МАРОКО - ROADTRIP Авантура

ЗЕМЈАТА НА ПУСТИНИТЕ ТЕ ПОВИКУВА – НАЈДОБРА ПОНУДА ВО МАКЕДОНИЈА

Поаѓање

29.10.2026

Враќање:

06.10.2026

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

1299.00 EUR

1149 EUR

⚠️ EARLY BIRD ПОНУДА ⚠️

МАРОКО – ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО ПУСТИНАТА РАСКАЖУВА ПРИКАЗНИ!

Нашата тура е создадена за патници кои сакаат да ги видат најубавите делови на Мароко, да ја почувствуваат локалната култура и да го доживеат најдоброто од историјата, урбаниот дух и традицијата.Ова патување е создадено за луѓе што сакаат да видат повеќе, да почувствуваат подлабоко и да се вратат дома побогати со искуства што остануваат засекогаш.

Првите чекори во Маракеш се како влез во друга димензија – град на традиција, мистичност и архитектура што плени. Секоја улица носи нова приказна, секоја боја нова енергија. Ова е град што пулсира со боја, енергија и традиција, а мирисите на зачини, шарените базари и ориенталната архитектура создаваат атмосфера каква што нема на друго место.

Нашата авантура продолжува кон Казабланка – место кое живее помеѓу океанот и модерниот ритам на Мароко. Овде доживуваме спој на традиција и современост што ја прави Казабланка незаборавна. На пат кон Фес, правиме незаборавна пауза во Рабат, мирната претстолнина на Мароко. Рабат е град полн со историја и елеганција, каде кралските палати и тивките булевари создаваат смирена, но живописна атмосфера.

Фес е сосема нов свет, град што го оживува минатото: древни улици, автентични занаети и богата култура. Медината на Фес е вистински лавиринт на историја и традиција, каде секој чекор ве води низ времето и ја открива вистинската душа на Мароко.

А врвот? Шефшауен Синиот Град, место што изгледа како да е создадено за соништата. Улици обоени во сино, мирна атмосфера и моменти што ќе ги памтиш цел живот. По оваа магична рута се враќаме во Маракеш, совршен крај на авантура што ги спојува традицијата и културата на Мароко.

Ова не е само патување.
Ова е доживување што секој патник треба да го искуси!

Програма

Ден 1: Поаѓање и пристигнување

Поаѓање од Скопје, кратко преседнување и пристигнување во Маракеш. Се сместуваме во хотел и одмараме од патот.

Ден 2: Прошетка низ Маракеш (факултативен излет)

Нашата авантура во Маракеш започнува со прошетка низ Медината на Маракеш, лавиринт од тесни улици полни со живот и историја, каде локалните мајстори создаваат кожни производи и уникатни ракотворби. Потоа ја посетуваме раскошната палата Bahia Palace, со извонредни мозаични детали, дрвени резби и мирни градини, а потоа се восхитуваме на гробниците Saadi, некропола од 16 век каде секој камен раскажува приказна од минатото. Следува El Badi Palace, некогаш сјаен дворец кој и денес плени со својата величина и историја.

Се восхитуваме на импресивната џамија Koutoubia Mosque, чиј минарет доминира над градскиот хоризонт, а турата завршува на легендарниот Jemaa el-Fnaa, плоштад полн со улични уметници, ароми на зачини и енергија што го прави Маракеш незаборавен. Во Маракеш не се шетате само низ град – го доживувате со сите сетила, чувствувате пулс на традицијата и модерното, и секој чекор ве носи подлабоко во душата на Мароко.

Ден 3: Трансфер до Казабланка

Стануваме наутро, доручкуваме и се упатуваме кон Казабланка! Пристигнуваме, се сместуваме во хотел и уживаме во овој прекрасен град.

Ден 4: Факултативен Излет: Casablanca City Tour

Нашата авантура продолжува во Казабланка, град што живее помеѓу Атлантскиот Океан и модерниот ритам на Мароко. Почнуваме со импресивната џамија на Хасан II, величествена џамија што се издига над океанот, со архитектонски детали што одземаат здив. Турата нè носи и до Square of Mohammed V, историски плоштад со колонијална архитектура, а потоа уживаме низ уличките на локалниот пазар каде може да го почувствуваме пулсот на секојдневниот живот, да ги видиме традиционалните производи и да го доживееме локалниот дух. Враќање во хотел и слободно време.

