Центарот на Азија те повикува!

Патувањето за кое си сонувал цел живот!

Поаѓање

02.12.2026

Враќање:

11.12.2026

Број на денови:

10

Цена од

Сега од

1799 EUR

1699 EUR

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!

Од рајските плажи и тиркизното море на Пукет, до светлата, храмовите, rooftop баровите и неверојатната енергија на Бангкок, ова патување спојува два целосно различни света на Тајланд.

Во Пукет нè очекуваат тропски денови, егзотични плажи, островски авантури, незаборавни зајдисонца и вистински одмор под палмите. Потоа патувањето го продолжуваме во Бангкок, град кој никогаш не запира, каде модерните облакодери се мешаат со традиционални храмови, street food, пазари и еден од најдобрите nightlife-и во Азија.

Едно патување во кое добиваме сè море, авантура, култура, храна, шопинг и лудата енергија на Тајланд. 🌴✨

Програма

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Пукет.

Ден 2: Пристигнување во Пукет

Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во областа Patong.

Се сместуваме во хотел и одмараме од долгиот лет!

Ден 3: Факултативен Излет: Phuket City Tour

Денот го започнуваме со прошетка низ Phuket Old Town, историското срце на островот и еден од неговите најживописни делови. Ќе прошетаме низ шарените улици исполнети со препознатливи фасади, стари кинески куќи, будистички и кинески храмови, мали продавници, локални кафулиња и ресторани. Низ прошетката ќе ја запознаеме интересната историја на Пукет, кој благодарение на трговијата со калај низ годините бил место на средба на различни култури, чие влијание и денес се чувствува во архитектурата и атмосферата на градот. Ќе го посетиме и локалниот маркет, каде ќе имаме можност да пробаме локални специјалитети, да разгледаме сувенири и да уживаме во секојдневниот живот на Пукет.

Ден 4: Факултативен Излет: Посета Phi Phi Islands, Maya Bay и Khoh Khai

Одиме до Phi Phi Islands островите што ќе ве остават без зборови уште пред да стапнете на нив. Високи карпи што излегуваат директно од тиркизното море, скриени лагуни и плажи како од разгледница. Ја откриваме легендарната Maya Bay, позната по филмот The Beach, а потоа се препуштаме на вистинскиот island life, нуркаме во кристално чистата вода, пливаме меѓу шарени рипчиња и уживаме во неверојатната Pileh Lagoon. Ќе поминеме и покрај мистичната Viking Cave, ќе ги запознаеме најпознатите жители на Monkey Beach, а денот го заокружуваме на Koh Khai, мала тропска оаза за коктел, плажа и целосно уживање. Ова е оној Тајланд за кој се патува на другиот крај од светот.

Ден 5: Факултативен Излет: Капење со слонови и плажата Nai Harn

Ден што дефинитивно ќе го паметиме! Одиме на едно од најпосебните доживувања на Тајланд дружење со слонови, каде одблизу ќе ги запознаеме овие неверојатни животни, ќе ги храниме и ќе уживаме во заедничко капење и разладување во вода. Потоа продолжуваме кон Nai Harn Beach, една од најубавите плажи на Пукет, сместена во зелен залив со мек песок и тиркизно море. Остатокот од денот е резервиран за капење, сонце и вистински тропски одмор.

Ден 6: Факултативен Излет: Посета на James Bond

Одиме до едно од најиконичните места на Тајланд, James Bond Island! Пловиме низ неверојатниот Phang Nga Bay, каде од смарагдно зелената вода се издигнуваат огромни варовнички карпи и мали скриени острови. Ќе ја видиме познатата Ko Tapu, карпата што стана симбол на заливот по филмот The Man with the Golden Gun, ќе истражуваме скриени пештери и лагуни и ќе уживаме во едни од највпечатливите пејзажи на Пукет. Ден за авантура, брод, природа и Тајланд каков што го гледаме на разгледниците.

Ден 7: Одјавување од Хотел и лет до Бангкок

Се одјавуваме од хотел, во попладневните часови се упатуваме накај аеродромот во Пукет и се качуваме на краток лет до Бангкок. Стигнуваме во Бангкок и се сместуваме во нашиот хотел! Слободен ден низ Бангкок!

Ден 8: Факултативен Излет: Bangkok City Tour

Денес го откриваме Бангкок, град во кој традицијата и модерниот свет живеат еден покрај друг. Ќе ги посетиме неговите најпознати храмови и знаменитости, ќе прошетаме низ раздвижените улици полни со мириси, вкусови и локален живот и ќе ја почувствуваме енергијата на една од највозбудливите азиски метрополи. Од златни храмови и традиционална архитектура до облакодери, пазари и хаотични улици, денес го доживуваме вистинскиот Бангкок.

Ден 9: Слободен Ден

Последен ден во Тајланд!, одмараме и впиваме максимум од енергијата на Бангкок!

Ден 10: Поаѓање од Тајланд

Во раните утринските часови со организиран превоз се упатуваме кон Аеродромот во Бангкок. Се качуваме во авион и си одиме дома 🙁

Следни поаѓања

Поаѓање 02.12.2026
Враќање 11.02.2026
Денови 10
Стара Цена 1899 EUR
Цена 1499 EUR
Статус
Early Bird Промоција!
Поаѓање 02.12.2026
Враќање 11.02.2026
Денови 10
Стара Цена 1899 EUR
Цена 1699 EUR
Статус
Early Bird Промоција!

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Пукет со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Авионски Билет на релација Пукет-Бангкок со вклучен 20кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Авионски Билет на релација Бангкок-Скопје со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром на Пукет до Хотел
  • Oрганизиран Трансфер од Хотел на Пукет до Аеродром на Пукет
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Бангкок до Хотел
  • Oрганизиран Трансфер од Хотел во Бангкок до Аеродром
  • 5 ноќевања во Хотел 5* на Пукет со вклучен појадок
  • 3 ноќевања во Хотел 5* во Бангкок со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (299 ЕУР )
  • Факултативни Излети
  • Виза за влез во Тајланд – 80 евра

Факултативни излети

Пакет Факултативни Излети - Доживеј го ТАЈЛАНД како што доликува!

269 EUR / лице

Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.

БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

  1. Phuket City Tour
  2. Капење со слонови
  3. Посета на Phi Phi Islands
  4. Посета на James Bond Island
  5. Bangkok City Tour

Корисни информации

Сместување

Fishermans Harbour Urban Resort 5*

Fishermen’s Harbour Urban Resort 5★ – модерен resort во Patong, на околу 10 минути пеш од Patong Beach. Хотелот располага со пространи соби, базени, spa, фитнес, ресторан и pool bar, а Bangla Road и Jungceylon се на околу 15 минути пеш.

Maison Hotel Bangkok 5*

Maison Hotel Bangkok 5★ модерен и стилски хотел во срцето на Sukhumvit, во близина на BTS Nana и Ploenchit. Хотелот располага со надворешен базен, spa, фитнес и ресторани, и е одлична база за истражување на Бангкок.

Важнa напоменa

За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување.Во случај на недобивање на Виза, Агенцијата Роам Ароунд МК не одговара за задржаните средства поради одкажување од патувањето. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).