НАЈУНИКАТНОТО ПАТУВАЊЕ ВО ИСЛАНД

Искуси го ИСЛАНД на ПРЕМИУМ начин! Уживај во топлите хотели и термални бањи додека надвор небото е разиграно со Аурора Бореалис!

ПРЕСТОЈ ВО РАЗЛИЧНИ ХОТЕЛИ

Секој ден преноќуваме во различен хотел низ целиот остров. Доручек вклучен во цената.

ИСТРАЖИ ГО СЕКОЕ ЌОШЕ

Правиме круг околу целиот остров и буквално го истражуваме секое ќоше на Исланд

MНОГУ ТЕРМАЛНИ БАЊИ

Дали знаеш дека во Исланд се наоѓаат најубавите термални бањи? Со нас ќе уживаш во сите! :)

Поаѓање

11.04.2026

Враќање:

19.04.2026

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

1999.00 EUR

1799 EUR

Доживеј го Исланд на вистински премиум начин!

Сонувате за патување кое нема да го заборавите? Се наоѓате на вистинското место – Уживајте во убавината на Исланд и комплетирајте го најпознатиот исландски RING ROAD!

Оваа тура е создадена за патници кои сакаат вистински да се опуштат во текот на целото патување, максимално да уживаат во бавното темпо додека секојдневно посетуваат нови места и уживаат во безброј термални бањи. Во текот на турата го посетуваме буквално секое ќоше на Исланд – исток, север, запад и југ – односно правиме еден голем круг низ целиот остров. Со организиран приватен трансфер и лимитирани само 8 места на оваа тура – ова е вистински начин да го доживеете Исланд на премиум начин! А најдоброто од се? – Во цената се вклучени 35+ излети!

Секојдневно посетуваме нови места – од најпознатите црни плажи, најубавите водопади, глечери, термални бањи, лава полиња, кањони, па се до главниот град Рејкјавик. Уживаме во топлите термални бањи на Исланд, чекориме низ вулкански кратери, пешачиме по најубавите црни плажи на светот и влегуваме под најимпресивните водопади!

Секојдневно се сместуваме во различни хотели низ целиот остров, престојуваме во едни од најубавите хотели на Исланд – сместени во магична природа, со пејзажи во кои дефинитивно ќе се заљубите. Како ви звучи ова – секоја вечер заспивате со аурора бореалис која танцува на небото над вас, а секое утро се будите во Исландска идила.
Звучи добро? Тогаш ова е вистинското патување за тебе!

 

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје и пристигнување во Исланд

После краток состанок со патниците на аеродромот во Скопје, летаме кон Исланд! Имаме кратко преседнување и пристигнуваме во Исланд. Сместување во хотел.

Ден 2: Golden Circle (Златен Круг)

Вториот ден од нашата авантура започнува со посета на најпознатиот Golden Circle – уживаме во Националниот Парк Тингвелир, се восхитуваме на уникатниот гејзер и термалните полиња, уживаме покрај водопадот Гулфос, посетуваме импресивен вулкански кратер и правиме прошетка низ градчето Селфос. Сместување во хотел.

 

Ден 3: Јужен Брег

Третиот ден е резервиран за најубавиот дел од Исланд – Јужниот Брег! Се движиме по магичниот Ring Road, следејќи го јужниот брег каде океанот и драматичните пејсажи се преплетуваат во неверојатна симфонија. Ги посетуваме најубавите водопади, црните вулкански плажи, магичните глечери, возиме покрај лава полиња и го истражуваме најјужното градче – Вик. Го посетуваме Националниот Парк Skaftafell, каде што се наоѓаат најголемите глечери и се сместуваме во хотел.

 

Ден 4: Глечери и Пејсажи

Четвртиот ден ни е со пократка програма и е наменет за одмор и релаксирање. Го посетуваме најимпресивното Езеро на Глечерите (Jökulsárlón), кое дефинитивно ќе ве остави без здив. Секако дека ќе ја посетиме и црната плажа на дијамантите (Diamond Beach), по што се упатуваме до градчето Хофн, каде што се сместуваме во хотел и имаме слободно време за одмор остатокот од денот. Секако дека ќе се собереме за пиво и дружба!! 🙂

 

Ден 5: Источен Брег

Петтиот ден го посетуваме пределот каде што се наоѓа најпознатата планина Vestrahorn – место кое плени со својата природна убавина и магични пејсажи. Во овој предел се наоѓа и рефлексивната плажа Stokksness на која ќе ги имате најубавите фотки! Го посетуваме Викиншкото Село, каде што се снимени некои од вашите омилени серии – Game of Thrones, The Witcher, Vikings… Правиме кратка пауза за да пробаме од најубавите Исландски вафли, а потоа продолжуваме кон источниот град Егилштадир. Сместување во хотел.

