МАРОКО ЛЕТО: ALL INCLUSIVE - ТВОЈАТА НОВА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ОДМОР

ЕДИНСТВЕНА ПОНУДА НА ЦЕЛ БАЛКАН – ТВОЈАТА НОВА ОМИЛЕНА ALL INCLUSIVE ДЕСТИНАЦИЈА

Поаѓање

21.06.2026

Враќање:

28.06.2026

Број на денови:

8

Цена од

Сега од

1499.00 EUR

1199 EUR

МАРОКО – ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО ПУСТИНАТА РАСКАЖУВА ПРИКАЗНИ!

Нашата тура е создадена за патници кои сакаат да ги видат најубавите делови на Мароко, да ја почувствуваат локалната култура и да го доживеат најдоброто од историјата, урбаниот дух и традицијата.Ова патување е создадено за луѓе што сакаат да видат повеќе, да почувствуваат подлабоко и да се вратат дома побогати со искуства што остануваат засекогаш.

Првите чекори во Маракеш се како влез во друга димензија – град на традиција, мистичност и архитектура што плени. Секоја улица носи нова приказна, секоја боја нова енергија. Ова е град што пулсира со боја, енергија и традиција, а мирисите на зачини, шарените базари и ориенталната архитектура создаваат атмосфера каква што нема на друго место.

А потоа се упатуваме кон Агадир, каде се сместуваме во нашиот резорт и уживаме во All Inclusive пакетот. Стануваш од спиење и бираш, дали на плажа да си седиш со коктел или на базен, оставаме на тебе!

Ова не е досадна All Inclusive Програма, ова е патување за вистински одмор и доживување на Мароканската култура.
Ова е доживување што секој патник треба да го искуси!

Програма

Ден 1: Поаѓање и пристигнување

Поаѓање од Скопје, кратко преседнување и пристигнување во Маракеш. Се сместуваме во хотел и одмараме од патот. Можност за посета на Пустината Агафај за гледање на зајдисонце.

Ден 2: Прошетка низ Маракеш (факултативен излет) и трансфер до Агадир.

Нашата авантура во Маракеш започнува со прошетка низ Медината на Маракеш, лавиринт од тесни улици полни со живот и историја, каде локалните мајстори создаваат кожни производи и уникатни ракотворби. Потоа ја посетуваме раскошната палата Bahia Palace, со извонредни мозаични детали, дрвени резби и мирни градини, а потоа се восхитуваме на гробниците Saadi, некропола од 16 век каде секој камен раскажува приказна од минатото. Следува El Badi Palace, некогаш сјаен дворец кој и денес плени со својата величина и историја.

Се восхитуваме на импресивната џамија Koutoubia Mosque, чиј минарет доминира над градскиот хоризонт, а турата завршува на легендарниот Jemaa el-Fnaa, плоштад полн со улични уметници, ароми на зачини и енергија што го прави Маракеш незаборавен. Во Маракеш не се шетате само низ град – го доживувате со сите сетила, чувствувате пулс на традицијата и модерното, и секој чекор ве носи подлабоко во душата на Мароко.

Потоа се упатуваме кон Агадир каде што се сместуваме во нашиот Резорт.

Ден 3: Слободен ден во Агадир

Слободен Ден во Агадир

Ден 4: Посета на Paradise Valley (факултативен излет)

Влегуваме во скриениот рај на Мароко – кристално чисти водопади што паѓаат во природни базени, зелени оази меѓу камените канали и патеки кои водат низ вистинска магија на природата. Чувствувате како свежиот воздух и звукот на водата ве опуштаат, а секој чекор открива нова сцена за незаборавни фотки.

Ден 5: Слободен Ден во Агадир

Уживаме во неверојатни панорамски погледи на планините Атлас, посетуваме традиционални берберски села и живописни долини. Ги истражуваме тивките планински патеки, и се восхитуваме на културата и гостопримството на локалното население. Ова е едно од највпечатливите природни богатства на Мароко.

Ден 6: Посета на Ksar Massa Souss Desert (факултативен излет)

Старите Ksars, камени тврдини што чувале богатство и приказни низ вековите, се спојуваат со бескрајните песочни дини на Souss пустината. Чувствувате како времето застанува додека се движите низ тивките патеки, гледате необични природни форми и уживате во боите на залезот.