Ден 5: Трансфер до Фес - БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ - Посета на Рабат

Се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Фес, градот на историјата! По пат застануваме во Рабат, главниот град на Мароко, каде што следува БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ – Прошетка низ Рабат. Ги посетуваме најубавите знаменитости на овој град Hassan Tower, импресивен минарет и симбол на градот, Mausoleum of Mohammed V, кралска гробница со прекрасна архитектура, правиме прошетка низ медината на Рабат, каде локалните занаетчии создаваат уникатни ракотворби, и се восхитуваме на величествената Royal Palace, официјална резиденција на кралот. По завршување на турата, трансфер до Фес и сместување во хотел. 

Ден 6: Факултативен Излет: Посета на Шефшауен - Синиот Град

Нашата авантура продолжува кон Шефшауен, магичен град сместен во планините Риф. Познат како „Синиот град“, неговите улички се обоени во нијанси на сина и бела боја, создавајќи атмосфера како од соништата. Правиме прошетка низ тесните улички, помеѓу локалните продавници и мирисите на свежи зачини – тура која ве носи низ вистинскиот дух на традиционален Мароко. Шефшауен плени со својата тивка убавина, мирни плоштади и панорамски погледи кон околните планини, нудејќи совршен спој на култура, природа и релаксација. Шефшауен е магија што се доживува, не се раскажува. Сместување во хотел и слободно време.

Ден 7: Трансфер до Маракеш

Наутро се одчекираме од нашиот хотел и се упатуваме кон Маракеш. По пат возиме низ пустини, оази, стари градови и ја впиваме Мароканската култура! Стигнуваме во Маракеш и се сместуваме во Хотел.

Ден 8: Check Out од хотел и слободен ден во Маракеш

Се одјавуваме од нашиот хотел и имаме слободен ден во Маракеш. Купуваме сувенири и се поздравуваме со срцето на Мароко!

 Во вечерните часови со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот во Маракеш и полетуваме накај Скопје.

Ден 9: Пристигнување во Скопје

Пристигнуваме во Скопје во утринските часови.

Следни поаѓања

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Маракеш и назад со вклучен 23кг чекиран багаж  + 8кг рачен багаж
  • 3 Ноќевања во хотел во Маракеш со вклучен појадок
  • 2 Ноќевања во хотел во Казабланка со вклучен појадок
  • 2 Ноќевања во хотел во Фес со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел во Маракеш
  • Трансфер од хотел во Маракеш до аеродром
  • Трансфер од Маракеш до Казабланка
  • Трансфер од Казабланка до Фес
  • Трансфер од Фес до Маракеш
  • Лиценциран претставник на дестинација
  • Водич кој го знае Мароко на памет
  • СПЕЦИЈАЛЕН РОАМ АРОУНД МК ПОДАРОК
  • ПОСЕТА НА РАБАТ ( БЕСПЛАТЕН ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ )
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (опционално, доколку сакате да посетите нешто повеќе од Мароко)
  • Доплата за еднокреветна соба, доколку патувате соло (299 евра) 
  • Патничко Осигурување
  • Виза за влез во Мароко (100 евра)

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Цена: 199 евра

Пакетот факултативни излети го препорачуваме на сите патници кои сакаат максимално да ја истражат оваа дестинација. Се што треба да видите од Мароко на едно место. Прошетајте низ шарените улички на градот Фес, истражи го динамичниот Маракеш, направи ги најдобрите фотки во Шефшауен, посети ги водопадите Ouzoud и уживај во Казабланка!

Што е вклучено:

  • Прошетка низ Маракеш
  • Прошетка низ Казабланка
  • Посета на Шефшауен
  • Посета на Рабат (бесплатен излет)
  • Посета на Пустината Агафај

Корисни информации

Сместување

Хотелско сместување во Маракеш, Фес и Казабланка

Хотелите се на централно подрачје со 3*. Услугата е на база ноќевање со вклучен појадок. Сликите служат само за пример на сместувањето.

Важнa напоменa

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОТРЕБНА Е ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО МАРОКО! Нашата агенција има посредувачка улога во процесот на визирање, по резервација ќе бидете известени за процесот на визирање. За резрвација е потребна уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 299 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Оваа тура е наменета за сите патници, без разлика на возраста. Во текот на турата нема дополнителна физичка активност или многу пешачење.