МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!
People of tomorrow, NOW IS THE TIME!
Ова патување ќе биде се освен обично! Ќе го истражуваме Сао Паоло, ќе ја почувствуваме вистинската бразилска атмосфера, ќе имаме ден за плажа, добра храна, коктели и забава, а потоа следува главната причина поради која сме тука – TOMORROWLAND BRAZIL! Неколку дена музика, илјадници луѓе од целиот свет, неверојатни сцени и журки до изгрејсонце. Ќе создаваме нови пријателства, ќе собираме приказни што ќе ги раскажуваме со години и ќе го доживееме Бразил онака како што треба – гласно, шарено и незаборавно.
Live Today, Love Tomorrow, Unite Forever. ❤️🔥
По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул. Потоа по кратко преседнување летаме од Истанбул до Сао Паоло. Летаме со Turkish Airlines.
Пристигнуваме во Сао Паоло во раните утрински часови. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел. Се сместуваме и имаме слободен ден.
Ова е твојот прв ден на Tomorrowland. Започнува едно незаборавно фестивалско патување! Ден исполнет со енергија, врвна музика и магични моменти што ја означуваат првата страница од приказната на Tomorrowland Brasil.
Последниот ден на Tomorrowland Brasil носи уште една вечер исполнета со врвна електронска музика, големи настапи и финале со кое фестивалот ќе се заокружи во голем стил.
Денес го откриваме срцето на најголемиот град во Бразил! Ќе прошетаме по легендарната Avenida Paulista, ќе го посетиме историскиот центар, шарениот јапонски кварт Liberdade, познатиот Batman Alley, ќе ја почувствуваме атмосферата на локалните пазари и ќе ги откриеме најинтересните места на оваа огромна метропола. Ден исполнет со бразилска култура, street art, храна и вистинскиот ритам на São Paulo.
Ден за вистинско бразилско уживање! 🇧🇷 Се упатуваме кон крајбрежниот Guarujá и прекрасната Praia da Enseada, долга песочна плажа опкружена со палми и препознатлива бразилска атмосфера. Слободно време за плажа, пливање, коктели и ручек покрај океанот.
Откриваме сосема поинаква страна на São Paulo со организирана посета на Paraisópolis – една од најпознатите фавели во градот. Во придружба на локален водич ќе прошетаме низ заедницата, ќе слушнеме приказни за животот на локалното население и ќе се запознаеме со нивната култура, улична уметност, музика и локални проекти. Автентично искуство кое ни покажува страна од Бразил што ретко се гледа на класичните туристички рути.
Слободен ден за индивидуални активности, прошетка, купување на сувенири..
Во попладневните часови со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот во Сао Паоло, од каде што се качуваме на лет до Истанбул. Летаме со Turkish Airlines.
Пристигнуваме во Скопје околу 19:20 часот. Крај на патувањето 🙁
Во цената е вклучено:
Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!
Во цената не е вклучено:
За нашиот престој во São Paulo сме сместени во 155 Hotel, модерен и комфорен хотел со одлична локација во централниот дел на градот. Хотелот се наоѓа во близина на Praça Roosevelt, познатата Avenida Paulista, ресторани, кафулиња, маркети и метро станици, што го прави одлична база за истражување на São Paulo. Собите се климатизирани и располагаат со сопствен тоалет, Wi-Fi и сите основни удобности за пријатен престој, а секое утро нe очекува појадок пред новите бразилски авантури.