Слободен Ден

Одмараме денес и уживаме на локалната плажа! Полниш батерии и едитираш слики од Сафарите 🙂

Ден 7: Факултативен Излет: Посета на Северните острови

Ден резервиран за тропска авантура по северниот брег на Маурициус! Со катамаран се упатуваме кон Île Plate (Flat Island) и Îlot Gabriel, два мали острови познати по белите песочни плажи, тиркизното море и недопрената природа. Во текот на денот ќе имаме време за пливање, snorkeling и релаксација на плажа, опкружени со едни од најубавите морски пејзажи на Маурициус.

Ден 8: Факултативен Излет: Valle Park, Zip Line, 4x4 Quad.

VALLÉE DES COULEURS  ADVENTURE DAY

Ден резервиран за една од највозбудливите авантури на Маурициус! Го посетуваме Vallée des Couleurs Nature Park, познат по спектакуларната 23 Coloured Earth и тропските пејзажи. Нè очекува off-road 4×4 авантура, а за оние што сакаат адреналин – zipline над зеленилото и водопадите на паркот. Ден исполнет со природа, неверојатни глетки и вистинска доза авантура. 🌴⚡

Ден 9: Слободен Ден

Последен ден на Маурициус, одмараме и впиваме максимум од островската енергија.

Ден 10: Поаѓање од Маурициус

Во утринските часови со организиран превоз се упатуваме кон Аеродромот на Маурициус. Се качуваме во авион и си одиме дома 🙁

Следни поаѓања

Поаѓање 26.01.2027
Враќање 04.02.2027
Денови 10
Стара Цена 1899 EUR
Цена 1599 EUR
Статус
Early Bird Промоција!
Поаѓање 05.02.2027
Враќање 14.02.2027
Денови 10
Стара Цена 1899 EUR
Цена 1599 EUR
Статус
Early Bird Промоција!
Поаѓање 16.02.2027
Враќање 25.02.2027
Денови 10
Стара Цена 1999 EUR
Цена 1899 ЕUR
Статус
Слободно

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Маурициус-Скопје со вклучен 23кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром на Маурициус до Хотел
  • 8 ноќевања во Хотел на Маурициус со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
  • 4 БЕСПЛАТНИ ПОСЕТИ!

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (400 ЕУР )
  • Опционална доплата за вечера 25еур/лице/ден
  • Факултативни Излети

Факултативни излети

Пакет Факултативни Излети - Доживеј го МАУРИЦИУС како што доликува!

279 EUR / лице

Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.

БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

  1. Посета на Le Morne плажата и Flic en Flac
  2. Посета на Aux Il Cerf
  3. Сафари во Casella Nature Park
  4. Посета на Северните Острови
  5. Zip Line,  4×4 quad и земјата со 23 бои

Бесплатни Посети

Вклучено во Пакетот

Се разбира дека на Маурициус имаме бесплатни прошетки:

 

  1. Посета на Порт Луис – главниот град на Маурициус
  2. Посета на Локален Пазар во Порт Луис
  3. Посета на Fort Adelaide
  4. Посета на Caudan Waterfront

Корисни информации

Сместување

Be Cosy Apart Hotel

За нашиот престој на Маурициус се сместуваме во Be Cosy Apart Hotel, модерен и пријатен хотел во тропски амбиент, идеален за одмор по деновите исполнети со авантури. Хотелот располага со базен и пространи соби, а секое утро имаме вклучен појадок во цената за совршен почеток на денот. ☀️🥐

Важнa напоменa

За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).