ЛИМИТИРАНИ МЕСТА ПО ОВАА ЦЕНА!
Замислете едно место каде белиот песок се спојува со тиркизниот океан, каде времето тече побавно, а секој здив носи свеж океански мирис. На островот МАФУШИ, далеку од гужвите на главниот град, ќе уживате во спокојни плажи, кристално чисти води и нежниот ритам на локалниот живот. Овој остров е идеален за романтични прошетки по залез, нуркање меѓу живописни корални гребени и мирен одмор под сенките на кокосовите палми – вистинска мала рајска оаза во срцето на Малдивите.
По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул. Потоа по кратко преседнување летаме од Истанбул до Мале, главниот град на Малдивите! Летаме со Turkish Airlines.
Пристигнуваме на Малдиви околу 14:35ч. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел на островот МАФУШИ и се сместуваме. Денешниот ден е за релаксација, плажирање и впивање на островската енергија!
БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ПРОШЕТКА НИЗ ОСТРОВОТ МАФУШИ
Слободен ден за одмор.
БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: НУРКАЊЕ СО МАСКИ НА ЛОКАЛНА ПЛАЖА НА МАФУШИ
Малдиви се состојат од 1192 острови. Овој ден ќе ги посетиме магичниот остров Ghuraidoo и ќе нуркаме во корална градена на сред Индиски Океан. Да, тука ќе имаш шанса во живо да го видиш Немо! Цел ден ќе уживаме на бели песочни плажи кои буквално ќе ви го земат здивот. Ќе нуркаме во тиркизниот океан и ќе направиме мемории на кои ќе се сеќаваме цел живот!
Каде ако не на Малдиви? Лебдиме во океанот полн со ајкули, ражи, желки и делфини – вистинско уникатно доживување!! Ова необично искуство е MUST TRY за на Малдиви. Плус ќе имате многу кул фотка со дрон и ви ветуваме дека ќе си поминете најинтересно! Посетуваме песочен насип на кој ќе плажираме и ќе си правиме најдобри фотки. За крај го посетуваме малото островче Fulidhoo кое навистина ќе ве шармира со својот дух.
ВКЛУЧЕН РУЧЕК ВО ЦЕНАТА!
Денеска тргнуваме кон рајот на Малдивите. Ќе пливаме во тиркизниот океан, ќе уживаме во сонцето и ќе се сликамe со најубавите куќички над водата. Магичен ден полн со смеење, водени авантури и незаборавни моменти.
ALL INCLUSIVE – ВКЛУЧЕНИ НЕОГРАНИЧЕНИ АЛКОХОЛНИ И БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ + УЖИНКИ + РУЧЕК
Слободен ден за одмор, плажирање, пливање и впивање на убавините на Малдиви. Овој ден е предвиден за уживање на белите песочни плажи, пиење на кокос под палми и нуркање во тиркизниот Индиски Океан. На зајдисонце се собираме на плажа за пикник, организиран од наша страна. Свириме на гитара, вкусуваме локална храна и се освежуваме со традиционални пијалоци, додека ги впиваме магичните бои и мириси на Малдивите во нашиот последен ден.
Уживај, Малдиви во највисока сезона!
Рано наутро поаѓаме од Малдиви кон Скопје. Летаме Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines. Пристигнуваме во Скопје околу 19:45ч. Крај на патувањето 🙁
Во цената е вклучено:
Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!
Во цената не е вклучено:
Овој пакет на факултативни излети е буквално се што ти треба да видиш и вкусиш на Малдиви!
Во овој пакет се вклучени:
За нашиот престој на Малдиви сме сместени во KUE Hotels Maafushi, модерен и комфорен хотел на прекрасниот остров Maafushi. 🌴🌊
Хотелот располага со модерно уредени и климатизирани соби, Wi-Fi и сите потребни удобности за релаксиран тропски одмор. Сместени сме на одлична локација, на само неколку минути од плажа, ресторани, кафулиња и центарот на островот.
Секое утро нè очекува појадок, а остатокот од денот е резервиран за тиркизно море, бели песочни плажи, излети и вистинска малдивска атмосфера. ☀️🐠
Совршена база за нашите денови во рајот! 🇲🇻❤️
Доколку сте соло патник имате опција да бидете сместени во еднокреветна соба со доплата. Доколку не сакате да доплатите, тогаш има опција да делите соба со друг соло патник. За повеќе информации исконтактирајте не.