*

Ден 6: Исландски Highlands и Фјордови

Шестиот ден нашата авантура продолжува низ Исландските Високорамнини (Highlands), каде што драматичните карпи и вулкански терени креираат магични пејсажи, а фјордовите дефинитивно ќе ве остават без зборови. Возиме низ мали рибарски селца, драматични фјордови и погледи кон океанот. Овој предел буквално изгледа како да се наоѓате во филм! Следно на нашата рута ги посетуваме термалните полиња во Myvatn, а потоа секако дека ќе уживаме во млечно сината боја на термалната бања која го носи истото име. Го посетуваме најмоќниот водопад во Европа – Detifoss и магичниот водопад Godafoss. За крај возиме кон ‘главниот град на сверот’ – Акурејри каде што се сместуваме во хотел. После краток одмор сите заедно одиме на дегустација на викиншко пиво 😉

 

Ден 7: Северен Исланд

Седмиот ден е наменет за истражување на градот Акурејри, купување на сувенири и подготовка за поаѓање назад кон главниот град Рејкјавик. По пат правиме пауза во малото градче Боргарнес, каде што ќе го гледаме заливот на Атлантскиот Океан, потоа возиме низ најпознатиот мост – Sword Bridge кој од далеку изгледа на голема сабја. Пристигнување во Рејкјавик, сместување во хотел и слободно време за прошетка/одмор.

 

Ден 8: Рејкјавик / Најсеверниот град во светот

Осмиот ден е воедно и последниот ден од нашата авантура. Се одјавуваме од хотел и правиме прошетка низ главниот град Рејкјавик заедно со нашите водичи. Потоа имаме слободно време за купување на сувенири, уживање во Исландско кафе и најубавите cinnamon rolls покрај океан.. Најголемите авантуристи ќе имаат шанса последниот ден да уживаат на егзотична тура со хеликоптер, на која ќе имаат шанса да видат како изгледаат драматичните пејсажи на Исланд од птичја перспектива!

За крај се упатуваме кон најпознатата термална бања Blue Lagoon, каде што ќе имаме време да уживаме во топлата млечно сина вода, да ги испробаме маските за лице направени од природната билка silica (која што ја прави сината боја на водата) и да се релаксираме во целиот комплекс на лагуната.

Ден 9: Поаѓање и пристигнување во Скопје

Деветтиот ден – Поаѓаме од Исланд во 00:10ч. , кратко преседнување  и пристигнување во Скопје во текот на претпладневните часеви.

Следни поаѓања

Што е вклучено во цената?

  • Aвионски трансфер од Скопје до Исланд и назад со вклучен 23кг чекиран багаж + 8кг рачен / по лице
  • Трансфер од Аеродром до Хотел и назад
  • Организиран трансфер низ цел Исланд
  • Вклучен доручек
  • Претставник на дестинација
  • Водич на македонски јазик кој го знае секое ќоше на Исланд
  • Хотелско Сместување во текот на целото патување (3*/4*)
  • 35+ Факултативни Излети Вклучени во цената 

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (Тие што се означени со ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ)
  • Храна (ручек и  вечера)
  • Патничко Осигурување
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Факултативни излети

ТЕРМАЛНА БАЊА - BLUE LAGOON

Цена: 149 евра

Blue Lagoon  е најуникатната термална бања во светот! 
Директно од срцето на Исланд, природна термална вода која е позната по својата млечно сина вода! Посетата на оваа бања е дефинитивно искуство кое не смеете да го пропуштите додека сте во Исланд. Уживајте во топлите, минерални води додека пред вас се простираат магичните полиња од лава.

Комплексот на лагуната располага со најсовремено модерно опремени тушеви, тоалети, соблекувални, 3 неверојатни ресторани кои служат исландска храна, 3 кафичи каде што може да уживате во кафе додека имате поглед кон сината лагуна и секако продавница за сувенири и производи за нега на кожа, лице и тело од брендот на Blue Lagoon.

*дефинитивно го издвојуваме LAVA Ресторанот како најуникатен – ситуиран во стара вулканска пештера!

*Во склоп на факултативниот излет е вклучена влезница за бањата, пешкир, 1 пијалок по избор и 1 маска за лице по избор.

ПАДНАТИОН АВИОН - SÓLHEIMASANDUR

Цена: 50 евра

Сигурно си го видел авионот на едни од најпознатите музички видеа во светот!

Во 1973 година американскиот US NAVY DC-3 авион снемал гориво и паднал на јужниот брег на Исланд. Сите патници на авионот се преживеани, а откако се срушил, станал туристичка атракција поради својот изглед на црните вулкански полиња во Исланд.

Познати артисти како Justin Bieber и MEDUZA имаат снимено музички видеа токму на ова место, со што тоа станува уште поголема туристичка атракција.

ВИКИНШКО СЕЛО + VESTRAHORN + STOKKSNESS

Цена: 35 евра

Три факултативни излети во едно!

 

Го посетуваме импресивното Викиншко Село кое што се наоѓа во падините на најубавата планина во Исланд – Вестрахорн и во близина на рефлексивната плажа Stokksness.

