Африка во најдобро издание!

Овде времето тече поле поле, а џамбо џамбо ќе ти стане навика! Добредојде на ретките места од светот, каде што никој никаде не брза.

Поаѓање

06.01.2027

Враќање:

14.01.2027

Број на денови:

9

Цена од

Сега од

1799 EUR

1599 EUR

Moжност за плаќање на рати! ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА!

„Pole pole“  полека, без брзање. 🤍
„Jambo jambo“  така ве поздравуваат локалците со насмевка уште од првиот ден. ☀️

Во Занзибар животот тече поспоро. Деновите поминуваат помеѓу палми, тиркизно море, свежо овошје и долги зајдисонца покрај океан. 🌊✨

Овде се наоѓаат и едни од најубавите плажи во светот – долги бели песочни плажи и кристално чист Индиски Океан што изгледа нереално во живо. 🐚

Место каде се заборава на брзањето и едноставно се ужива во секој момент. 🌴

Програма

Ден 1: Поаѓање од Аеродромот во Скопје

Поаѓање од Аеродромот во Скопје во 08:35, преку Истанбул летаме до Занзибар.

Ден 2: Пристигнување на Занзибар - БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: Прошетка низ Паџе

Пристигнуваме на Занзибар во раните утрински часови, се упатуваме кон хотелот во Паџе и одмараме!

Ден 3: Факултативен Излет: Посета на плажата Мтенде

Скриена меѓу високи карпи на јужниот брег на Занзибар, Мтенде е една од оние плажи што изгледаат како да не се вистински. 🌊 Тиркизна вода, бел песок и неверојатна природна сценографија, совршено место за пливање, уживање и еден тон добри фотки!

Ден 4: Факултативен Излет: Blue Lagoon, The Rock Restaurant и Kae Funk

Тиркизно море, палми и места што изгледаат како од филм. ✨

Blue Lagoon е едно од најубавите места за капење и нуркање на Занзибар 🐠, додека The Rock Restaurant,  ресторанот сред океан е едно од најфотографираните места на островот. 🌊🍴

Потоа следува Kae Funk, место познато по добрата атмосфера, музика, коктели и зајдисонцата покрај океан. 🌅🌴

Совршен ден исполнет со море, сонце и вистинска островска атмосфера. ☀️

Ден 5: Факултативен Излет: Посета на фарма за зачини + трансфер до Кендва

Занзибар неслучајно го носи прекарот „Островот на зачините“! 🌴

Ќе посетиме традиционална фарма со зачини, каде одблиску ќе видиме како растат ванила, цимет, каранфилче, морско оревче, кардамон, бибер и бројни тропски овошја. Ќе имаме можност да ги помирисаме и пробаме директно од природата, а локалните водичи ќе ни откријат како се одгледуваат и за што традиционално се користат.

Тропски вкусови, неверојатни мириси и едно сосема поинакво искуство кое ќе ни ја открие автентичната страна на Занзибар. 🌿🥥

На крајот на денот се селиме во Кендва, вториот дел од нашиот одмор.

Ден 6: Факултативен Излет: Посета на Turtle Sanctuary

Едно од најслатките и најпосебните искуства на Занзибар, блиска средба со огромни морски желки во природна лагуна со тиркизна вода. 🌊✨

Ќе имаме можност да ги видиме одблиску, да ги нахраниме и да уживаме во мирната тропска атмосфера опкружени со палми и природа. 🌴

Место што изгледа мирно, егзотично и нереално убаво во живо. 🐢☀️

Ден 7: Факултативен Излет: Посета на Stone Town и песочниот насип Накупенда

Ќе прошетаме низ Stone Town, стариот дел на Занзибар исполнет со тесни улички, локални пазари и мирис на зачини на секој чекор. ✨

Потоа следува Nakupenda, песочен остров сред Индискиот Океан со тиркизна вода и бел песок што изгледа како од разгледница. 🌊☀️

Место создадено за капење, уживање и фотки што изгледаат нереално. 🐚🌴

Ден 8: Слободен ден во Кендва

Слободен Ден во Кендва. Пливаме во океанот и уживаме! Собите си ги имаме се до 23:00, тогаш се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Аеродромот на Занзибар!

Ден 9: Поаѓање кон Скопје

Се качуваме во авион до Истанбул во 03:30 , пристигнуваме во Скопје околу 19:30 часот.

Следни поаѓања

Поаѓање 03.01.2027
Враќање 11.01.2027
Денови 9
Стара Цена 1799 EUR
Цена 999 EUR
Статус
Early Bird Промоција!
Поаѓање 06.01.2027
Враќање 14.01.2027
Денови 9
Стара Цена 1799 EUR
Цена 999 EUR
Статус
Early Bird Промоција

Што е вклучено во цената?

Во цената е вклучено:

  • Авионски Билет на релација Скопје-Истанбул-Занзибар со вклучен 30кг чекиран багаж и 8кг рачен багаж со Turkish Airlines
  • Oрганизиран Трансфер од Аеродром на Занзибар до Паџе
  • Организиран  Трансфер од  Паџе до Кендва
  • Организиран Трансфер од Кендва до Аеродром на Занзибар
  • 4 ноќевања  во Паџе со вклучен појадок
  • 4 ноќевања во Кендва со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Специјален Роам Ароунд МК Пакет
  • БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!
  • БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ПРОШЕТКА НИЗ ПАЏЕ!

Што не вклучено во цената?

Во цената не е вклучено:

  • Патничко Осигурување
  • Виза за влез на Занзибар, се вади на пристигнување ( 50 USD )
  • Travel Insurance задолжителен за влез на Занзибар ( 44 USD )
  • Факултативни Излети
  • Доплата за еднокреветна соба ( 399 ЕУР )
  • Туристичка такса за Занзибар 2евра / лице по ноќ ( се доплаќа во агенција со доплата на аранжманот )

Факултативни излети

Пакет Факултативни Излети - Се што треба да видиш од Занзибар

250 EUR / лице

Во овој пакет од излети ви се вклучени сите трансфери, лиценциран локален водич, лиценциран придружник, сите влезници за сите места кои се посетуваат.

БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

  1. Stone Town + песочен насип Накупенда
  2. Blue Lagoon, Kae Funk и The Rock Restaurant
  3. Посета на Turtle Sanctuary
  4. Посета на Плажата Мтенде
  5. Посета на Фарма со Зачини

Корисни информации

Сместување

Summer Beach Paje

Тропско сместување на одлична локација во Paje, директно покрај прекрасната бела плажа и тиркизните води на Индискиот Океан. 🌊

Summer Beach Paje нуди опуштена островска атмосфера, ресторан и простор за уживање покрај море, а во непосредна близина се бројните beach барови, ресторани и места по кои Paje е познат. Одличен избор за оние кои сакаат комбинација од плажа, релаксација и живата атмосфера на Paje. 🌴✨

Mocco Beach Villa

Прекрасно beachfront сместување во Kendwa, на еден од најубавите делови од Занзибар. Mocco Beach Villa се наоѓа директно покрај белата песочна плажа и тиркизниот Индиски Океан, идеално за вистински тропски одмор. 🌊🥥

Kendwa е позната по мирното море и плажата на која може да се ужива во текот на целиот ден, без големото влијание на плимата и осеката. Во близина има ресторани и beach барови, а вечерите се резервирани за едни од најубавите зајдисонца на островот. 🌅

Важнa напоменa

За резервација на вашето место се уплаќа 300 евра по лице на жиро-сметка. Секој патник е должен сам да си аплицира и да поседува патничко осигурување. Понесете со себе основни лекарства (пробиотик, аналгетици, фервекс, и слично).