ОД ИМПЕРИЈАЛНА КИНА ДО СВЕТЛАТА НА ХОНГ КОНГ - ЕДНО ПАТУВАЊЕ, ДВА СОСЕМА РАЗЛИЧНИ СВЕТОВИ. 🇨🇳✨

ТРИ ГРАДА, ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА АВАНТУРА НИЗ ЛИЦАТА НА КИНА 🇨🇳✨

Поаѓање

05.04.2027

Враќање:

15.04.2027

Број на денови:

11

Цена од

Сега од

2099 EUR

1799 EUR

Moжност за плаќање на рати!

🇨🇳 КИНА & ХОНГ КОНГ – ТРИ ГРАДА, ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА АВАНТУРА

Овојпат одиме уште подалеку! ✈️ Започнуваме во Hong Kong – град на спектакуларни skyline-и, неонски светла, преполни улици и неверојатна енергија.

Продолжуваме кон Shanghai, футуристичкото лице на Кина, каде огромните облакодери се среќаваат со традиционалните квартови и легендарниот Bund. 🌃

За крај нè очекува Beijing – срцето на империјална Кина, со Забранетиот град, плоштадот Tiananmen и едно од најголемите светски чуда – Кинескиот ѕид. 🐉

Три неверојатни метрополи, древна историја, футуристички градови и една авантура низ Азија која тешко се споредува со било кое друго патување. 🇨🇳✨

Програма

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 20:45 , преку Истанбул летаме за Хонг Конг.

Ден 2: Пристигнување во Хонг Конг

Пристигнуваме во Хонг Конг околу 17:30. Со организиран превоз се упатуваме од аеродромот кон нашиот хотел и одмараме од долгиот пат. 

Ден 3: Факултативен Излет: Hong Kong City Tour

Подгответе се да го запознаеме Hong Kong – една од највозбудливите метрополи во Азија! 🏙️

Ќе ги откриеме најпознатите делови на градот, ќе прошетаме меѓу огромните облакодери и неонските улици и ќе ја почувствуваме неверојатната мешавина на азиска традиција и модерен мегалополис.

Ќе уживаме во легендарниот поглед кон Victoria Harbour, ќе ги посетиме најинтересните градски точки и ќе го доживееме Hong Kong онака како што треба – динамичен, шарен и полн со енергија. 🇭🇰✨

Ден 4: Одјавување од Хотел и трансфер со брз воз до Шангаи

Се одјавуваме од хотел. Денес е ден за возбудливо возење, со брз воз се упатуваме кон Шангаи. Пристигнуваме во Шангаи и се сместуваме во нашиот хотел.

Ден 5: Факултативен Излет: Прошетка низ Шангај

По појадок, следува прошетка низ најинтересните делови на Шангај. Ќе ги посетиме познатите Yu Garden – традиционални кинески градини со езерца, мостови и прекрасна архитектура, сместени помеѓу модерните облакодери на градот. 🌿🏮

Продолжуваме кон Chenghuangmiao, еден од најживите делови на Шангај познат по локалните продавници, традиционалната атмосфера и уличната храна. 🥟

Денот го завршуваме во Tianzifang – уметнички кварт исполнет со мали улички, кафулиња, галерии и уникатни продавници. 🎨✨

Ден 6: Факултативен Излет: Посета на водниот град Xitang

Xitang е едно од најубавите водени гратчиња во Кина, познато по своите канали, стари куќи и тесни улички што водат покрај водата. Само на час и половина од Шангај, ова место нуди мирна атмосфера, совршена за прошетка, фотографирање и уживање во традиционална кинеска архитектура.

Ќе шетаме по старите мостови, ќе вкусиме локални закуски и ќе имаме слободно време за кафе покрај каналот или кратка возбудлива вожња со чамец. Ситан е совршено место за бегство од градската врева и запознавање со едно поавтентично лице на Кина.

Ден 7: Трансфер со брз воз до Пекинг

Се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон железничката станица во Шангај. Со брз воз се упатуваме кон Пекинг. По неколку часа пристигнуваме во Пекинг и со организиран превоз до напиот хотел.

Ден 5: Факултативен Излет: Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park

Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура. Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.

Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја што го прави едно од најимпресивните места во светот.

Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град – совршено место за фотографии и краток одмор.

Ден 8: Факултативен Излет: Great Wall of China & Summer Palace

Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.
Утрото го започнуваме со посета на едно од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид – симбол на упорност и истрајност, долг над 20.000 километри. Ќе имаме време за прошетка, фотографирање и уживање во спектакуларните пејзажи кои се простираат до хоризонтот.

По пауза за ручек, продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви. Ќе прошетаме покрај прекрасното езеро Кунминг, ќе ги видиме раскошните павилјони и ќе ја почувствуваме спокојната убавина што царувала овде со векови.

Совршен баланс помеѓу природа, архитектура и историја – оваа тура ги прикажува двете лица на кинеското наследство: моќта и елеганцијата.

Ден 9: Одјавување од хотел и слободен ден во Пекинг

Утрото се одјавуваме од Хотел и имаме слободно време цел ден во Пекинг. Препорачуваме да пробате Peking Duck! Околу 20:00 часот со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот во Пекинг и летаме назад накај Скопје.

Ден 10: Враќање во Скопје

Во раните утрински часови се упатуваме кон Аеродромот во Пекинг. Со Turkish Airlines, преку Истанбул се враќаме во Скопје. Во Скопје пристигнуваме околу 07:55 часот.

Следни поаѓања

Поаѓање 05.04.2027
Враќање 15.04.2027
Денови 11
Стара Цена 2099 EUR
Цена 1799 EUR
Статус
Early Bird Промоција!

