МАРОКО: РЕЛАКС - Добредојде во земјата каде што пустината раскажува приказни!

ЗЕМЈАТА НА ПУСТИНИТЕ ТЕ ПОВИКУВА – НАЈНИСКА ЦЕНА НА БАЛКАНОТ

Поаѓање

04.09.2026

Враќање:

11.09.2026

Број на денови:

8

Цена од

Сега од

1299.00 EUR

899 EUR

⚠️ Мароко по НАЈНИСКА ЦЕНА НА БАЛКАНОТ! ⚠️

МАРОКО – ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО ПУСТИНАТА РАСКАЖУВА ПРИКАЗНИ!

Нашата тура е создадена за патници кои сакаат да ги видат најубавите делови на Мароко, да ја почувствуваат локалната култура и да го доживеат најдоброто од историјата, урбаниот дух и традицијата.Ова патување е создадено за луѓе што сакаат да видат повеќе, да почувствуваат подлабоко и да се вратат дома побогати со искуства што остануваат засекогаш.

Првите чекори во Маракеш се како влез во друга димензија – град на традиција, мистичност и архитектура што плени. Секоја улица носи нова приказна, секоја боја нова енергија. Ова е град што пулсира со боја, енергија и традиција, а мирисите на зачини, шарените базари и ориенталната архитектура создаваат атмосфера каква што нема на друго место.

Ова не е само патување.
Ова е доживување што секој патник треба да го искуси!

Програма

Ден 1: Поаѓање и пристигнување

Поаѓање од Скопје, кратко преседнување и пристигнување во Маракеш. Се сместуваме во хотел и одмараме од патот.

Ден 2: Прошетка низ Маракеш (факултативен излет)

Нашата авантура во Маракеш започнува со прошетка низ Медината на Маракеш, лавиринт од тесни улици полни со живот и историја, каде локалните мајстори создаваат кожни производи и уникатни ракотворби. Потоа ја посетуваме раскошната палата Bahia Palace, со извонредни мозаични детали, дрвени резби и мирни градини, а потоа се восхитуваме на гробниците Saadi, некропола од 16 век каде секој камен раскажува приказна од минатото. Следува El Badi Palace, некогаш сјаен дворец кој и денес плени со својата величина и историја.

Се восхитуваме на импресивната џамија Koutoubia Mosque, чиј минарет доминира над градскиот хоризонт, а турата завршува на легендарниот Jemaa el-Fnaa, плоштад полн со улични уметници, ароми на зачини и енергија што го прави Маракеш незаборавен. Во Маракеш не се шетате само низ град – го доживувате со сите сетила, чувствувате пулс на традицијата и модерното, и секој чекор ве носи подлабоко во душата на Мароко.

Ден 3: Слободен ден во Маракеш

Нашата авантура нè води кон Ouzoud Waterfalls, спектакуларен водопад висок 110 метри, кој се спушта низ зелени маслинови градини и создава магична атмосфера. Каскадите се обвиени во сјајни виножита, а мирот и свежината на природата ве повикуваат да уживате во секој момент. Овој природен бисер нуди совршена комбинација на убавина и спокој, идеален за фотографирање и доживување на вистинската душа на мароканската природа.

Ден 4: Посета на пустините во Agafay (факултативен излет)

Факултативен излет до пустината Агафај – место каде времето запира, а тишината зборува повеќе од зборови. Денес ќе зачекориш во свет од бескрајни песочни бранови, каде сонцето полека тоне и ја обојува пустината во златна боја. Под бедуински шатори, со топол марокански чај во рака, ќе почувствуваш мир, слобода и магија што останува засекогаш со тебе.

Ден 5: Посета на планините Атлас (факултативен излет)

Уживаме во неверојатни панорамски погледи на планините Атлас, посетуваме традиционални берберски села и живописни долини. Ги истражуваме тивките планински патеки, и се восхитуваме на културата и гостопримството на локалното население. Ова е едно од највпечатливите природни богатства на Мароко.

Ден 6: Посета на градот Essaouira (факултативен излет)

Добредојде во Essaouira – улички полни боја, мирис на океан и звуци од пристаништето. Го чувствуваме песокот под стапалата на плажата, брановите се играат со нас, а сонцето ги прави моментите совршени за слики кои веднаш сакаме да ги споделиме. Ден за chill, смеење и едноставно уживање заедно.

Ден 7: Одјавување од Хотел, слободно време во Маракеш

Наутро правиме check out од Хотел, ги оставаме куферите на рецепција и имаме цел ден за да се збогуваме со Маракеш. Трансфер од Хотел до Аеродром околу 18:00.

 

Ден 8: Пристигнување во Скопје

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Следни поаѓања

Поаѓање 20.05.2026
Враќање 29.05.2026
Денови 10
Стара Цена 1399 EUR
Цена 1199 EUR
Статус
ПОПОЛНЕТО
Поаѓање 21.06.2026
Враќање 28.06.2026
Денови 8
Стара Цена 1499 EUR
Цена 1199 EUR
Статус
ПОПОЛНЕТО
Поаѓање 04.09.2026
Враќање 11.09.2026
Денови 8
Стара Цена 1299 EUR
Цена 899 EUR
Статус
Последни 6 места
Поаѓање 10.09.2026
Враќање 20.09.2026
Денови 11
Стара Цена 1499 EUR
Цена 1299 EUR
Статус
Слободно
Поаѓање 21.09.2026
Враќање 29.01.2026
Денови 9
Стара Цена 1499 EUR
Цена 1299 EUR
Статус
Слободно

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Маракеш и назад со вклучен 23кг чекиран багаж  + 8кг рачен багаж
  • 6 Ноќевања во хотел во Маракеш со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел во Маракеш
  • Трансфер од хотел во Маракеш до аеродром
  • Лиценциран претставник на дестинација
  • Водич кој го знае Мароко на памет
  • СПЕЦИЈАЛЕН РОАМ АРОУНД МК ПОДАРОК
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (опционално, доколку сакате да посетите нешто повеќе од Мароко)
  • Доплата за еднокреветна соба, доколку патувате соло (299 евра) 
  • Патничко Осигурување
  • Виза за влез во Мароко

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Цена: 199 евра

Пакетот факултативни излети го препорачуваме на сите патници кои сакаат максимално да ја истражат оваа дестинација. Се што треба да видите од Мароко на едно место. Истражи го Мароко, посетија пустината Агафај, пливај во Атланскиот океан и восхитувај се на Атлас Планините.

Што е вклучено:

  • Прошетка низ Маракеш
  • Посета на Пустината Агафај
  • Посета на Градот Essaouira
  • Посета на Атлас Планините

Корисни информации

Сместување

Хотелско сместување во Маракеш

Хотелот е на централно подрачје со 3* по локална категоризација. Услугата е на база ноќевање со вклучен појадок. Сликите служат само за пример на сместувањето.

Важнa напоменa

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОТРЕБНА Е ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО МАРОКО! Нашата агенција има посредувачка улога во процесот на визирање, по резервација ќе бидете известени за процесот на визирање. За резрвација е потребна уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 299 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Оваа тура е наменета за сите патници, без разлика на возраста. Во текот на турата нема дополнителна физичка активност или многу пешачење.