✨ Азија како од филм – една тура, 3 неверојатни држави! 🌏✈️
Moжност за плаќање на рати!
Подгответе се за авантура низ магичната Кина, егзотичниот Виетнам и тропскиот Тајланд! 🇨🇳🇻🇳🇹🇭
🏮 Во Пекинг ќе ги откриеме најпознатите симболи на Кина, древни храмови, традиционална архитектура и неверојатната атмосфера на еден од најголемите градови во светот.
🌆 Патувањето продолжува во Хо Ши Мин, град полн со живот, улична храна, скутери, ноќни пазари и уникатна виетнамска култура која никого не остава рамнодушен.
🌴 А за крај, Тајланд! Ќе уживаме во енергијата на Бангкок, rooftop барови, street food и храмови, а потоа следуваат денови за релаксација на плажите во Пукет, со тиркизно море, палми и вистински tropical vibe. ☀️🍹
Ова не е само патување, ова е тура што ќе ви даде три различни светови во едно незаборавно искуство. ✨
Поаѓаме од Скопје во 20:15 на лет до Истанбул со Туркиш Аирлинес. Потоа се качуваме на авион до Пекинг.
Пристигнуваме во Шангај околу 15:30. Со организиран превоз се упатуваме од аеродромот кон нашиот хотел и одмараме од долгиот пат.
Овој ден го посветуваме на срцето на кинеската историја и култура. Ќе започнеме со прошетка низ Тјенанмен, најголемиот плоштад во светот и симбол на модерна Кина, каде се наоѓаат важни обележја како Маузолејот на Мао и Народниот конгрес.
Потоа влегуваме во спектакуларниот Забранет град – поранешната царска палата со над 900 згради, со вековна архитектура и богата историја што го прави едно од најимпресивните места во светот.
Екскурзијата ја заокружуваме со искачување на ридот во Паркот Џингшан, од каде се отвора панорамски поглед на целиот Забранет град – совршено место за фотографии и краток одмор.
Овој ден е резервиран за две од највеличествените знаменитости на Кина.
Утрото го започнуваме со посета на едно од највпечатливите и најдобро зачувани делови на Кинескиот Ѕид – симбол на упорност и истрајност, долг над 20.000 километри. Ќе имаме време за прошетка, фотографирање и уживање во спектакуларните пејзажи кои се простираат до хоризонтот.
По пауза за ручек, продолжуваме кон Летната палата, поранешното летно прибежиште на кинеските цареви. Ќе прошетаме покрај прекрасното езеро Кунминг, ќе ги видиме раскошните павилјони и ќе ја почувствуваме спокојната убавина што царувала овде со векови.
Совршен баланс помеѓу природа, архитектура и историја – оваа тура ги прикажува двете лица на кинеското наследство: моќта и елеганцијата.
Наутро се одјавуваме од нашиот хотел во Пекинг, ги оставаме куферите на рецепција и спремни сме да го истражиме Пекинг. Во вечерните часови со организиран трансфер одиме до Аеродромот во Пекинг и се качуваме во авион до Виетнам!
Пристигнуваме во Хо Ши Мин, со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел и одмараме од патот!
Ова не е град што се истражува сам ова е град каде ви треба водич што знае како да помине улица низ сообраќај кој никогаш не застанува на пешачки. 😄🛵
Заедно ќе го доживееме вистинскиот дух на Хо Ши Мин, град полн со живот, endless скутери, локални пазари, street food и енергија што не се опишува, туку се доживува. ✨
Подгответе се за едно од најинтересните и најхаотично добри искуства во Азија! 🇻🇳
Нè очекува авантура низ легендарната Mekong Delta, ќе пловиме по реката Меконг со традиционални чамчиња, опкружени со тропска природа и локални села што изгледаат како да застанале во времето. 🛶✨
Ќе посетиме и локална фабрика за кокосови бонбони 🥥, ќе пробаме традиционален виетнамски Snake Wine во кое има вистинска кобра 🐍🍶 и ќе уживаме во ручек покрај Меконг со автентична локална храна. 🍜
Ова не е обичен излет, ова е вистински азиски experience. 🌿
Едно од најневеројатните и најисториски места во Виетнам, познатите Cu Chi тунели. 🌿
Ќе имаме можност да видиме како изгледала огромната подземна мрежа од тунели кои биле користени за време на Виетнамската војна, со скриени влезови, подземни простории, кујни и тесни премини низ кои денес можат да поминат и посетителите. 😮
Место кое најдобро покажува колку неверојатна историја и приказни крие Виетнам.
