СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА!
Авантура за сите кои сакаат да го истражуваат светот, да уживаат во локалната култура, храна и тропски егзотични плажи. Посетата на Виетнам е совршен спој на култура, плажирање и откривање на богатата историја на оваа земја.
Нашето патување започнува во срцето на Виетнам – динамичниот Хо Ши Мин, каде ќе ја почувствувате енергијата на еден од најживописните градови во Азија. Ќе шетаме низ автентични улички полни со улична храна, шарени пазари и архитектура со француско влијание. Ќе ги посетиме Ку Чи тунелите – сведоштво за отпорот и историјата на виетнамскиот народ.
Потоа, се упатуваме кон Меконг делта – магичен воден свет на југот од Виетнам со пловечки пазари, тропска природа и автентичен рурален живот. Тука ќе уживаме во традиционално крстарење со чамец, дегустација на свежо тропско овошје и автентичен допир со локалната култура.
Нашата авантура продолжува во тропскиот остров Фу Кок (Phu Quoc) – кој е вистински тропски рај на југот од Виетнам – остров кој комбинира природна убавина, мир и авантура. Со километри долги бели плажи, тиркизно море, палми и шарени зајдисонца, островот нуди совршен бегство од секојдневието. Овде не очекуваат нови возбудливи авантури – прошетка низ јужниот дел на островот, запознавање со локалната култура и возење со најдолгата морска жичара!
Тура што совршено го комбинира духот на Виетнам со уживање под палмите.
Поаѓање од Аеродромот во Скопје. Летаме преку Истанбул со Turkish Airlines.
Пристигнуваме во Хо Ши Мин околу 16:00ч. и со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел во срцето на Хо Ши Мин. Се сместуваме во хотел и имаме слободно време за одмор.
Подгответе се за вистинско урбано доживување! За време на прошетката низ Хо Ши Мин – енергичната метропола на Виетнам – ќе ги откриеме највпечатливите знаменитости и ќе ја почувствуваме пулсирачката душа на градот. Ќе прошетаме покрај француската колонијална архитектура, ќе ја посетиме Катедралата Нотр Дам и старата пошта, а потоа ќе се изгубиме низ шарените улички на пазарчето Бен Тхан, каде што ќе вкусиме вкусна улична храна – топол ‘pho’, ‘banh mi’ во рака и како вистински локалци, ќе пиеме силно виетнамско кафе со лед на ниска пластична столица покрај улица и ќе го доживееме градот како вистински локалци!
После прошетката низ градот, се враќаме назад во хотел. Слободно време за одмор.
Подгответе се за авантура која ќе ве врати назад во времето! Ќе ги истражиме познатите Ку Чи тунели – подземна мрежа долга повеќе од 200 километри, која виетнамските партизани ја користеле како засолниште и база за време на Виетнамската војна. Овие тесни, мистични тунели кријат неверојатни приказни – под земја се наоѓале кујни, болници, училници, па дури и простории за состаноци – сè што било потребно за живот и отпор. Ќе се спуштиме под земја и лично ќе доживееме колку била предизвикувачка секојдневната реалност на борците. За љубителите на историја и автентични искуства – ова е излет кој нема да го заборавите!
По завршување на излетот, враќање во хотел и слободно време.
Доживејте ја магијата на Меконг делта, регионот каде што животот пулсира по вода! Ќе отпловиме со традиционални дрвени чамци низ лавиринт од канали и рекички, опкружени со палми, оризови полиња и насмевки од локалните жители. Ќе го посетиме еден од прочуените пловечки пазари, ќе вкусиме свежо овошје директно од градините, и ќе откриеме како изгледа секојдневниот живот во руралниот Виетнам – тивко, автентично и полно со душа. Ова е излет што ќе ве однесе подалеку од градската врева и ќе ви открие едно сосема поинакво, органско лице на земјата – онаму каде времето навистина запира.
По завршување на излетот, враќање во хотел и слободно време.
Наутро се упатуваме кон аеродромот во Хо Ши Мин и летаме кон тропскиот рај, островот Phu Quoc. По пристигнувањето, следува трансфер до нашето сместување, а потоа слободно време за одмор и уживање на плажа.
Тиркизно море, тропски острови, свежа виетнамска храна и цел ден под сонце. ☀️🌊
Со брод ќе посетиме неколку острови околу Phu Quoc, ќе уживаме во капење, плажи со бел песок и кристално чисто море. 🌴✨
Ден создаден за опуштање, уживање и вистинска тропска атмосфера. 🐚
Слободен ден за уживање на тропскиот рај – Phu Quoc! Искористете го времето за опуштање на белите песочни плажи, капење во кристално чистата вода или истражување на околината. Овој ден е совршен за релакс, коктели под палми и полнење батерии.
