МАДЕИРА, ПОРТО И ЛИСАБОН - ВИСТИНСКО БЕГСТВО ОД РЕАЛНОСТА

Мадеира е прогласена за најдобар остров за 2026 година! Островот на вечната пролет те повикува, а оваа година ги додадовме и ПОРТО и ЛИСАБОН во програмата!

Поаѓање

02.02.2027

Враќање:

10.02.2027

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

1399.00 EUR

1299 EUR

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

Мадеира – „Бисерот на Атлантикот“, е тропски рај што наликува на Хаваи – драматични карпи, егзотична природа, водопади, црни плажи, природни базени и магични погледи кон океанот. Со Роам Ароунд го истражуваме островот од еден до друг крај, уживаме во најубавите видиковци и ја запознаваме локалната култура, виното и традиционалната понча!

А потоа продолжуваме кон Порто романтичен град покрај реката Дуро, со шарени куќи, тесни улички и прекрасни погледи, каде ќе ја почувствуваме вистинската португалска атмосфера.

За крај нè очекува Лисабон градот на жолтите трамваи, Алфама, шарените фасади и Pastel de Nata. 🇵🇹

Три различни лица на Португалија во едно незаборавно патување – Мадеира, Порто и Лисабон!

Програма

Ден 1: Поаѓање од Скопје и пристигнување во Порто

Нашата авантура започнува со поаѓање од аеродромот во Скопје. Преседнување во Истанбул и лет до Порто. Со организиран превоз се упатуваме кон нашиот хотел во Порто.

 

Ден 2: Факултативен Излет: Porto City Tour

Денес го истражуваме шармантниот Порто – градот на шарените фасади, тесните улички и прекрасните погледи кон реката Дуро! Прошетуваме низ историскиот центар, ја посетуваме познатата Ribeira, легендарниот мост Dom Luís I и некои од најубавите точки во градот. Секако, оставаме време и за чаша познато Porto вино со поглед кој се памети! 🍷

Ден 3: Лет за Мадеира + Факултативен Излет: Посета на градот Фунчал | Возење со Жичара + Тропска Градина

Се одјавуваме од хотел во раните утрински часови. Со организиран трансфер се упаатуваме кон Аеродромот во Порто и се качуваме на авион до Мадеира. Пристигнуваме на Мадеира и со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел на Мадеира.

Денот ни започнува со пешачка прошетка низ главниот град на Мадеира – Фунчал. Се шетаме низ шарените улички и уживаме во магичниот поглед кон океанот. Го посетуваме центарот на градот, најшарениот пазар со тропско овошје и се движиме кон стариот дел на градот. Нашата следна точка – возење со најпознатата жичара на Мадеира! Авантуристичко искуство од 20 минути што нè носи над зелените ритчиња до една од највпечатливите тропски градини на островот. Уживаме во највпечатливата тропска градина на Мадеира – Monte Palace, опкружени со егзотична природа и ретки растенија што ќе ви ги разбудат сите сетила. А потоа, како совршен завршеток – дегустација на прочуеното мадеиранско вино. Искуство што се памети!По завршување на факултативниот излет, следува слободно време во Фунчал – идеална можност за вкусен ручек, кафе со поглед или индивидуална прошетка низ градот.

Ден 4: Факултативен Излет: Северна Мадеира

Третиот ден е резервиран за нови авантури, односно го посетуваме цел западен дел на Мадеира. Денот започнува со посета на еден од најпознатите барови за понча на цел остров каде што заедно ќе научиме како се прави традиционалниот пијалок и ќе дегустираме. Следна точка се природните вулкански базени во Porto Moniz, каде што ќе имаме пауза од неколку часа за ручек, пливање и релаксација. Ја посетуваме најпознатата црна плажа на Мадеира – Seixal Beach. Потоа се упатуваме кон волшебната шума Fanal – заштитена од UNESCO и позната по своите искривени дрвја и мистична магла. Сместена на 1300 метри надморска височина, оваа шума изгледа како сцена од филм и нуди незаборавно доживување во срцето на природата.

Враќање во хотел и слободно време за одмор.

Ден 5: Факултативен Излет: Западна Мадеира

Четвртиот ден е резервиран за нови авантури, односно го посетуваме цел западен дел на Мадеира. Денот започнува со посета на малото рибарско селце Camara de Lobos, омиленото место на познатиот Черчил. Ја посетуваме најпрестижната винарија на Мадеира каде што ќе имаме прилика да дегустираме од најубавото Мадеирско вино. Потоа се упатуваме кон највисокиот sea cliff (морска карпа) во Европа – Cabo Girão, каде што ќе уживаме во магичните погледи кон океанот.  Следно уживаме на најубавата портокалова плажа во Calheta! Правиме подолга пауза од неколку часа за ручек, плажирање, пливање во океан и дружење.

За крај, го посетуваме водопадот Cascata dos Anjos кој паѓа директно на патот. Правиме незаборавни фотки и потоа се враќаме во хотел.

Ден 6: Факултативен Излет: Источна Мадеира

Петтиот ден е резервиран за најубавите планински врвови, природа и видиковци!Утрото го започнуваме со возење до еден од највисоките врвови на Мадеира – Pico do Arieiro (1800м), каде ќе уживаме во спектакуларни панорамски погледи, ќе прошетаме по планинските патеки и ќе го испиеме кафето со најубавата глетка што можете да си ја замислите. Ја посетуваме последната фабрика за рум од шеќерна репка во Европа, дегустираме од румот и уживаме на спектакуларна сурферска плажа. Потоа го посетуваме малото гратче Сантана, кое ќе ве освои со своите шарени куќички и неповторливи, шармантни глетки. Правиме подолга пауза за ручек. Следно посетуваме два неверојатни видиковци, со поглед кој изгледа како да е од филм – Miradouro do Guindaste и Ponta do Rosto São Lourenço.За крај, денот го завршуваме со плажирање на портокаловата плажа во Machico, која има прекрасни пејзажи кои наликуваат како да се наоѓате на Хаваи. Враќање во хотел.

