За Нас

Кои сме ние?

НАЈКУЛ ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ВО ДРЖАВАТА!
Роам Ароунд МК е туристичка агенција со центар во Скопје. Специјализирани сме за авантури за кои ќе раскажувате цел живот!

Што нудиме?

Исланд

  • Исланд Лимитед
  • Исланд Авантура
  • Исланд Релакс

За Исланд нудиме 3 различни тури, авантуристични или релаксирани – изберете ја онаа тура што најмногу ви одговара!

Патувај и откриј ја земјата на огнот и мразот со нас – вистинските експерти за ова патување. Дојди и увери се 🙂

Мадеира

Мадеира или уште позната како „Бисерот на Атлантикот“, е неверојатен остров кој наликува на Хаваи, а е познат по своите драматични карпи, вкусни банани и егзотична тропска природа. Идеална за летен одмор, ги нуди едни од најимпресивните тропски искуства, водопади, мирни патеки, тропски градини и незаборавни погледи кон океанот. Полна со шарена и вивидна култура, Мадеира ќе ви го земе здивот уште пред да стапнете на неа!

БАЛИ

Заедно патуваме на крајот на светот! Го истражуваме магичниот Бали – уживаме низ зелените тиркизни полиња, се впуштаме во целосен хедонизам и го истражуваме ова магично делче од светот.

МАЛДИВИ

Сонуваш за егзотично патување на Малдиви? Твојот сон сега станува реалност, по најниска цена на Балканот! Малдиви не треба да бидат недостижен луксуз, туку лесно достапна реалност 🙂 

Претходни авантури

Моменти од нашите претходни патувања!

Заштита на лични податоци

Роам Ароунд МК ги користи и обработува личните податоци на клиентот само за остварување на правата од облигациониот однос според посредувачкиот договор за бараната дестинација како и да ги чува во седиштето на компанијата согласно Законот за заштита на лични податоци. Давање на вашите лични податоци е доброволно, само за целта која што е погоре наведена. Документацијата која содржи податоци на клиентот соодветно ќе биде чувана и по изминување на роковите истата ќе биде избришана/уништена согласно архивското работење.