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Истанбул-Хонг Конг со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж со Turkish Airlines
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Хонг Конг до Хотел
  • Организира  Трансфер од Хотел во Хонг Конг до Железничка станица во Хонг Конг
  • 2 ноќевања во 4* Хотел во Хонг Конг  со вклучен појадок
  • Трансфер со експресен Воз од Хонг Конг до Шангај
  • Трансфер од Железничка станица во Шангај до Хотел во Шангај
  • 3 ноќевања во 4* Хотел во Шангај со вклучен појадок
  • Трансфер со експресен Воз од Шангај до Пекинг
  • Трансфер од Железничка станица во Пекинг до Хотел во Пекинг
  • 3 ноќевања во 4* Хотел во Пекинг со вклучен појадок
  • Организиран Аер0дромски Трансфер од Пекинг до Аеродром
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (370 ЕУР )
  • Факултативни Излети
  • Туристичка такса за Хонг Конг и Кина – 5 евра / лице / ноќ ( се плаќа во агенцијата при доплата на аранжманот )

Факултативни излети

Пакет Факултативни Излети - Доживеј ја Кина на најдобриот начин!

349 EUR / лице

Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.

БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

  1. Shanghai City Tour
  2. Посета на водниот град Xitang
  3. Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park
  4. Посета на Кинескиот Sид & Summer Palace
  5. Hong Kong City Tour

Shanghai City Tour

Вклучено во Пакетот

Замисли ден што започнува со утринска прошетка низ живописните улички на еден од најдинамичните градови во светот. Шангај те дочекува со своите контрасти – древни пагоди покрај огледала од стакло, мирис на темјан што тивко се меша со аромата на свежи чаеви и улична храна.

Ќе се восхитиш на елеганцијата на старата француска концесија, ќе прошеташ низ бујните градини и автентичните пазари, а потоа ќе застанеш на легендарниот Бунд – каде реката Хуангпу раскажува приказна за еден град што никогаш не престанува да сонува.

Секој чекор е фотографија. Секоја сцена – разгледница.
Ова не е обична прошетка низ град – ова е доживување што останува во срцето.

Посета на водниот град Xitang

Вклучено во Пакетот

Xitang е едно од најубавите водени гратчиња во Кина, познато по своите канали, стари куќи и тесни улички што водат покрај водата. Само на час и половина од Шангај, ова место нуди мирна атмосфера, совршена за прошетка, фотографирање и уживање во традиционална кинеска архитектура.

Ќе шетаме по старите мостови, ќе вкусиме локални закуски и ќе имаме слободно време за кафе покрај каналот или кратка возбудлива вожња со чамец. Ситан е совршено место за бегство од градската врева и запознавање со едно поавтентично лице на Кина.

Прошетка низ Пекинг - Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park

Вклучено во Пакетот

Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура. Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.

Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја што го прави едно од најимпресивните места во светот.

Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град – совршено место за фотографии и краток одмор.

Посета на Кинескиот Ѕид - Great Wall of China & Summer Palace

Вклучено во Пакетот

Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.
Утрото го започнуваме со посета на едно од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид – симбол на упорност и истрајност, долг над 20.000 километри. Ќе имаме време за прошетка, фотографирање и уживање во спектакуларните пејзажи кои се простираат до хоризонтот.

По пауза за ручек, продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви. Ќе прошетаме покрај прекрасното езеро Кунминг, ќе ги видиме раскошните павилјони и ќе ја почувствуваме спокојната убавина што царувала овде со векови.

Совршен баланс помеѓу природа, архитектура и историја – оваа тура ги прикажува двете лица на кинеското наследство: моќта и елеганцијата.

Yu Garden, Chenghuangmiao и Tianzifang.

Вклучено во Пакетот

По појадок, следува прошетка низ најинтересните делови на Шангај. Ќе ги посетиме познатите Yu Garden – традиционални кинески градини со езерца, мостови и прекрасна архитектура, сместени помеѓу модерните облакодери на градот. 🌿🏮

Продолжуваме кон Chenghuangmiao, еден од најживите делови на Шангај познат по локалните продавници, традиционалната атмосфера и уличната храна. 🥟

Денот го завршуваме во Tianzifang – уметнички кварт исполнет со мали улички, кафулиња, галерии и уникатни продавници. 🎨✨

Корисни информации

Сместување

Holiday Inn Shanghai Zhenping 4*

Модерен хотел од познатиот Holiday Inn ланец, одлично позициониран за истражување на Shanghai. Хотелот нуди комфорни и современо уредени соби, ресторан, фитнес центар и бесплатен Wi-Fi.

Во непосредна близина се наоѓа метро станицата Zhenping Road, која овозможува лесно и брзо поврзување со најпознатите делови и атракции на Shanghai. Одличен избор за удобен престој во една од највозбудливите метрополи во Азија. 🇨🇳✨

Holiday Inn Express Beijing Dongzhimen

Модерен и удобен хотел со одлична локација во Пекинг, во близина на Sanlitun и метро станици. Хотелот е познат по чистите соби, добриот појадок и одличната поврзаност со главните атракции во градот. ✨🇨🇳

Best Western Hotel Hong Kong 4*

Модерен хотел сместен на Hong Kong Island, со одлична локација и лесен пристап до најпознатите делови на градот. 🇭🇰

Хотелот нуди комфорни и пространи соби, бесплатен Wi-Fi, ресторан и 24-часовна рецепција. Благодарение на добрата поврзаност со јавниот превоз, лесно се стигнува до Central, Victoria Harbour и останатите атракции на Hong Kong.

Одлична база за истражување на градот и уживање во неверојатната енергија на Hong Kong. 🌃✨

Важнa напоменa

За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).