МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!
АНГЛИЈА, ШКОТСКА И ИРСКА – 3 ЗЕМЈИ, 3 ГРАДА, ЕДНА АВАНТУРА!
Овој пат не бираме само една дестинација – одиме на вистинска британско-ирска авантура низ Лондон, Единбург и Даблин! ✈️
Започнуваме во легендарниот Лондон, градот на Big Ben, Buckingham Palace, црвените автобуси, Camden Town и улици на кои секогаш нешто се случува.
Потоа продолжуваме кон Единбург – еден од најубавите и најатмосферични градови во Европа. Шетаме низ средновековниот Old Town, го гледаме Замокот во Единбург и ја доживуваме онаа мистична шкотска атмосфера која изгледа како сцена од филм.
А за крај – Даблин! Град на пабови, музика, Guinness, шарени улици и неверојатна енергија. А Ирска не би била Ирска без нејзината природа, зелените пејзажи и спектакуларните карпи покрај Атлантикот.
Три различни земји, три целосно различни атмосфери и едно патување полно со авантури.
По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Лондон.
🇬🇧 LONDON CITY TOUR
Денес го истражуваме еден од најпознатите градови во светот – Лондон!
Ќе прошетаме покрај легендарниот Big Ben и Westminster Palace, ќе ја видиме Westminster Abbey, ќе продолжиме кон Buckingham Palace, а потоа и кон Trafalgar Square и најпознатите улици во центарот на градот.
Ќе ги видиме препознатливите црвени автобуси, типичните британски улици и некои од најпознатите локации што досега сме ги гледале само на филмови.
Спремете ги камерите, денес го доживуваме вистинскиот Лондон!
Со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Лондон. Се качуваме во авион до Единбург. Пристигнуваме и се сместуваме во нашиот хотел.
🏴 EDINBURGH CITY TOUR
Денес го откриваме магичниот Единбург, град на замоци, камени улици, легенди и неверојатна шкотска атмосфера!
Ќе прошетаме низ историскиот Old Town, по познатата Royal Mile, ќе го видиме и позантниот Edinburgh Castle, St Giles’ Cathedral и најинтересните улички и плоштади во срцето на градот.
Ќе слушнеме приказни и легенди од минатото, ќе ја почувствуваме средновековната атмосфера и ќе откриеме зошто Единбург важи за еден од најубавите и најфотогенични градови во Европа. Подгответе се за Шкотска како од филм!
🏴 ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ: SCOTTISH HIGHLANDS & GLENFINNAN VIADUCT
Денес го напуштаме Единбург и тргнуваме на целодневна авантура низ легендарните Scottish Highlands, планини, езера, мали села, долини и пејзажи поради кои Шкотска изгледа како сцена од филм.
Ќе поминеме низ спектакуларниот Glencoe, ќе го посетиме Fort William, а главната станица на денот е познатиот Glenfinnan Viaduct, мостот кој стана светски познат благодарение на Harry Potter.
Токму овде ќе имаме можност да го видиме легендарниот Jacobite Steam Train, познат како вистинскиот „Hogwarts Express“, како поминува преку вијадуктот опкружен со неверојатна природа.
Ова е ден за вистинската Шкотска, диви пејзажи, планини, историја и една од најпознатите Harry Potter локации во светот.
Со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Единбург и се качуваме во авион за Даблин. Пристигнуваме во Даблин и се сместуваме во нашиот хотел.
🇮🇪 DUBLIN CITY TOUR
Денес го истражуваме срцето на Ирска – шармантниот и секогаш жив Даблин!
Ќе прошетаме низ центарот на градот, ќе го видиме познатиот Trinity College, ќе поминеме покрај Dublin Castle и St. Patrick’s Cathedral, а потоа продолжуваме кон легендарниот Temple Bar – најпознатиот кварт во градот, исполнет со традиционални ирски пабови, музика и неверојатна атмосфера.
Ќе ги откриеме шарените улици, уникатна архитектура и најпознатите места во градот, а ќе имаме време и да ја почувствуваме вистинската ирска атмосфера.
Добредојдовте во Даблин, градот на Guinness, музика и добра забава!
🇮🇪 ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ: CLIFFS OF MOHER, THE BURREN & GALWAY
Денес тргнуваме на целодневна авантура кон дивиот западен брег на Ирска!
Главната станица на денот се спектакуларните Cliffs of Moher – огромни карпи кои се издигнуваат над Атлантскиот Океан и едно од најпознатите природни чуда на Ирска. Не очекуваат неверојатни погледи, драматични пејзажи и дефинитивно едни од најдобрите фотографии од целото патување.
Продолжуваме низ The Burren, уникатен карпест предел кој изгледа како друга планета, а денот го завршуваме во шармантниот Galway – град познат по своите шарени улици, традиционални ирски пабови, музика и вистинска локална атмосфера.
Карпи, Атлантик, диви пејзажи и Galway, Ирска каква што сте ја замислувале!
Се упатуваме кон Лондон. Се сместуваме и уживаме во слободниот ден.
Со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Лондон и се качуваме во авион до Скопје. Крај на патувањето 🙁
Во цената е вклучено:
Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!
Во цената не е вклучено:
Место на оваа тура се резервира со уплата од 300 евра / по лице, остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна до 45 дена пред турата. Доколку сте соло патник имате опција да бидете сместени во еднокреветна соба со доплата. Доколку не сакате да доплатите, тогаш има опција да делите соба со друг соло патник. За повеќе информации исконтактирајте не.