МАДЕИРА И ПОРТО - ВИСТИНСКО БЕГСТВО ОД РЕАЛНОСТА

Мадеира е прогласена за најдобар остров за 2025 година! Островот на вечната пролет те повикува, а оваа година го додавме и ПОРТО во програмата!

Бисерот на Атлантикот

Порто -Еден од најафтентичните градови на светот!

Црни плажи и вулкански видиковци!

Глетки кои нема да ги заборавиш!

Тропска егзотика

Многумина велат дека Мадеира наликува на Хаваи. Дојди и увери се!

Поаѓање

18.05.2026

Враќање:

26.05.2026

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

1399.00 EUR

1199 EUR

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

Мадеира – „Бисерот на Атлантикот“, е тропски рај што наликува на Хаваи – остров на драматични карпи, егзотични растенија и вкусни локални банани. Островот на вечна пролет кој може да се посети во било кој период од годината, а во Мај ќе ве освои со фестивалската енергија на Фестивалот на Цвеќињата – глетка која што не се опишува со зборови! Тука ќе најдете тропски градини полни со боја, водопади скриени меѓу зеленилото, тропски црни плажи, неверојатни патеки низ природата и магични погледи кон океанот. Со живописна култура, перфектна температура и автентична атмосфера, Мадеира ќе ви го разубави секој ден уште пред да слетате! Доколку сакате тропски одмор кој ќе ве воодушеви и ќе го паметите цел живот, ова патување е за вас!

Со Роам Ароунд МК на најубавиот остров на Атлантикот –  посета на буквално секое ќоше од островот! Заедно ги посетуваме најубавите тропски градини, видиковци, црни плажи, планински врвови, природни базени.. Се запознаваме со локалната култура, дегустираме од најубавото вино на светот и секако – традиционалната понча! Деновите ни се исполнети со многу дружење, максимално уживање и полнење батерии.

А потоа, заминуваме во Порто, еден од најромантичните и најавтентични градови во светот. Градот нежно се протега покрај реката Дуро, со шарени куќи кои се спуштаат кон водата, тесни улички и погледи што изгледаат како од разгледница. Атмосферата е тивка, топла и автентична – совршена за прошетки на зајдисонце или уживање со чаша португалско вино. Порто е град што се доживува со срце, а не само со очи.

 

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје

Нашата авантура започнува со поаѓање од аеродромот во Скопје. Преседнување во Цирих и лет до Мадеира.

 

 

Ден 2: Пристигнување на Мадеира

Пристигнуваме на Мадеира во утринските часови, со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот преубав хотел и се сместуваме. Денот го поминуваме на плажа или на базен и уживаме во тропската клима.

Ден 3: Факултативен Излет: Посета на градот Фунчал | Возење со Жичара + Тропска Градина

Денот ни започнува со пешачка прошетка низ главниот град на Мадеира – Фунчал. Се шетаме низ шарените улички и уживаме во магичниот поглед кон океанот. Го посетуваме центарот на градот, најшарениот пазар со тропско овошје и се движиме кон стариот дел на градот. Нашата следна точка – возење со најпознатата жичара на Мадеира! Авантуристичко искуство од 20 минути што нè носи над зелените ритчиња до една од највпечатливите тропски градини на островот. Уживаме во највпечатливата тропска градина на Мадеира – Monte Palace, опкружени со егзотична природа и ретки растенија што ќе ви ги разбудат сите сетила. А потоа, како совршен завршеток – дегустација на прочуеното мадеиранско вино. Искуство што се памети!По завршување на факултативниот излет, следува слободно време во Фунчал – идеална можност за вкусен ручек, кафе со поглед или индивидуална прошетка низ градот.

Ден 4: Факултативен Излет: Северна Мадеира

Третиот ден е резервиран за нови авантури, односно го посетуваме цел западен дел на Мадеира. Денот започнува со посета на еден од најпознатите барови за понча на цел остров каде што заедно ќе научиме како се прави традиционалниот пијалок и ќе дегустираме. Следна точка се природните вулкански базени во Porto Moniz, каде што ќе имаме пауза од неколку часа за ручек, пливање и релаксација. Ја посетуваме најпознатата црна плажа на Мадеира – Seixal Beach. Потоа се упатуваме кон волшебната шума Fanal – заштитена од UNESCO и позната по своите искривени дрвја и мистична магла. Сместена на 1300 метри надморска височина, оваа шума изгледа како сцена од филм и нуди незаборавно доживување во срцето на природата.

Враќање во хотел и слободно време за одмор.

Ден 5: Факултативен Излет: Западна Мадеира

Четвртиот ден е резервиран за нови авантури, односно го посетуваме цел западен дел на Мадеира. Денот започнува со посета на малото рибарско селце Camara de Lobos, омиленото место на познатиот Черчил. Ја посетуваме најпрестижната винарија на Мадеира каде што ќе имаме прилика да дегустираме од најубавото Мадеирско вино. Потоа се упатуваме кон највисокиот sea cliff (морска карпа) во Европа – Cabo Girão, каде што ќе уживаме во магичните погледи кон океанот.  Следно уживаме на најубавата портокалова плажа во Calheta! Правиме подолга пауза од неколку часа за ручек, плажирање, пливање во океан и дружење.

За крај, го посетуваме водопадот Cascata dos Anjos кој паѓа директно на патот. Правиме незаборавни фотки и потоа се враќаме во хотел.

