ИСЛАНД РЕЛАКС - ВЕЛИГДЕН 2026

НАШАТА НАЈБАРАНА ТУРА ПОВТОРНО ДОСТАПНА – ОВАА ПРОЛЕТ ПОВТОРНО ЗАЕДНО ПАТУВАМЕ ВО ЗЕМЈАТА НА ОГНОТ И МРАЗОТ

Поаѓање

07.04.2026

Враќање:

12.04.2026

Број на денови:

6

Цена од

Сега од

1199.00 EUR

899.00 EUR

Земјата на огнот и мразот по најниска цена!

Започни го своето патување во живописниот Рејкјавик, градот на шарените куќички, погледи кон океанот и магични пејсажи. Од таму, полека ќе те водиме низ највпечатливите природни чуда на Исланд.

Ќе ја откриеме магијата на јужниот брег – место каде моќни водопади паѓаат врз црни песоци, глечерите блескаат под сонцето, а природата е вистинска симфонија на контрасти.

Ќе го прошетаме Златниот Круг, позната рута која ја вклучува експлозивната енергија на гејзерите, глетката на величествениот водопад Гулфос и можноста да чекориш помеѓу тектонските плочи во Националниот парк Тингвелир – искуство што ќе ти остане во сеќавање.

Ќе уживаме во топлите, млечно сини води на термалната бања Blue Lagoon, место што нуди релаксација и магија под отворено небо.

За крај, ќе бидеш сведок на неверојатниот танц на Аурора Бореалис – северното светло кое го осветлува исландското небо со волшебни бои и ја прави оваа авантура уште поневеројатна.

Оваа тура е повеќе од патување – тоа е доживување што ќе ти остане во сеќавање засекогаш! 

Програма

Ден 1: Поаѓање и пристигнување

Поаѓање од Скопје во 13:55ч. , преседнување во Виена и лет до Исланд. Пристигнување во Исланд околу 23:50ч. по локално време.

Ден 2: GOLDEN CIRCLE (Факултативен Излет)

Нашата прва авантура во Исланд започнува со Златниот Круг (Golden Circle). Го посетуваме Националниот Парк Тингвелир, чекориме помеѓу тектонски плочи на два континента, се восхитуваме на уникатниот гејзер и го посетуваме импресивниот водопад Гулфос. Секако дека ќе дегустираме од најубавиот Исландски хот-дог и ќе пробаме сладолед од најстарата продавница во Исланд! 🙂 После враќањето во хотел и мала пауза за одмор, имаме предвидено уште еден факултативен излетПрошетка низ Рејкјавик – ги истражуваме шарените улички на градот, јадеме од најубавата Исландска супа во леб, ја посетуваме импресивната црква Hallgrimskirkja и уживаме. Времетраење на излетот е 8 часа + прошетка низ Рејкјавик

Ден 3: ЈУЖЕН БРЕГ (Факултативен Излет)

Нов ден, нова авантура! Овој ден е резервиран за истражување на најубавиот дел од Исланд – Јужниот Брег. Ги посетуваме најубавите водопади (Seljalandsfoss и Skogafoss), чекориме под најуникатниот водопад во пештера – Gljúfrabúi, потоа чекориме низ најубавите црни плажи на светот – Reynisfjara и Vikurfjara, се доближуваме блиску до еден од најголемите глечери во Исланд – Sólheimajökull а потоа правиме пауза за ручек во најјужното градче во Исланд – Вик. По пат се восхитуваме на најубавите пејзажи, возиме покрај океанот и посетуваме уште мноогу други места кои се наоѓаат по нашата рута! Целодневен излет.

