Moжност за плаќање на рати!
Овојпат одиме уште подалеку! ✈️ Започнуваме во Hong Kong – град на спектакуларни skyline-и, неонски светла, преполни улици и неверојатна енергија.
Продолжуваме кон Shanghai, футуристичкото лице на Кина, каде огромните облакодери се среќаваат со традиционалните квартови и легендарниот Bund. 🌃
За крај нè очекува Beijing – срцето на империјална Кина, со Забранетиот град, плоштадот Tiananmen и едно од најголемите светски чуда – Кинескиот ѕид. 🐉
Три неверојатни метрополи, древна историја, футуристички градови и една авантура низ Азија која тешко се споредува со било кое друго патување. 🇨🇳✨
Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 20:45 , преку Истанбул летаме за Хонг Конг.
Пристигнуваме во Хонг Конг околу 17:30. Со организиран превоз се упатуваме од аеродромот кон нашиот хотел и одмараме од долгиот пат.
Подгответе се да го запознаеме Hong Kong – една од највозбудливите метрополи во Азија! 🏙️
Ќе ги откриеме најпознатите делови на градот, ќе прошетаме меѓу огромните облакодери и неонските улици и ќе ја почувствуваме неверојатната мешавина на азиска традиција и модерен мегалополис.
Ќе уживаме во легендарниот поглед кон Victoria Harbour, ќе ги посетиме најинтересните градски точки и ќе го доживееме Hong Kong онака како што треба – динамичен, шарен и полн со енергија. 🇭🇰✨
Се одјавуваме од хотел. Денес е ден за возбудливо возење, со брз воз се упатуваме кон Шангаи. Пристигнуваме во Шангаи и се сместуваме во нашиот хотел.
По појадок, следува прошетка низ најинтересните делови на Шангај. Ќе ги посетиме познатите Yu Garden – традиционални кинески градини со езерца, мостови и прекрасна архитектура, сместени помеѓу модерните облакодери на градот. 🌿🏮
Продолжуваме кон Chenghuangmiao, еден од најживите делови на Шангај познат по локалните продавници, традиционалната атмосфера и уличната храна. 🥟
Денот го завршуваме во Tianzifang – уметнички кварт исполнет со мали улички, кафулиња, галерии и уникатни продавници. 🎨✨
Xitang е едно од најубавите водени гратчиња во Кина, познато по своите канали, стари куќи и тесни улички што водат покрај водата. Само на час и половина од Шангај, ова место нуди мирна атмосфера, совршена за прошетка, фотографирање и уживање во традиционална кинеска архитектура.
Ќе шетаме по старите мостови, ќе вкусиме локални закуски и ќе имаме слободно време за кафе покрај каналот или кратка возбудлива вожња со чамец. Ситан е совршено место за бегство од градската врева и запознавање со едно поавтентично лице на Кина.
Се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон железничката станица во Шангај. Со брз воз се упатуваме кон Пекинг. По неколку часа пристигнуваме во Пекинг и со организиран превоз до напиот хотел.
Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура. Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.
Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја што го прави едно од најимпресивните места во светот.
Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град – совршено место за фотографии и краток одмор.
Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.
Утрото го започнуваме со посета на едно од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид – симбол на упорност и истрајност, долг над 20.000 километри. Ќе имаме време за прошетка, фотографирање и уживање во спектакуларните пејзажи кои се простираат до хоризонтот.
По пауза за ручек, продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви. Ќе прошетаме покрај прекрасното езеро Кунминг, ќе ги видиме раскошните павилјони и ќе ја почувствуваме спокојната убавина што царувала овде со векови.
Совршен баланс помеѓу природа, архитектура и историја – оваа тура ги прикажува двете лица на кинеското наследство: моќта и елеганцијата.
Утрото се одјавуваме од Хотел и имаме слободно време цел ден во Пекинг. Препорачуваме да пробате Peking Duck! Околу 20:00 часот со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот во Пекинг и летаме назад накај Скопје.
