Можност за плаќање на рати!
Замисли патување каде што денес си на САФАРИ меѓу диви животни, а утре пливаш во тиркизните води на Индискиот Океан🦁🌴
Замисли остров каде што во едно патување добиваш сафари, рајски плажи, водопади, тропска природа и пејзажи што изгледаат нереално.
Маурициус не е само тропска дестинација – тој е цел еден свет собран на еден остров.
Од плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница и спектакуларни водопади, до диви планини, тропски шуми и култура во која се испреплетуваат Африка, Азија и Европа.
Ќе видиш жирафи и лавови, ќе го видиш легендарниот underwater waterfall, ќе откриваш скриени заливи, ќе пливаш во топлите води на Индискиот Океан и ќе гледаш зајдисонца поради кои ќе заборавиш да го погледнеш телефонот.
Овде, природата е главната атракција. Секој пат води кон нова глетка, секоја плажа изгледа поубаво од претходната, а секој ден носи нова причина зошто Маурициус е многу повеќе од класичен одмор на море.
Не доаѓаш само за плажите. Доаѓаш за авантурата и за чувството дека некаде, илјадници километри од дома, си пронашол мало парче рај.
Маурициус те чека. Подготвен ли си да видиш како изгледа рајот во живо? 🌴
По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Маурициус.
Во утринските часови пристигнуваме на Маурициус. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел. Цел ден одмараме и плажираме!
Ова се две од најубавите лица на Маурициус. 🌴 Од спектакуларниот Ле Морн, каде планината се издигнува над тиркизните лагуни и познатиот underwater waterfall, до долгите бели плажи и неверојатните зајдисонца на Флик ен Флак, ова е Маурициус каков што го замислуваш. 🌊☀️
Ден резервиран за едно од најпознатите места на Маурициус, рајскиот остров Ил о Серф. Пловиме низ тиркизните води на Индискиот Океан кон островот, познат по белите песочни плажи, палмите и кристално чистите лагуни. Ќе имаме слободно време за пливање, сончање, водени активности и целосно уживање во тропската атмосфера. Ова е оној Маурициус што го гледате на разгледниците, само што овојпат ќе бидете таму. 🌴🌊
Маурициус не е само плажи, време е за вистинска сафари авантура! Во Casela Nature Park ќе влеземе во сосема поинаков свет, опкружени со жирафи, зебри, носорози и бројни други животни. Ќе уживаме во сафари атмосфера и неверојатни пејзажи, ова е искуството што ЌЕ ГО ПАМЕТИШ ЦЕЛ ЖИВОТ! Африка и тропски остров во едно патување, токму тоа го прави Маурициус посебен. 🦓🌴
Одмараме денес и уживаме на локалната плажа! Полниш батерии и едитираш слики од Сафарите 🙂
Ден резервиран за тропска авантура по северниот брег на Маурициус! Со катамаран се упатуваме кон Île Plate (Flat Island) и Îlot Gabriel, два мали острови познати по белите песочни плажи, тиркизното море и недопрената природа. Во текот на денот ќе имаме време за пливање, snorkeling и релаксација на плажа, опкружени со едни од најубавите морски пејзажи на Маурициус.
Ден резервиран за една од највозбудливите авантури на Маурициус! Го посетуваме Vallée des Couleurs Nature Park, познат по спектакуларната 23 Coloured Earth и тропските пејзажи. Нè очекува off-road 4×4 авантура, а за оние што сакаат адреналин – zipline над зеленилото и водопадите на паркот. Ден исполнет со природа, неверојатни глетки и вистинска доза авантура. 🌴⚡
Последен ден на Маурициус, одмараме и впиваме максимум од островската енергија.
Во утринските часови со организиран превоз се упатуваме кон Аеродромот на Маурициус. Се качуваме во авион и си одиме дома 🙁
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.
БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
За нашиот престој на Маурициус се сместуваме во Be Cosy Apart Hotel, модерен и пријатен хотел во тропски амбиент, идеален за одмор по деновите исполнети со авантури. Хотелот располага со базен и пространи соби, а секое утро имаме вклучен појадок во цената за совршен почеток на денот. ☀️🥐
За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).