Ќе пробаме свежа Касава, а најхрабрите ќе имаат шанса да влезат во вистински тунел!✨
Во раните утрински часови, со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот во Хо Шо Мин и поаѓаме накај Пукет.
Спремни со костими за капење, пристигнуваме, со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел кој е на сама плажа и веднаш се фрламе во вода!
Ден за одмор!
Тиркизно море, бели плажи и карпи што изгледаат како од филм – Phi Phi Islands се едно од најпознатите и најубавите места во Тајланд. ✨
Со speed boat ќе пловиме низ тропските острови, ќе имаме можност за капење во кристално чисто море 🌊, snorkeling 🐠 и уживање во вистински tropical paradise vibe.
Ова се островите што ги имате гледано по Instagram и travel видеа – а сега ќе ги доживееме и во живо. ☀️🌴
Еден од најпосебните излети во Тајланд – блиска средба со слоновите во тропската природа на Пукет. 🌴✨
Ќе имаме можност да поминеме време со овие неверојатни животни, да ги храниме, фотографираме и да уживаме во уникатен излет! 🐘💦
Моментите поминати со слоновите се едни од оние што најдолго се паметат од Тајланд. ☀️
Уживај, одмарај, наполни батерии. Денес впиваш од Азиското сонце!
Во раните утрински часови се упатуваме кон аеродромот во Пукет и се качуваме во авион до Бангкок, главниот град на Тајланд! Се сместуваме во преубав хотел во центарот и се нурнуваме во динамиката на овој град!
Град каде модерните облакодери, златните храмови и хаотичниот азиски vibe се спојуваат во едно незаборавно experience. ✨
Заедно ќе прошетаме низ најживите улици на Бангкок, ќе ја почувствуваме енергијата на градот, street food културата 🍜, night market атмосферата и познатите rooftop views по кои Бангкок е светски познат. 🌃
Конечно, овој одмор завршува, знаеме дека изгледа како да си поминал неколку години во Азија, а така и ќе се чувствуваш после ваков одмор! Се качуваме на лет до Истанбул, а потоа до Скопје!
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.
БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).
За влез во Виетнам и Тајланд потребна е ВИЗА. Агенцијата Роам Ароунд може да посредува за добивање на ВИЗА доколку се одлучите да аплицирате преку нас, во спротивно секој патник е должен сам да се информира и навремено да ги обезбеди потребните документации за патување. Агенцијата Роам Ароунд МК не е одговорна при случај на недобивање на Виза.
Модерен и stylish хотел во Пекинг со одлична локација веднаш до метро станицата, што го прави супер избор за истражување на градот. ✨🇨🇳
Хотелот е познат по современиот дизајн, чистите и комфорни соби, cozy атмосферата и одличната поврзаност со најпознатите делови на Пекинг. Во близина има молови, ресторани и локални street food места, а до центарот лесно се стигнува со метро.
Хотел со одлична локација во самиот центар на Хо Ши Мин, во близина на најживите улици, ресторани и пазари. 🇻🇳✨
Собите се чисти и комфорни одлични за градски престој додека го истражуваме Виетнам. Хотелот има пријатна атмосфера и е добар избор за патници кои сакаат добра локација и лесен пристап до главните атракции во градот.
Хотел сместен веднаш покрај плажата во Патонг, со одлична локација за уживање во морето, night market атмосферата и најживиот дел од Пукет. ✨
Хотелот располага со базен, ресторан и соби со поглед кон море или град, а Bangla Road и главните случувања во Патонг се на само неколку минути пешачење. Одличен избор за патници кои сакаат комбинација од плажа, прошетки и вечерна атмосфера.
Модерен хотел сместен покрај реката Chao Phraya, во помирниот дел на Бангкок, со прекрасен поглед кон реката и skyline атмосфера. ✨
Хотелот располага со базен покрај река, ресторан, фитнес центар и комфорни соби со модерен ентериер. Одличен избор за одмор по хаотичните улици на Бангкок, а најпознатите атракции како Khao San Road и Grand Palace се на кратко возење од хотелот.
За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).
За влез во Виетнам и Тајланд потребна е ВИЗА. Агенцијата Роам Ароунд може да посредува за добивање на ВИЗА доколку се одлучите да аплицирате преку нас, во спротивно секој патник е должен сам да се информира и навремено да ги обезбеди потребните документации за патување. Агенцијата Роам Ароунд МК не е одговорна при случај на недобивање на Виза.