Во раните утрински часови се упатуваме кон Аеродромот во Пекинг. Со Turkish Airlines, преку Истанбул се враќаме во Скопје. Во Скопје пристигнуваме околу 07:55 часот.
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.
БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
Замисли ден што започнува со утринска прошетка низ живописните улички на еден од најдинамичните градови во светот. Шангај те дочекува со своите контрасти – древни пагоди покрај огледала од стакло, мирис на темјан што тивко се меша со аромата на свежи чаеви и улична храна.
Ќе се восхитиш на елеганцијата на старата француска концесија, ќе прошеташ низ бујните градини и автентичните пазари, а потоа ќе застанеш на легендарниот Бунд – каде реката Хуангпу раскажува приказна за еден град што никогаш не престанува да сонува.
Секој чекор е фотографија. Секоја сцена – разгледница.
Ова не е обична прошетка низ град – ова е доживување што останува во срцето.
Xitang е едно од најубавите водени гратчиња во Кина, познато по своите канали, стари куќи и тесни улички што водат покрај водата. Само на час и половина од Шангај, ова место нуди мирна атмосфера, совршена за прошетка, фотографирање и уживање во традиционална кинеска архитектура.
Ќе шетаме по старите мостови, ќе вкусиме локални закуски и ќе имаме слободно време за кафе покрај каналот или кратка возбудлива вожња со чамец. Ситан е совршено место за бегство од градската врева и запознавање со едно поавтентично лице на Кина.
Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура. Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.
Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја што го прави едно од најимпресивните места во светот.
Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град – совршено место за фотографии и краток одмор.
Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.
Утрото го започнуваме со посета на едно од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид – симбол на упорност и истрајност, долг над 20.000 километри. Ќе имаме време за прошетка, фотографирање и уживање во спектакуларните пејзажи кои се простираат до хоризонтот.
По пауза за ручек, продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви. Ќе прошетаме покрај прекрасното езеро Кунминг, ќе ги видиме раскошните павилјони и ќе ја почувствуваме спокојната убавина што царувала овде со векови.
Совршен баланс помеѓу природа, архитектура и историја – оваа тура ги прикажува двете лица на кинеското наследство: моќта и елеганцијата.
По појадок, следува прошетка низ најинтересните делови на Шангај. Ќе ги посетиме познатите Yu Garden – традиционални кинески градини со езерца, мостови и прекрасна архитектура, сместени помеѓу модерните облакодери на градот. 🌿🏮
Продолжуваме кон Chenghuangmiao, еден од најживите делови на Шангај познат по локалните продавници, традиционалната атмосфера и уличната храна. 🥟
Денот го завршуваме во Tianzifang – уметнички кварт исполнет со мали улички, кафулиња, галерии и уникатни продавници. 🎨✨
Модерен хотел од познатиот Holiday Inn ланец, одлично позициониран за истражување на Shanghai. Хотелот нуди комфорни и современо уредени соби, ресторан, фитнес центар и бесплатен Wi-Fi.
Во непосредна близина се наоѓа метро станицата Zhenping Road, која овозможува лесно и брзо поврзување со најпознатите делови и атракции на Shanghai. Одличен избор за удобен престој во една од највозбудливите метрополи во Азија. 🇨🇳✨
Модерен и удобен хотел со одлична локација во Пекинг, во близина на Sanlitun и метро станици. Хотелот е познат по чистите соби, добриот појадок и одличната поврзаност со главните атракции во градот. ✨🇨🇳
Модерен хотел сместен на Hong Kong Island, со одлична локација и лесен пристап до најпознатите делови на градот. 🇭🇰
Хотелот нуди комфорни и пространи соби, бесплатен Wi-Fi, ресторан и 24-часовна рецепција. Благодарение на добрата поврзаност со јавниот превоз, лесно се стигнува до Central, Victoria Harbour и останатите атракции на Hong Kong.
Одлична база за истражување на градот и уживање во неверојатната енергија на Hong Kong. 🌃✨
За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).