Ден 6: Факултативен Излет: Источна Мадеира

Петтиот ден е резервиран за најубавите планински врвови, природа и видиковци!Утрото го започнуваме со возење до еден од највисоките врвови на Мадеира – Pico do Arieiro (1800м), каде ќе уживаме во спектакуларни панорамски погледи, ќе прошетаме по планинските патеки и ќе го испиеме кафето со најубавата глетка што можете да си ја замислите. Ја посетуваме последната фабрика за рум од шеќерна репка во Европа, дегустираме од румот и уживаме на спектакуларна сурферска плажа. Потоа го посетуваме малото гратче Сантана, кое ќе ве освои со своите шарени куќички и неповторливи, шармантни глетки. Правиме подолга пауза за ручек. Следно посетуваме два неверојатни видиковци, со поглед кој изгледа како да е од филм – Miradouro do Guindaste и Ponta do Rosto São Lourenço.За крај, денот го завршуваме со плажирање на портокаловата плажа во Machico, која има прекрасни пејзажи кои наликуваат како да се наоѓате на Хаваи. Враќање во хотел.

Ден 7: Поаѓање од Мадеира кон Порто

Доручкуваме и се одјавуваме од нашиот хотел на Мадеира. Се упатуваме кон аеродромот кој е еден од најубавите аеродроми на светот, уживаме во погледот и се поздравуваме со овој остров кој со причина го нарекуваат Хаваите на Атлантикот. Со директен лет, пристигнуваме во Порто, се сместуваме во нашиот хотел во центарот на градот и уживаме. Имаме слободно време за истражување на Порто и пробување на познатото Порто Вино!

Ден 8: Факултативен Излет: Прошетка низ градот Порто (БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ)

Заедно ќе прошетаме низ шармантните улички на Порто, ќе уживаме во атмосферата на Praça da Ribeira покрај реката Дуро, ќе се восхитуваме на São Bento – една од најубавите железнички станици во светот, и ќе се искачиме на Torre dos Clérigos за неверојатен поглед над градот. Погледи, фотографии и незаборавни моменти.

Ден 9: Поаѓање од Порто кон Скопје

Поаѓање од Порто кон Скопје. Со преседнување во Франкфурт, пристигнуваме во Скопје во попладневните часови. Крај на патувањето.

Следни поаѓања

Поаѓање Враќање Денови Место Цена
18.05 26.06 9 Слободно 1199 €

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Мадеира  со вклучен 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авионски транспорт од Мадеира до Порто со вклучен 23кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж
  • Авионски транспорт од Порто до Скопје со вклучен 23кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж
  • Хотелско Сместување на Мадеира  со вклучен појадок
  • Хотелско Смесутвање во Порто со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел на Мадеира
  • Трансфер од хотел на Мадеира до аеродром
  • Трансфер од Аеродром во Порто до хотел
  • Трансфер од Хотел во Порто до Аеродром
  • Претставник на дестинација
  • 3 БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ (Работилница за правење на традиционален пијалок – понча, Посета на винарија + дегустирање на вино, посета на фабрика за производство на рум од шеќерна репка + дегустирање на рум)
  • БЕСПЛАТЕН ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ ПОРТО CITY TOUR
  • СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
  • Специјален РОАМ АРОУНД МК пакет!
    Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети
  • Храна ( ручек, вечера )
  • Доплата за еднокреветна соба (350 евра)
  • Патничко Осигурување
  • Туристичка такса: 2 евра по лице по ноќ ( се плаќа на лице место во хотелот )
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Цена: 299 евра по лице

Ви препорачуваме да го изберете пакетот факултативни излети, со кој ќе го откриете буквално секое ќоше на Мадеира. Секој дел од островот носи своја уникатна приказна, различна природа, плажи и култура. Пакетот е внимателно креиран за да ви понуди совршен баланс меѓу релакс на плажа, уживање во природа и возбудливи авантури. Секој ден ве очекува ново доживување – заедно го истражуваме целиот остров! По пристигнување во Порто, имаме прошетка низ градот и уживање низ најпознатите улички.

  • 3 БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ (Работилница за правење на традиционален пијалок – понча, Посета на винарија + дегустирање на вино, посета на фабрика за производство на рум од шеќерна репка + дегустирање на рум)
  • БЕСПЛАТЕН ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ ПОРТО CITY TOUR

 

Корисни информации

Корисни информации за турата

Линк до пдф програма

Сместување

Хотелско сместување на Мадеира

Се сместуваме на Мадеира, на само неколку километри од главниот град Фунчал. Хотелот има 3 сопствени базени, поглед на океанот, ресторан и целиот комплекс изгледа како да се наоѓате во една голема тропска градина! Хотелот е со вклучен појадок. Локацијата на овој хотел е на едно од најубавите места на Мадеира – предел со најубавите видиковци, во непосредна близина на еден од најпознатите видиковци, каде што имате шанса да го гледате најубавото изгрејсонце/зајдисонце и да се возите со жичара до плажа!

 

*Фотографиите служат само како пример за сместување.

Хотелско Сместување во Порто

Нашиот хотел во Порто е совршено сместување за вашата авантура во градот. Лоциран во срцето на Порто, само неколку минути од најубавите знаменитости, хотелот нуди удобни и модерни соби.

Совршено бегство од реалноста!

 

*Фотографиите служат само како пример за сместување.

Важнa напоменa

Сумата за резервација на место е 300 евра / по лице. Остатокот од сумата можете да го доплатите најдоцна 15 дена пред поаѓање, како вас ви одговара. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете сместени во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 350 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг/a соло патник/патничка, по случаен избор од групата. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Патничко Осигурување не е вклучено во цената. Турата е наменета за сите возрасти и е погодна за деца.
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

Бисерот на Атлантикот

Порто -Еден од најафтентичните градови на светот!

Црни плажи и вулкански видиковци!

Глетки кои нема да ги заборавиш!

Тропска егзотика

Многумина велат дека Мадеира наликува на Хаваи. Дојди и увери се!