ЕДИНСТВЕН TRAVEL PARTNER на TOMORROWLAND од МАКЕДОНИЈА!

ВКЛУЧЕНА FULL MADNESS 3 ДНЕВНА ВЛЕЗНИЦА ЗА ФЕСТИВАЛОТ!

Поаѓање

28.04.2027

Враќање:

08.05.2027

Број на денови:

11

Цена од

Сега од

2299 EUR

1999 EUR

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!

People of tomorrow, NOW IS THE TIME! 

Ова патување ќе биде се освен обично! Ќе го истражуваме Сао Паоло, ќе ја почувствуваме вистинската бразилска атмосфера, ќе имаме ден за плажа, добра храна, коктели и забава, а потоа следува главната причина поради која сме тука – TOMORROWLAND BRAZIL!  Неколку дена музика, илјадници луѓе од целиот свет, неверојатни сцени и журки до изгрејсонце. Ќе создаваме нови пријателства, ќе собираме приказни што ќе ги раскажуваме со години и ќе го доживееме Бразил онака како што треба – гласно, шарено и незаборавно.

Live Today, Love Tomorrow, Unite Forever. ❤️‍🔥

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје

По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул. Потоа по кратко преседнување летаме од Истанбул до Сао Паоло. Летаме со Turkish Airlines.

Ден 2: Пристигнување во Бразил

Пристигнуваме во Сао Паоло во раните утрински часови. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел. Се сместуваме и имаме слободен ден.

Ден 3: TOMORROWLAND BRASIL - Вклучено во цената на аранжманот

Ова е твојот прв ден на Tomorrowland. Започнува едно незаборавно фестивалско патување! Ден исполнет со енергија, врвна музика и магични моменти што ја означуваат првата страница од приказната на Tomorrowland Brasil.

Ден 4: TOMORROWLAND BRASIL - Вклучено во цената на аранжманот
Магијата продолжува! Подгответе се за уште еден ден исполнет со незаборавни настапи и спектакуларна фестивалска атмосфера на Tomorrowland Brasil.
Ден 5: TOMORROWLAND BRASIL - Вклучено во цената на аранжманот

Последниот ден на Tomorrowland Brasil носи уште една вечер исполнета со врвна електронска музика, големи настапи и финале со кое фестивалот ќе се заокружи во голем стил.

Ден 6: Факултативен Излет: Прошетка низ Сао Паоло

Денес го откриваме срцето на најголемиот град во Бразил! Ќе прошетаме по легендарната Avenida Paulista, ќе го посетиме историскиот центар, шарениот јапонски кварт Liberdade, познатиот Batman Alley, ќе ја почувствуваме атмосферата на локалните пазари и ќе ги откриеме најинтересните места на оваа огромна метропола. Ден исполнет со бразилска култура, street art, храна и вистинскиот ритам на São Paulo.

Ден 7: Факултативен Излет: Guarujá и плажата Praia da Enseada

Ден за вистинско бразилско уживање! 🇧🇷 Се упатуваме кон крајбрежниот Guarujá и прекрасната Praia da Enseada, долга песочна плажа опкружена со палми и препознатлива бразилска атмосфера. Слободно време за плажа, пливање, коктели и ручек покрај океанот.

Ден 8: Факултативен Излет: Посета на Фавела

Откриваме сосема поинаква страна на São Paulo со организирана посета на Paraisópolis – една од најпознатите фавели во градот. Во придружба на локален водич ќе прошетаме низ заедницата, ќе слушнеме приказни за животот на локалното население и ќе се запознаеме со нивната култура, улична уметност, музика и локални проекти. Автентично искуство кое ни покажува страна од Бразил што ретко се гледа на класичните туристички рути.

Ден 9: Слободен ден

Слободен ден за индивидуални активности, прошетка, купување на сувенири..

Ден 10: Поаѓање од Сао Паоло до Скопје

Во попладневните часови со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот во Сао Паоло, од каде што се качуваме на лет до Истанбул. Летаме со Turkish Airlines.

Ден 11: Пристигнување во Скопје

Пристигнуваме во Скопје околу 19:20 часот. Крај на патувањето 🙁

Следни поаѓања

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Карти: Скопје – Истабул – Бразил со Turkish Airlines
  • Авионски Карти: Бразил – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines
  • Вклучен чекиран багаж од 30кг по лице + 8кг рачен багаж по лице
  • ВКЛУЧЕНА FULL MADNESS 3 ДНЕВНА ВЛЕЗНИЦА ЗА TOMORROWLAND BRASIL 2027
  • Трансфер од Аеродром до Хотел
  • Трансфер од Хотел до Аеродром
  • 8 ноќевања во Хотел со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Водич на македонски јазик
  • Специјален РОАМ АРОУНД МК пакет!

Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни Излети (опционални, доколку сакате да посетите нешто плус)
  • Патничко Осигурување
  • Храна (ручек и вечера)
  • Доплата за еднокреветна соба ( 250 евра )
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ - СЕ ШТО ТРЕБА ДА ВИДИШ ОД САО ПАОЛО

Цена: 249 евра

Овој пакет на факултативни излети е буквално се што ти треба да видиш и вкусиш во Сао Паоло!

Во овој пакет се вклучени:

  • Прошетка низ Сао Паоло
  • Посета на Фавела
  • Guarujá и плажата Praia da Enseada

 

Корисни информации

Сместување

155 Hotel Sao Paulo

За нашиот престој во São Paulo сме сместени во 155 Hotel, модерен и комфорен хотел со одлична локација во централниот дел на градот. Хотелот се наоѓа во близина на Praça Roosevelt, познатата Avenida Paulista, ресторани, кафулиња, маркети и метро станици, што го прави одлична база за истражување на São Paulo. Собите се климатизирани и располагаат со сопствен тоалет, Wi-Fi и сите основни удобности за пријатен престој, а секое утро нe очекува појадок пред новите бразилски авантури.

Важнa напоменa

  • Сума за резервација на место е 300 евра / по лице, остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 45 дена пред поаѓање.
  • Доколку сте соло патник имате опција да бидете сместени во еднокреветна соба со доплата. Доколку не сакате да доплатите, тогаш има опција да делите соба со друг соло патник. За повеќе информации исконтактирајте не.