МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!
Од рајските плажи и тиркизното море на Пукет, до светлата, храмовите, rooftop баровите и неверојатната енергија на Бангкок, ова патување спојува два целосно различни света на Тајланд.
Во Пукет нè очекуваат тропски денови, егзотични плажи, островски авантури, незаборавни зајдисонца и вистински одмор под палмите. Потоа патувањето го продолжуваме во Бангкок, град кој никогаш не запира, каде модерните облакодери се мешаат со традиционални храмови, street food, пазари и еден од најдобрите nightlife-и во Азија.
Едно патување во кое добиваме сè море, авантура, култура, храна, шопинг и лудата енергија на Тајланд. 🌴✨
По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Пукет.
Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во областа Patong.
Се сместуваме во хотел и одмараме од долгиот лет!
Денот го започнуваме со прошетка низ Phuket Old Town, историското срце на островот и еден од неговите најживописни делови. Ќе прошетаме низ шарените улици исполнети со препознатливи фасади, стари кинески куќи, будистички и кинески храмови, мали продавници, локални кафулиња и ресторани. Низ прошетката ќе ја запознаеме интересната историја на Пукет, кој благодарение на трговијата со калај низ годините бил место на средба на различни култури, чие влијание и денес се чувствува во архитектурата и атмосферата на градот. Ќе го посетиме и локалниот маркет, каде ќе имаме можност да пробаме локални специјалитети, да разгледаме сувенири и да уживаме во секојдневниот живот на Пукет.
Одиме до Phi Phi Islands островите што ќе ве остават без зборови уште пред да стапнете на нив. Високи карпи што излегуваат директно од тиркизното море, скриени лагуни и плажи како од разгледница. Ја откриваме легендарната Maya Bay, позната по филмот The Beach, а потоа се препуштаме на вистинскиот island life, нуркаме во кристално чистата вода, пливаме меѓу шарени рипчиња и уживаме во неверојатната Pileh Lagoon. Ќе поминеме и покрај мистичната Viking Cave, ќе ги запознаеме најпознатите жители на Monkey Beach, а денот го заокружуваме на Koh Khai, мала тропска оаза за коктел, плажа и целосно уживање. Ова е оној Тајланд за кој се патува на другиот крај од светот.
Ден што дефинитивно ќе го паметиме! Одиме на едно од најпосебните доживувања на Тајланд дружење со слонови, каде одблизу ќе ги запознаеме овие неверојатни животни, ќе ги храниме и ќе уживаме во заедничко капење и разладување во вода. Потоа продолжуваме кон Nai Harn Beach, една од најубавите плажи на Пукет, сместена во зелен залив со мек песок и тиркизно море. Остатокот од денот е резервиран за капење, сонце и вистински тропски одмор.
Одиме до едно од најиконичните места на Тајланд, James Bond Island! Пловиме низ неверојатниот Phang Nga Bay, каде од смарагдно зелената вода се издигнуваат огромни варовнички карпи и мали скриени острови. Ќе ја видиме познатата Ko Tapu, карпата што стана симбол на заливот по филмот The Man with the Golden Gun, ќе истражуваме скриени пештери и лагуни и ќе уживаме во едни од највпечатливите пејзажи на Пукет. Ден за авантура, брод, природа и Тајланд каков што го гледаме на разгледниците.
Се одјавуваме од хотел, во попладневните часови се упатуваме накај аеродромот во Пукет и се качуваме на краток лет до Бангкок. Стигнуваме во Бангкок и се сместуваме во нашиот хотел! Слободен ден низ Бангкок!
Денес го откриваме Бангкок, град во кој традицијата и модерниот свет живеат еден покрај друг. Ќе ги посетиме неговите најпознати храмови и знаменитости, ќе прошетаме низ раздвижените улици полни со мириси, вкусови и локален живот и ќе ја почувствуваме енергијата на една од највозбудливите азиски метрополи. Од златни храмови и традиционална архитектура до облакодери, пазари и хаотични улици, денес го доживуваме вистинскиот Бангкок.
Последен ден во Тајланд!, одмараме и впиваме максимум од енергијата на Бангкок!
Во раните утринските часови со организиран превоз се упатуваме кон Аеродромот во Бангкок. Се качуваме во авион и си одиме дома 🙁
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.
БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
Elite Suites Patong 4★ модерен хотел во срцето на Patong, на неколку минути пеш од Patong Beach. Располага со пространи соби, надворешен базен, ресторан, spa и фитнес, а во непосредна близина се рестораните, шопингот и ноќниот живот на Patong.
За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување.Во случај на недобивање на Виза, Агенцијата Роам Ароунд МК не одговара за задржаните средства поради одкажување од патувањето. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).