МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ НИКАКВИ ТРОШОЦИ!
Замислете едно место каде белиот песок се спојува со тиркизниот океан, каде времето тече побавно, а секој здив носи свеж океански мирис. На островот Гулхи, далеку од гужвите на главниот град, ќе уживате во спокојни плажи, кристално чисти води и нежниот ритам на локалниот живот. Овој остров е идеален за романтични прошетки по залез, нуркање меѓу живописни корални гребени и мирен одмор под сенките на кокосовите палми – вистинска мала рајска оаза во срцето на Малдивите.
По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул. Потоа по кратко преседнување летаме од Истанбул до Мале, главниот град на Малдивите! Летаме со Turkish Airlines.
Пристигнуваме на Малдиви околу 14:35ч. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел на островот Гулхи и се сместуваме. Денешниот ден е за релаксација, плажирање и впивање на островската енергија!
БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ПРОШЕТКА НИЗ ОСТРОВОТ ГУЛХИ
Слободен ден за одмор.
БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: НУРКАЊЕ СО МАСКИ НА ЛОКАЛНА ПЛАЖА НА ГУЛХИ
Малдиви се состојат од 1192 острови. Овој ден ќе ги посетиме магичните острови Maafushi, Guraidhoo и Fulidhoo. Цел ден ќе уживаме на бели песочни плажи кои буквално ќе ви го земат здивот. Ќе нуркаме во тиркизниот океан и ќе направиме мемории на кои ќе се сеќаваме цел живот!
Каде ако не на Малдиви? Лебдиме во океанот полн со ајкули, ражи, желки и делфини – вистинско уникатно доживување!! Ова необично искуство е MUST TRY за на Малдиви. Плус ќе имате многу кул фотка со дрон и ви ветуваме дека ќе си поминете најинтересно! Посетуваме песочен насип на кој ќе плажираме и ќе си правиме најдобри фотки.
ВКЛУЧЕН РУЧЕК ВО ЦЕНАТА!
Денеска тргнуваме кон рајот на Малдивите. Ќе пливаме во тиркизниот океан, ќе уживаме во сонцето и ќе се сликамe со најубавите куќички над водата. Магичен ден полн со смеење, водени авантури и незаборавни моменти.
ALL INCLUSIVE – ВКЛУЧЕН НЕОГРАНИЧЕН АЛКОХОЛ
Слободен ден за одмор, плажирање, пливање и впивање на убавините на Малдиви. Овој ден е предвиден за уживање на белите песочни плажи, пиење на кокос под палми и нуркање во тиркизниот Индиски Океан. На зајдисонце се собираме на плажа за пикник, организиран од наша страна. Свириме на гитара, вкусуваме локална храна и се освежуваме со традиционални пијалоци, додека ги впиваме магичните бои и мириси на Малдивите во нашиот последен ден.
БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ХРАНЕЊЕ НА АЈКУЛИ НА GULHI
Се одјавуваме од Хотел и денот го поминуваме на плажа. Поаѓаме од Малдиви кон Скопје во 22:10. Летаме Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines.
Пристигнување во Скопје околу 08:00 наутро. Крај на патувањето! 🙁
Во цената е вклучено:
Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!
Во цената не е вклучено:
Овој пакет на факултативни излети е буквално се што ти треба да видиш и вкусиш на Малдиви!
Во овој пакет се вклучени:
Сместен на самата плажа на островот Гулхи, овој хотел е вистинска оаза на мир и удобност. Секоја соба има клима и Wi-Fi, за да се релаксираш во полн комфорт. Совршено место за да уживаш во тиркизниот океан, белиот песок и незаборавни моменти под сонцето – едноставно, хотелот е предобар за твојот престој на Малдивите! ✨ Вклучен појадок во цената.