Викиншкото село e изградено за филмски потреби и оваа локација е користена за снимање на вашите омилени викиншки серии и филмови – Game of Thrones, Vikings, The Witcher, The Northman..

Овој идиличен предел на Исланд дефинитивно ќе ве импресионира, а после прошетката и убавите фотки – ве носиме да ја пробате најдобрата Исландска вафла! 🙂

ТУРА СО ХЕЛИКОПТЕР

Цена: 499 евра

Само за најголемите авантуристи!
Хеликоптерските тури секогаш се едни од најимпресивните искуства во животот. Доколку сакате вистински да го почуствувате адреналинот и да ги видите убавините на Исланд од една поразлична перспектива тогаш овој факултативен излет дефинитивно е најинтересниот начин за тоа како да си го пополните времето во Рејкјавик.

Доколку во моментот на турата има активен вулкан, тогаш ја имате најлудата прилика во животот – да се возите со хеликоптер над вулкан кој еруптира!!

ТЕРМАЛНА БАЊА MYVATN

Цена: 90 евра

Уникатни термални бањи со најубавиот поглед!

 

Слични на Blue Lagoon, но со многу поинтимна атмосфера – овие геотермални бањи се скриени бисери на северот на Исланд, совршени за мир, природа и автентично искуство далеку од гужвите. Голем број од туристите никогаш не стигнуваат до овој дел на Исланд, па затоа оваа бања е и голем ‘hidden gem’ кој дефинитивно мора да го посетиме! 🙂

ГЛЕДАЊЕ НА КИТОВИ - WHALE WATCHING

Цена: 159 евра

Незаборавно искуство на вода!

Имате шанса за луда авантура – Whale Watching или Гледање на Китови од Рејкјавик!Излет наменет за вистински авантуристи – 3 часа поминати на мал брод, ловејќи китови низ фјордовите на Северниот Атлантски Океан. Шансата да видите китови е голема, а доколку сте вистински среќници – ќе имате шанса да видите и делфини.

REYKJAVIK CITY TOUR - ПРОШЕТКА НИЗ РЕЈКЈАВИК

Прошетка низ најуникатниот град во светот!
Рејкјавик е еден од најуникатните градови на светот. Препознатлив по шарените куќички, шармантните улички обоени во сите бои на виножитото и мирисот на познатите cinnamon rolls кој може да го помирисате од било кое ќоше на градот!

Заедно со нашите водичи правиме прошетка низ главниот град, се движиме низ шарените улички во центарот и обалата на океанот – ја посетуваме уникатната црква Hallgrimskirkja, познатата концертна хала Harpa и правиме пауза за ручек за да дегустираме од најпознатата ‘soup in a bowl’, односно исландска супа во леб.

Ова е излет кој не смеете да го пропуштите!

Корисни информации

Сместување

Различни хотели низ целиот остров

Се сместуваме во различни хотели низ целиот остров. Избраните хотели се едни од најдобрите во Исланд – поголемиот дел поседуваат сопствен hot tub во кој можете да се опуштите. Собите се удобни, со најубавиот поглед кон природните пејзажи во Исланд. Доручек вклучен во цената на аранжманот во сите хотели.

Важнa напоменa

За резервација на место се уплаќа сума од 300 евра / по лице. Остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање. Оваа тура е наменета за сите патници, без разлика на возраста. Турата е со релаксирано темпо, креирана за вие како патници да си поминете најубаво и максимално да уживате додека заедно го истражуваме секое ќоше од земјата на огнот и мразот.

Според нас, најдобар временски период за посета на Исланд е пролет – Температурите се движат од 5 – 13 степени, со претежно сончеви пролетни денови и можете да ги гледате најсилните аурори видени до сега!!

Хотелите во кои се сместуваме се едни од најубавите во Исланд со 3* или 4* по локална категоризација (хотел со 3* во Исланд е хотел со многу високи стандарди, според локална категоризација).

Доколку патувате соло, следува доплата за еднокреветна соба, а доколку не сакате да доплатите, тогаш има опција да бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник пријавен за оваа тура, со што не би имале никаква доплата. Доколку решите да делите соба со друг соло патник, Роам Ароунд МК не одговара за потенцијални потешкотии во текот на патувањето. За повеќе информации, слободно исконтактирајте не.

ПРЕСТОЈ ВО РАЗЛИЧНИ ХОТЕЛИ

Секој ден преноќуваме во различен хотел низ целиот остров. Доручек вклучен во цената.

ИСТРАЖИ ГО СЕКОЕ ЌОШЕ

Правиме круг околу целиот остров и буквално го истражуваме секое ќоше на Исланд

MНОГУ ТЕРМАЛНИ БАЊИ

Дали знаеш дека во Исланд се наоѓаат најубавите термални бањи? Со нас ќе уживаш во сите! :)