НОВА ГОДИНА ВО ЊУЈОРК!

Новогодишно патување кое ќе те потсети на омилените филмови, и дефинитивно ќе го памтиш за цел живот!

Поаѓање

27.12.2026

Враќање:

03.01.2027

Број на денови:

8

Цена од

Сега од

2199 EUR

1899 EUR

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!

Ќе чекориме по најпознатите улици на Менхетен, ќе ги посетиме местата од филмовите Home Alone, ќе го почувствуваме празничниот Њујорк под светлата на Times Square и ќе ја дочекаме Новата година во градот што никогаш не спие.

Њујорк во најмагичниот период од годината, ова е патување кое не смееш да го пропуштиш!

Програма

Ден 1: Поаѓање и пристигнување во Њујорк

По краток состанок на групата на аеродромот во Скопје, поаѓаме за Њујорк. Пристигнуваме истиот ден и се упатуваме кон нашиот хотел.

 

Ден 2: Факултативен Излет: Статуата на Слободата и Ellis Island

Денот го започнуваме со пловење до Статуата на слободата и Ellis Island, а потоа се враќаме во срцето на Менхетен. Ќе застанеме кај легендарниот Charging Bull, ќе прошетаме по Wall Street, ќе ја видиме New York Stock Exchange, а потоа продолжуваме кон 9/11 Memorial и One World Trade Center. Денот го завршуваме на легендарниот Brooklyn Bridge, со поглед кон еден од најпознатите skyline-и во светот. 🗽

Ден 3: Факултативен Излет: Central Park, Times Square, Rockefeller Center

Денес го доживуваме Њујорк баш онака како што сме го гледале на филмовите!

Денот го започнуваме со прошетка низ легендарниот Central Park, а потоа покрај познатиот Plaza Hotel – најпознатиот хотел од филмовите Home Alone! Правиме прошетка низ култната 5th Avenue, која во празничниот период изгледа магично.

Продолжуваме кон St. Patrick’s Cathedral и Rockefeller Center, каде нè очекуваат огромната новогодишна елка, лизгалиштето и една од најпознатите празнични сцени во светот.

Следуваат прекрасниот Grand Central Terminal и Bryant Park Winter Village, со празнични куќички, светилки и вистинска њујоршка зимска атмосфера. А за крај – Times Square! Огромни светлечки билборди, жолти такси возила и енергијата на градот кој никогаш не спие.

Ден 4: Факултативен Излет: Roosevelt Island Tram и Природонаучен Музеј (Гледаме скелети на ВИСТИНСКИ ДИНОСАУРУС)

Денес го откриваме Њујорк од сосема поинаква перспектива! Денот го започнуваме со панорамско возење со жичарата Roosevelt Island Tramway, од каде ќе уживаме во поглед кон Менхетен додека се движиме високо над East River.

Потоа продолжуваме кон легендарниот American Museum of Natural History, познат и како музејот од Night at the Museum. Нè очекуваат огромни скелети од диносауруси, T-Rex, синиот кит, метеорити и неверојатни поставки кои нè носат милиони години назад во времето. 🦖

Ден 5: Факултативен Излет: Дочек на Нова Година на Times Square

Вечерва нè очекува моментот за кој дојдовме во Њујорк, дочек на Новата година во срцето на Менхетен, на легендарниот Times Square! 🗽🎉

Илјадници светилки, огромните билборди, музика, конфети и луѓе од целиот свет создаваат атмосфера која барем еднаш во животот мора да се доживее. Ќе бидеме дел од една од најпознатите новогодишни прослави во светот и заедно ќе ги одбројуваме последните секунди до полноќ.

10… 9… 8… HAPPY NEW YEAR FROM NEW YORK! 🥂✨

Нова година, Manhattan и Times Square, дочек кој дефинитивно нема да го заборавиме! ❤️

Ден 6: Слободен ден во Њујорк

Први Јануари е, одмори од вчера.. 🙂

Ден 7: Одјавување од Хотел и слободно време во Њујорк

Се одјавуваме од хотел и го имаме целиот ден да се поздравиме со градот кој никогаш не спие. Околу 20:00 се упатуваме кон аеродром.

Ден 8: Лет од Њујорк до Скопје

Сo Turkish Airlines се упатуваме кон Скопје, преку Истанбул. Пристигнуваме во Скопје во 19:55.

Следни поаѓања

Поаѓање 27.12.2026
Враќање 03.01.2027
Денови 8
Стара Цена 2199 EUR
Цена 1899 ЕУР
Статус
Early Bird Промоција!

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Њујорк со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Авионски Билет на релација Бангкок-Њујорк со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром во Њујорк до Хотел
  • Oрганизиран Трансфер од Хотел во Њујорк до Аеродром
  • 6 ноќевања во Хотел во Њујорк со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (850 ЕУР )
  • Факултативни Излети
  • Виза за влез во Америка
  • Туристичка Такса за Њујорк, 20eur по лице по ноќ (се плаќа во агенција со доплата на аранжманот)
  • Безбедносен депозит од 100$ по соба за целиот престој кој го наплаќа хотелот при пристигнување и го ослободува по напуштањето на хотелот доколку ништо не е оштетено.

Факултативни излети

Пакет Факултативни Излети - Доживеј го Њујорк како што доликува!

229 EUR / лице

Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.

БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

  1. Статуата на Слободата и Ellis Island
  2. Central Park, Times Square, Rockefeller Center
  3. Roosevelt Island Tram и Природонаучен Музеј (Гледаме скелети на ВИСТИНСКИ ДИНОСАУРУС!)
  4. Дочек на Нова Година на Times Square

Корисни информации

Сместување

Hampton Inn LIC New York by Hilton

Модерен хотел од светски познатиот Hilton ланец, сместен во Long Island City, на само неколку метро станици од срцето на Manhattan. 🗽

Хотелот располага со модерно уредени и комфорни соби, бесплатен Wi-Fi, 24-часовна рецепција и фитнес центар. Секое утро гостите имаат вклучен топол појадок на база на шведска маса, идеален почеток пред цел ден истражување на Њујорк.

Одличната поврзаност со метрото ни овозможува лесно и брзо да стигнуваме до најпознатите знаменитости на Manhattan, а по исполнетите денови да се вратиме во помирниот Long Island City.

Важнa напоменa

За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице, а остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна до 30 дена пред поаѓање на турата. Секој патник мора задолжително да поседува виза за влез во Соединетите Американски Држави. Во случај на недобивање на виза, Агенцијата Роам Ароунд МК не одговара за задржаните средства поради откажување од патувањето. Агенцијата може да посредува со пополнување на апликацијата и онлајн аплицирање.