Ден 7: Слободен Ден во Агадир

Наутро правиме check out од Хотел, ги оставаме куферите на рецепција и имаме цел ден за да се збогуваме со Маракеш. Трансфер од Хотел до Аеродром околу 18:00.

 

Ден 8: Трансфер од Агадир до Аеродром во Маракеш

Одјавување од Хотел, и слободно време. Попладневен трансфер од Агадир до Аеродромот во Маракеш.

Следни поаѓања

Поаѓање 20.05.2026
Враќање 29.05.2026
Денови 10
Стара Цена 1399 EUR
Цена 1299 EUR
Статус
ПОПОЛНЕТО
Поаѓање 21.06.2026
Враќање 28.05.2026
Денови 8
Стара Цена 1499 EUR
Цена 1199 EUR
Статус
ПОПОЛНЕТО
Поаѓање 04.09.2026
Враќање 11.09.2026
Денови 8
Стара Цена 1299 EUR
Цена 899 EUR
Статус
Последни 6 места
Поаѓање 10.09.2026
Враќање 20.09.2026
Денови 11
Стара Цена 1499 EUR
Цена 1299 EUR
Статус
Слободно
Поаѓање 21.09.2026
Враќање 29.09.2026
Денови 9
Стара Цена 1499 EUR
Цена 1299 EUR
Статус
Слободно

Што е вклучено во цената?

  • Авионски транспорт од Скопје до Маракеш и назад со вклучен 23кг чекиран багаж  + 8кг рачен багаж
  • 6 Ноќевања во 4* хотел во Агадир со вклучено ALL INCLUSIVE
  • 1 Ноќевање во 3* хотел во Маракеш со вклучен појадок
  • Трансфер од аеродром до хотел во Маракеш
  • Трансфер од Хотел во Маракеш до Хотел во Агадир
  • Трансфер од хотел во Агадир до аеродром во Маракеш
  • Лиценциран претставник на дестинација
  • Водич кој го знае Мароко на памет
  • СПЕЦИЈАЛЕН РОАМ АРОУНД МК ПОДАРОК
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ

Што не вклучено во цената?

  • Факултативни Излети (опционално, доколку сакате да посетите нешто повеќе од Мароко)
  • Доплата за еднокреветна соба, доколку патувате соло (500 евра) 
  • Патничко Осигурување
  • Виза за влез во Мароко

Факултативни излети

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Цена: 199 евра

Пакетот факултативни излети го препорачуваме на сите патници кои сакаат максимално да ја истражат оваа дестинација. Се што треба да видите од Мароко на едно место. Истражи го Мароко, посетија пустината Агафај, пливај во Атланскиот океан и восхитувај се на Атлас Планините.

Што е вклучено:

  • Посета на Paradise Valley
  • Посета на Пустината Агафај
  • Прошетка низ Маракеш
  • Посета на Ksar Massa Souss Desert

Корисни информации

Сместување

Valeria Jardins d'Agadir 4*

Сместена само неколку минути пешки од златната плажа во Agadir, оваа  оаза во марокански стил нуди перфектен баланс меѓу релакс и забава. Пространи соби со сопствена тераса, повеќе базени и аква парк за најмалите, како и wellness центар со сауна, хамам и џакузи за тотално релаксирање.🍹🌴 Хотелот има и приватен дел од плажата со лежалки и чадори, тениски терени, фитнес и дневни активности за сите вкусови — идеален за семејства, парови или пријатели кои сакаат сонце, море и chill vibes во Agadir.

Важнa напоменa

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОТРЕБНА Е ВИЗА ЗА ВЛЕЗ ВО МАРОКО! Нашата агенција има посредувачка улога во процесот на визирање, по резервација ќе бидете известени за процесот на визирање. За резрвација е потребна уплата од 300 евра / по лице, а остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање. Во цената е вклучен појадок во хотел. Доколку патувате сами и сакате да бидете во еднокреветна соба се доплаќа дополнителна сума од 299 евра. Доколку патувате сами и не сакате да доплатите дополнително за да бидете сами во соба тогаш по известување ќе бидете сместени во двокреветна соба со друг соло патник. Доколку се согласите да престојувате во двокреветна соба со друг патник, Роам Ароунд МК не одговара за никакви потешкотии за време на нашите авантури. Оваа тура е наменета за сите патници, без разлика на возраста. Во текот на турата нема дополнителна физичка активност или многу пешачење.