Слободен ден за уживање на тропскиот рај – Phu Quoc! Искористете го времето за опуштање на белите песочни плажи, капење во кристално чистата вода или истражување на околината. Овој ден е совршен за релакс, коктели под палми и полнење батерии.
Во попладневните часови, со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Phu Quoc. Од таму со краток локален лет се враќаме назад во градот Хо Ши Мин. Трансфер до нашиот хотел во центарот на градот каде што преноќуваме.
Во утринските часови се упатуваме кон аеродромот во Хо Ши Мин и летаме назад кон Софија. Летовите се преку Истанбул, со Turkish Airlines. Откако ќе слетаме во Софија, со организиран трансфер се упатуваме кон Скопје. Пристигнуваме во Скопје после полноќ, околу 02:00ч.
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
Доколку сакате вистински да го доживеете духот на Виетнам, нашиот пакет со факултативни излети е вистинскиот избор. Ќе ги посетите највпечатливите локации, ќе пробате локална храна, ќе се запознаете со културата, природата и секојдневието – без да се грижите за ништо. Ние се грижиме за организацијата, вие уживајте во авантурата!
Во цената се вклучени:
Подгответе се за вистинско урбано доживување!
За време на прошетката низ Хо Ши Мин – енергичната метропола на Виетнам – ќе ги откриеме највпечатливите знаменитости и ќе ја почувствуваме пулсирачката душа на градот. Ќе прошетаме покрај француската колонијална архитектура, ќе ја посетиме Катедралата Нотр Дам и старата пошта, а потоа ќе се изгубиме низ шарените улички на пазарчето Бен Тхан, каде што ќе вкусиме вкусна улична храна – топол ‘pho’, ‘banh mi’ во рака и како вистински локалци, ќе пиеме силно виетнамско кафе со лед на ниска пластична столица покрај улица и ќе го доживееме градот како вистински локалци!
Авантура која ќе ве врати назад во времето!
Ќе ги истражиме познатите Ку Чи тунели – подземна мрежа долга повеќе од 200 километри, која виетнамските партизани ја користеле како засолниште и база за време на Виетнамската војна. Овие тесни, мистични тунели кријат неверојатни приказни – под земја се наоѓале кујни, болници, училници, па дури и простории за состаноци – сè што било потребно за живот и отпор. Ќе се спуштиме под земја и лично ќе доживееме колку била предизвикувачка секојдневната реалност на борците. За љубителите на историја и автентични искуства – ова е излет кој нема да го заборавите!
Доживејте ја магијата на Меконг Делта, регионот каде што животот пулсира по вода! Ќе отпловиме со традиционални дрвени чамци низ лавиринт од канали и рекички, опкружени со палми, оризови полиња и насмевки од локалните жители. Ќе го посетиме еден од прочуените пловечки пазари, ќе вкусиме свежо овошје директно од градините, и ќе откриеме како изгледа секојдневниот живот во руралниот Виетнам – тивко, автентично и полно со душа. Ова е излет што ќе ве однесе подалеку од градската врева и ќе ви открие едно сосема поинакво, органско лице на земјата – онаму каде времето навистина запира.
Тиркизно море, тропски острови, свежа виетнамска храна и цел ден под сонце. ☀️🌊
Со брод ќе посетиме неколку острови околу Phu Quoc, ќе уживаме во капење, плажи со бел песок и кристално чисто море. 🌴✨
Ден создаден за опуштање, уживање и вистинска тропска атмосфера. 🐚
Rosa Zen Hotel & Spa – во срцето на Хо Ши Мин!
Сместен на неколку чекори од легендарниот пазар Бен Тан, улицата Буи Виен и историските знаменитости на градот, Rosa Zen е идеалното место за одмор по ден полн со авантури.
Уживајте во удобни соби со клима, бесплатен Wi‑Fi и модерен дизајн. Секое утро ве чека свеж и вкусен појадок, а по напорниот ден – опуштете се во нивниот сопствен спа-центар.
Совршен баланс меѓу градска енергија и мир. Rosa Zen е повеќе од хотел – тоа е ваша урбана оаза во Виетнам!
Луксузен хотел со 4 ѕвезди сместен во близина на плажа на островот Phu Quoc. 🌴🌊
Хотелот располага со rooftop базен, ресторан, фитнес центар и пространи соби со модерен ентериер и прекрасен поглед кон градот или морето. Во близина се наоѓаат ресторани, продавници и night market атмосферата по која е познат островот. ✨