Ден 7: Поаѓање од Мадеира кон Лисабон

Во утринските часови со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот на Мадеира.

Се качуваме на авион до Лисабон. Пристигнуваме и со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во Лисабон. Слободен Ден за одмор од летот.

Ден 8: Факултативен Излет: Прошетка низ градот Лисабон

Денес го истражуваме шармантниот Лисабон – градот на жолтите трамваи, шарените фасади и прекрасните погледи кон реката Тежо! Прошетуваме низ историскиот центар и живописната Алфама, ги посетуваме најпознатите плоштади и видиковци и ја чувствуваме вистинската португалска атмосфера. Секако, оставаме време и за познатиот Pastel de Nata! ✨

Ден 9: Поаѓање од Лисабон кон Скопје

Поаѓање од Лисабон кон Скопје. Со преседнување во Истанбул, пристигнуваме во Скопје во попладневните часови. Крај на патувањето.

Следни поаѓања

Поаѓање 02.02.2027
Враќање 10.02.2027
Денови 9
Стара Цена 1499 ЕУР
Цена 1299 ЕУР
Статус
Early Bird Промоција!

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Порто со вклучен 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж (Turkish Airlines)
  • Авионски транспорт од Порто до Мадеира со вклучен 20кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж (EasyJet)
  • Авионски транспорт од Мадеира до Лисабон со вклучен 20кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж (EasyJet)
  • Авионски транспорт од Лисабон до Скопје со вклучен 23кг. чекиран и 8 кг. рачен багаж (Turkish Airlines)
  • Хотелско Сместување на Мадеира 4 ноќеања со вклучен појадок
  • Хотелско Смесутвање во Порто 2 ноќевања со вклучен појадок
  • Хотелско Смесутвање во Лисабон 2 ноќевања со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел на Мадеира
  • Трансфер од хотел на Мадеира до аеродром
  • Трансфер од Аеродром во Порто до хотел
  • Трансфер од Хотел во Порто до Аеродром
  • Трансфер од Аеродром во Лисабон до хотел
  • Трансфер од Хотел во Лисабон до Аеродром
  • Претставник на дестинација
  • 3 БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ (Работилница за правење на традиционален пијалок – понча, Посета на винарија + дегустирање на вино, посета на фабрика за производство на рум од шеќерна репка + дегустирање на рум)
  • СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
  • Специјален РОАМ АРОУНД МК пакет!
    Со РОАМ АРОУНД МК пасошот кој е дел од Роам Ароунд Специјалниот Пакет собираш печати од буквално секое патување на кое ќе дојдеш со нас. Откако ќе го пополниш пасошот со печати добиваш БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ по твој избор од нашата палета на понуди!

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети
  • Храна ( ручек, вечера )
  • Доплата за еднокреветна соба (350 евра)
  • Патничко Осигурување
  • Туристичка такса: 2 евра по лице по ноќ ( се плаќа на лице место во хотелот )
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Цена: 349 евра по лице

Ви препорачуваме да го изберете пакетот факултативни излети, со кој ќе го откриете буквално секое ќоше на Мадеира. Секој дел од островот носи своја уникатна приказна, различна природа, плажи и култура. Пакетот е внимателно креиран за да ви понуди совршен баланс меѓу релакс на плажа, уживање во природа и возбудливи авантури. Секој ден ве очекува ново доживување – заедно го истражуваме целиот остров! По пристигнување во Порто, имаме прошетка низ градот и уживање низ најпознатите улички.

  • 3 БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ (Работилница за правење на традиционален пијалок – понча, Посета на винарија + дегустирање на вино, посета на фабрика за производство на рум од шеќерна репка + дегустирање на рум)

 

Корисни информации

Сместување

Хотелско сместување на Мадеира

Се сместуваме на Мадеира, на само неколку километри од главниот град Фунчал. Хотелот има 3 сопствени базени, поглед на океанот, ресторан и целиот комплекс изгледа како да се наоѓате во една голема тропска градина! Хотелот е со вклучен појадок. Локацијата на овој хотел е на едно од најубавите места на Мадеира – предел со најубавите видиковци, во непосредна близина на еден од најпознатите видиковци, каде што имате шанса да го гледате најубавото изгрејсонце/зајдисонце и да се возите со жичара до плажа!

 

*Фотографиите служат само како пример за сместување.

Хотелско Сместување во Порто

Нашиот хотел во Порто е совршено сместување за вашата авантура во градот. Лоциран во срцето на Порто, само неколку минути од најубавите знаменитости, хотелот нуди удобни и модерни соби.

Совршено бегство од реалноста!

 

*Фотографиите служат само како пример за сместување.

Хотелско Сместување во Лисабон

Сместување во хотел во Лисабон, одлична база за истражување на португалската престолнина. Уживајте во слободното време за прошетки, локална храна, шармантни кафулиња и вечерната атмосфера на градот. 🇵🇹

 

*Фотографиите служат само како пример за сместување.

Важнa напоменa

Сумата за резервација на место е 300 евра / по лице. Остатокот од сумата можете да го доплатите најдоцна 15 дена пред поаѓање, како вас ви одговара. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете сместени во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 350 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг/a соло патник/патничка, по случаен избор од групата. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Патничко Осигурување не е вклучено во цената. Турата е наменета за сите возрасти и е погодна за деца.
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!