EARLY BIRD ПРОМОЦИЈА – ЛИМИТИРАНИ МЕСТА ПО ОВАА ЦЕНА!
Спремен за патување кое нема да го заборавиш? Добредојде во Јужна Кореа! 🌸 Овој март, ќе имаш шанса да ги видиш раните цветови на cherry blossom, кога градот се претвора во бајка од розеви и бели нијанси.
Овој 8-ми март патувај со нас во земјата од иднината, каде ќе ја почувствуваш посебната магија на Јужна Кореа и ќе доживееш нешто навистина посебно – 10 дена низ земјата на контрасти и хармонија, каде секое ќоше изгледа како вистинска магија. Пролет е едно од најубавите временски периоди за посета на Јужна Кореа – ве очекува магично доживување низ улиците со расцутани дрва, пролетна топлина и уникатни локални традиции.
Замисли ги модерните светла на Сеул, древни храмови, зелени шуми, романтични острови, и вкусна улична храна што ќе го разбуди секое сетило. Јужна Кореа не е само дестинација тоа е искуство, магија и возбуда што ќе те остави без здив.
Со Roam Around секое патување е доживување, посветено на запознавање на локалната култура – ќе ја откриеш земјата како вистински локалец, а не како обичен турист!
Поаѓаме од аеродромот во Скопје. Преседнување во Истанбул и лет до Сеул. Летаме со Turkish Airlines.
Во попладневните часови пристигнуваме во Сеул. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел. Слободно време за одмор.
Замисли го тоа чувство — да шеташ низ Сеул, град што пулсира со енергија и шарм. Почни ја авантурата во кралската палата Gyeongbokgung и нурни во историјата во Folk Museum. Во храмот Jogyesa ќе го почувствуваш спокојот меѓу мирисот на темјан и звуците на градот, а потоа запознај ја тајната на прочуениот корејски женшен во Ginseng Center. Инсадонг (Insadong) ќе те маѓепса со своите уметнички улички и традиционални чајни куќи, додека селото Hanok ќе те врати во старата Кореа. Ја посетуваме и познатата N Tower во Сеул.
Веќе го знаеш Сеул – сега време е да одмориш или повторно да ги истражуваш шармантните улички на овој град. Ден посветен за пиење на кафе, топол чај и уживање низ магичниот Сеул.
Подготви се за авантура што ќе ја раскажуваш со години! Патување до границата каде историјата дише на секој чекор. Со Roam Around MK единствено имаш шанса да ја видиш Северна Кореа, барем од далеку! 🇰🇵 Посетата на DMZ (Demilitarized Zone) е вистинско патување низ времето и реалноста место каде Југот и Северот се гледаат лице в лице, а тишината зборува погласно од зборови. Ќе прошеташ низ тајните тунели под земја, ќе погледнеш кон другата страна од набљудувачката точка, и ќе ја почувствуваш историјата што сè уште се пишува. А потоа, време е за нова доза адреналин — прошетка по Suspension Bridge, високо над долините и шумите на северот од Сеул.
Подготви се за ноќ кога Сеул блеска во полн сјај! Заедно ќе го почувствуваме вистинскиот пулс на градот низ неговите најпознати ноќни пазари и улици полни со живот. Започнуваме со пазарот Dongdaemun, каде светлата никогаш не се гасат и секој штанд крие нешто интересно – од мода до вкусни улични закуски. Продолжуваме кон легендарниот Gwangjang Market, каде мирисот на tteokbokki, bindaetteok и свежо подготвена улична храна те повикува да пробаш сè 🍜. А потоа, шетаме по енергичната улица Myeongdong, центарот на младиот дух на Сеул полна со музика, неонски светла и безброј продавници. Ова не е само ноќен шопинг, туку вистинска сензуална авантура што ќе те натера да се заљубиш во Сеул повторно и повторно.
Подготви се за ден исполнет со бајковски пејзажи и магија од природата и уметноста! Со најкул екипата на светот, ќе започнеме со Nami Island, остров што изгледа како од соништата – идеален за шетање низ сенките на дрвјата, романтични шуми и слики што ќе ти останат засекогаш. Потоа, нурни во шармот на Petit France, малото француско село во срцето на Кореа, полно со бои, уметност и приказни што оживуваат насекаде. Денот го завршуваме во Garden of Morning Calm, оаза на мир и хармонија, каде секоја цветна долина и скриен агол изгледа како вистинска бајка. Ова е ден за уживање, фотографирање и апсолутно ‘губење’ во магијата на Кореа со најкул екипата на светот! ✨
Слободен ден за уживање, купување на сувенири и впивање на цветниот мирис низ уличките на Сеул. Кафе во најуникатната библиотека? Или бараме вкусна улична храна низ неонските улици на Сеул? Изборот е бесконечен!
Наутро правиме check-out од нашиот хотел, а пред нас буквално го имаме цел ден слободен. Купуваме сувенири и се поздравуваме со Јужна Кореа. Околу 21:00 часот со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот.
Полетуваме во 00:10, а во Скопје пристигнуваме во 08:55. Лет од Сеул до Истанбул. Преседнување во Истанбул и лет до Скопје со Тurkish Airlines.
Истражи ги најубавите делови од Јужна Кореа заедно со нас! Пакетот на излети е креиран за да ја искусите оваа земја на вистински начин, без да пропуштите ништо.
Пакетот вклучува:
За резервација се прави уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите најдоцна 15 дена пред поаѓање на турата. Доколку патувате сами и сакате да бидете сами во соба, следува доплата за еднокреветна соба. Доколку сте соло патник имате опција да делите соба со друг соло патник, со што не би имале никаква дополнителна доплата. Доколку патувате со друг соло патник со кој би делеле соба Роам Ароунд МК не одговара за потешкотии во текот на патувањето. ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОТРЕБНА Е ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО ЈУЖНА КОРЕА! Нашата агенција има посредувачка улога во процесот на вадење виза доколку не сакате или не можете да извадите сами. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. За повеќе информации исконтактирајте не.