Ден 4: Гледање на Китови (факултативен излет)

Овој излет е вистинско авантуристичко доживување! Едно од најуникатните искуства во животот е дефинитивно гледањето на китови во Исланд. Ги набљудуваме најголемите суштества на планетата. Ова утро, го слушаме капетанот како не води низ водите на Северниот Атлански Океан, дишеме чист океански воздух и уживаме во погледот кон фјордовите. Доколку имаме среќа на оваа тура ќе видиме и делфини 🙂

Ден 5: ТЕРМАЛНА БАЊА BLUE LAGOON (Факултативен Излет)

Наутро правиме check-out од хотел, имаме предвидено индивидуално слободно време од неколку часа за купување на сувенири, пиење на кафе во Рејкјавик и уживање во последниот ден. Во попладневните часеви сите заедно се упатуваме кон термалната бања Blue Lagoon, каде што го поминуваме остатокот од времето пред лет – во млечно сината вода на најубавата лагуна во светот.
*Термалната бања е голем комплекс, во кој има достапни соблекувални, тушеви, тоалети, 3 ресторани, 3 барови…

Ден 6: Поаѓање од Исланд и пристигнување во Скопје

Поаѓање кон Скопје кратко после полноќ, преседнување во Виена и лет до Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Следни поаѓања

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Исланд и назад со вклучен 23кг чекиран багаж  + 8кг рачен багаж
  • 4 Ноќевања во Хотелско сместување во Рејкјавик со вклучен појадок (Hotel Cabin Reykjavik)
  • Трансфер од аеродром до хотел во Рејкјавик
  • Трансфер од хотел во Рејкјавик до аеродром
  • Претставник на дестинација
  • СПЕЦИЈАЛЕН РОАМ АРОУНД МК ПОДАРОК
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (опционално, доколку сакате да посетите нешто повеќе од Исланд)
  • Храна ( ручек, вечера )
  • Доплата за еднокреветна соба, доколку патувате соло (250 евра) 
  • Патничко Осигурување
  • Опционална доплата за Superior Room (Соба од повисока класа)  | 70 евра по соба

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Цена: 379 евра

Пакетот факултативни излети е со голема препорака од нас! Се што треба да видите од Исланд на едно место. Прошетајте низ шарените улички на главниот град Рејкјавик, уживајте во магичните природни пејзажи на Златниот Круг (Golden Circle), убавините на Јужниот Брег и релаксирајте се во термалната бања Blue Lagoon.

Што е вклучено:

*Прошетка низ Рејкјавик
*Посета на Golden Circle (Национален Парк Тингвелир, гејзер, водопад)
*Посета на Јужен Брег (водопади, црни плажи, глечери, пејсажи)
*Термална Бања Blue Lagoon (влезница, пешкир, еден пијалок и маска за лице)

Летање со Хеликоптер

499 евра / лице

Само за најголемите авантуристи!
Хеликоптерските тури секогаш се едни од најимпресивните искуства во животот. Доколку сакате вистински да го почуствувате адреналинот и да ги видите убавините на Исланд од една поразлична перспектива тогаш овој факултативен излет дефинитивно е најинтересниот начин за тоа како да си го пополните времето во Рејкјавик.

Доколку во моментот на турата има активен вулкан, тогаш ја имате најлудата прилика во животот – да летате со хеликоптер над вулкан кој еруптира!!

ГЛЕДАЊЕ НА КИТОВИ

Цена: 130 евра

Едно од најуникатните искуства во животот е дефинитивно гледањето на китови во Исланд! Неколку часа пловиме по импресивниот Атлански Океан, уживаме во погледот кон магичните фјордови и се восхитуваме на различните видови на китови кои ќе имаме прилика да ги видиме во текот на оваа тура. Времетраење на излетот е 3 часа.

Корисни информации

Сместување

Hotel Cabin Reykjavik

Нашиот хотел е сместен на одлична локација — блиску до самиот центар на Рејкјавик и на само неколку чекори од океанот. Во непосредна близина ќе најдете сè што ви е потребно: маркет, пријатни кафулиња и различни ресторани. Појадокот е вклучен во престојот.

Hotel Cabin Reykjavik - Superior Room (соба од повисока категорија)

Доколку сакате да бидете сместени во соба од повисока класа, достапна е надградба во Superior Room со доплата од вкупно 70 евра. Оваа соба е пространа, модерно реновирана и елегантно уредена, нудејќи дополнителна удобност и пријатна атмосфера за време на престојот.

Важнa напоменa

За резрвација е потребна уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 199 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Оваа тура е наменета за сите патници, без разлика на возраста. Во текот на турата нема дополнителна физичка активност или многу пешачење. Оваа тура е креирана за да можете максимално да се релаксирате, да го истражите Исланд со бавно темпо и да се вратите назад со милион спомени! 🙂