Кампер возилата се Fiat Doblo Maxi 2020/2024 наменети за две лица. Има можност и за други возила по дополнително барање.
Да, има можност за поголем кампер за кој следува доплата во зависност од бројот на лица во камперот.
По завршување на нашата дневна програма, секоја вечер престојуваме во кампови во кои се достапни тушеви, тоалети, простор за дружење, кујна, машини за перење/сушење алишта итн…
Камповите се во стилот на дрвени куќички и се преубаво уредени. Овде секогаш се дружиме и готвиме заедно! 🙂
Камперите имаат сопствен систем на греење (вебасто), со кој имате можност да ја прилагодите сами температурата во камперот.
Мадеира има одлична температура во текот на целата година. Ве очекуваат температури помеѓу 20-30 степени. Времето е пријатно и одлично за прошетки и плажирање.
Нашите тури за Мадеира се организирани за максимално уживање и не ве очекува никакво пешачење/планинарење.
Цените се умерени. Може да се најде добра храна во ресторани за 10–15 €, меѓутоа има стандардни европски цени низ целиот остров.
Да, Мадеира е одлична дестинација за патување со деца, а нашата тура е специјално организирана да биде лежарна и без напорно пешачење. Сите активности се внимателно одбрани за да бидат лесно достапни, со доволно време за одмор и уживање. Ќе ги посетиме најубавите атракции на островот со комфорно превозно средство, а патувањето е прилагодено и за најмалите патници.
Кампер возилата се Toyota Pro Ace Mini 2020/2024, наменети за две лица. Има можност и за други возила по дополнително барање.
Да, има можност за поголем кампер за кој следува доплата во зависност од бројот на лица во камперот.